Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

M

MIL

Гостин
Tonam vo bezdna , disham na shkrgi, dlaboko vo sebe pagam a fizicki ojacuvammm stanuvam golemo covece za tebe da za tebe , no za koj ???? Zaso vaka da mi vrakas sudbina je bilo prezivecu ovaj brodolom
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.027
Поени од реакции
2.026
Милион пати почнував да пишувам нешто тука и милион пати отерав се у п.м... Овој пат, не. Помина точно една година, до ден денешен.Една чудна година, исполнета со се и сешто, но сепак празна. Празна како што беше празен мојот живот, додека не влезе ти. Со тебе ја поминав единствената година во која што бев навистина среќен, без оглед на сите проблеми и глупости. Како можеше да трпиш ѓубре како мене? Тогаш не бев свесен, но сега сум... јас не те заслужувам. Сега се е суштинско... ниту со една друга не се чувствував како со тебе. Ниту за една друга не копнеев да ја видам, како што копнеев за тебе. Секоја вечер се преколнувам себеси за солзите што дозволив да ги пролееш заради мене, затоа што бев идиот. Уште неколку дена и конечно ќе бидам пак со моите пријатели, дома, со своите. Поминав прекрасно лето, не можам да се жалам. Сон ми беше да заминам на некое место каде што никој не ме познава, да почнам од нула, да докажам и себеси и на другите дека можам многу... и успеав во тоа. Девојки, другари, забави, прошетки... штета што се се сведуваше на моментално задоволство. Ми недостига тоа вистинското... и никогаш повеќе нема да го имам. Некој се чувствува посебно ако го посети Лас Вегас, некој ако добие на лото, а некој ако спие со 3 девојки одеднаш... јас се чувствував посебно ако успеев да измамам насмевка на твоето лице. Знам дека така нема да се чувствувам никогаш повеќе... Да. Доста е. Уморен сум. Бладам глупости... имам толку многу работи да кажам, а немам кому. Да, точно една година откако те бакнав за последен пат. Среќен роденден...
 
Член од
1 ноември 2012
Мислења
35
Поени од реакции
40
Колку повеќе сакам да те заборавам, толку повеќе наоѓаш начини да допреш до мене.. и знам дека е за мој инат сето тоа, но од толку машки на планетава со еден од најдобрите другари ли почна да флертуваш? Искрено, не мислев дека ќе паднеш до толку ниско.. ама ако, сега всушност си го покажуваш правото лице..
 
Член од
9 јануари 2013
Мислења
619
Поени од реакции
466
премногу ми недостигаш, ми недостига твојот сладок глас ... иако твоето однесување ме косе и се нервирам многу барем кажи ми зошто си таков? зошто така се однесуваш? која е причината, така одеднаш како гром од ведро небо да смениш однесување и да ме игнорираш??? ТЕ МОЛАМ попушти и да разговараме барем да ми кажеш зошто си налутен, не е фер вака што ми правиш барем кажи ми ти се лутам поради тоа и тоа ...сети се на твоите зборови за молчењето е сега дури ми одговараат баш како што ми го објасна напишаното е сега се чувствувам така оти незнам на што се должи игнорирањето .
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Океј, разбирам дека ептен сме се нашле и сме како нарачани еден за друг, иаме безброј заеднички работи, ама мораа ли баш и денот на одбрана на дипломската да ми го закажат на ист датум кога и ти дипломираше? Датумот никогаш нема да е посебен само за мене, ќе се фалиш на децата дека на ист датум иаме дипломирано, само јас година покасно. Jerk. <3
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Кога те гледам,кога ја гледам таа твоја убавина се растопувам како снегулка.Кога ги допирам тие твои усни на се заборавам.
Душо моја па ти си она вистинското...Oна кое ми беше потребното сиве овие години.
Те сакам.И не само тоа...Ти си моето прибежиште,ти си она најдоброто кое ми се случило...Еј,пресрекна сум убавецу...И остани каков што си и сега.Ти благодарам за прекрасниот ден...Аммм...Ми се допага твојот дуксер :icon_mrgr:
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Појма немаш колку ми е криво... А допрва и дупло повеќе ќе ми биде:facepalm:
 

Memento Mori

Yeah science, bitch!
Член од
24 август 2009
Мислења
1.132
Поени од реакции
1.562
Сакам само да ти кажам дека колку и да се преправам уште ме боли после 3 месеци што све заврши вака ама барем јас убаво знам дека се е пролазно па така и чувствово нели? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom