Мислев дека вечерва ќе бидиме само јас и ти... како секогаш во некоја магија како само јас и ти да стоиме во пурпурна светлина околу нас, со мали ѕвездички кои го прават моментот, неверојатен. Мислев дека тие ѕвездички ќе ги осветлуваат усните кои копнеат да ги навлажнат другите .. Мислев дека само ти ќе можеш да ми го промениш расположението. Се облеков онака како што ти сакаш...се смеев на начинот на кој ти сакаш, ја носев косата на страна, како што ти сакаш, пробав да ти ја чешкам раката ама ти не примети..само се потргна. Ако мислиш дека тоа не погаѓа во срце.. браво.
Знаеш како е кога го чекаш тој саат кога сивите облаци треба да ги тргне силниот ветер, а тој ветер си ти, А место тоа тој ти донесе само бура? Ете така беше и сега..Знаеш како е кога се го гледаш како во чад? Иако се не се средило ти пробуваш со една насмевка да го исправиш своето тмурно време, но ветрот не дозволува да се случи тоа..
Искрено сум мислела и сум пробала МИЛИОН начини како да ти докажам дека барем се е океј во врската? А ти со едно просто прашање, " бидеќи сите други правеле така" ми ја уништуваш надежта за доброто?
На МИЛИОН начини сум ти кажала дека те сакам најмногу, и дека никој и ништо нема да ме тргне од мене.. А ти со глупости..... незнам што да кажам, со глупости ми уништуваш надеш.
Еве сега повторно ти кажувам, ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ, НИКОЈ НЕМА ДА МЕ РАЗДЕЛИ ОД ТЕБЕ..
Друг начин не остана, освен и овде да пишам така..
Па сега размисли дали јас сум како таа, дали таа плачеше кога тебе не ти беше добро, или се задоволуваше со други.
Изгледа не знаеш како е да сакаш со моето срце, незнае како еден поглед на страна, кон друг, ме прави да се чуствувам валкано...
Само тебе едно валкано срце одамна ти ги заматило мислите за тоа што е вистинска љубов.. незнам кога ќе помини ова и колку ќе издржам. Но само да ти кажам... Те сакам. <3