Ако еден ден чувствуваш дека ти се
плаче...Побарај ме. Не ветувам дека ќе направам да се смееш...Но
можам да плачам со тебе.
-Ако еден ден посакаш да заминеш далеку...Не се плаши да
ме побараш. Не ти ветувам дека ќе те натерам да застанеш...Но можам
да заминам со тебе.
-Ако еден ден не сакаш да слушаш
никого; Јави ми се... Ветувам дека ќе бидам тивок.
-Но... Кога еден ден ќе
ми се јавиш и нема да добиеш одговор... Дојди побрзо да ме видиш...
Веројатно ти сум потребен.
Ќе ми простиш ли, што не сум сигурeн,
дали, ете, ќе остареме заедно
и дали на брчките околу очите
ќе ни бидат запишани
слатките приказни од младоста?
Се грбавам,
ми тежи вината што ја носам,
и сите нејзини додатоци што доаѓаат бесплатно.
Се тресам,
затоа што си ми единица мерка за топлина,
за живот среќен,
за се.
Создадов за тебе
чудесен свет од илузии.Го закитив со соништа и осветлив со надеж.Исплетов мрежа од желби,ја оставив пред портите,и го фрлив клопчето да се тркала до тебе, да ти го покаже патот.
А ти . . .
Ти го пречекори и замина..
Таа беше најубавата
девојка на светот,
а никогаш не и го реков тоа.
Го бев кажал на сите останати,
но таа, таа беше преубава,
за тој преобичен епитет...
Смешен е начинот
на кој се лажам себе си,
дека во оваа
тетратка на порази,
ти го запишав името
со ситни буквички.
Таму лебдиш среде
едно неосвоено небо
од детството,
...ресичките од мојот
искинат змеј
ти ги скокоткаат
подочниците,
и ти постоиш така цврсто...
како конечно освоена цитадела
од која моите стрели
сепак не можат да се откажат.
Се сетив дека никогаш не сум
го видел мојот одраз
во огледало до твојот,
се сетив дека
читајќи го утринскиот весник,
милион пати несвесно
сум го кажал името
со кое сега ме чекаат мугрите...
се сетив дека пет минути пред тебе
сум чекал автобус на иста станица...
и миг по тебе сум ја разлистал
истата книга во истата книжарница...
...се сетив дека сум им давал душа
на многу сенки пред тебе...
Ниедна не стана ти...
Не знаеш како ми беше.
Не знаеше како е да те боли секој мускул од телото додека се напрегаш да не се расплачеш пред оној кој тоа најмалку го заслужува.
Не можеше да ја почуствуваш мојата болка додека се трудев солзите да не ми го размачкаат по очите остатокот од маскарата...
Колку и да се трудеше да покажеш дека ти значам, твојата оддалеченост и твоето студенило беа насекаде околу мене.
Колку и да се обидував да се лажам себеси дека она што го имаме е совршено, еден мал, минимален дел од мене секогаш знаеше дека ти не си дојден за да останеш.
Случаен минувач кој прашувајќи за насока, се задржа малку повеќе од планираното.
Не требаше да ти дозволам да останеш но ете. Ме понесе идеалот. Она што мислев дека е идеално.
Боже, колку бев далеку од идеал! Погрешна слика за реалноста. Гледав единство од бои и тонови кои сепак постоеле само во мојата глава.
Му верував на срцето. По ѓаволите, секогаш така правам!
Кога беше ти во прашање јас газев преку сите свои принципи и дозволував се.
До кога? ...Можеби ќе поминат месеци, можеби и години, но мене времето веќе ништо не ми значи: часовникот ми запре една априлска ноќ. Те барам и порано или подоцна ќе те најдам. Тогаш ќе поразговараме. Зошто сега, конечно, имам толку многу да ти кажувам...