Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

I

Intex

Гостин
Ах, Пипи, побарај ме!

У пичку матер, зарем толку не можеш да сфатиш некои работи? Зарем толку немаш храброст за некои работи?
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Иако не го надминавме проблемот, иако бевме и на триста места заради тоа и ништо не помогна, знај дека никогаш нема да те заборавам и прекрасните моменти кои ги поминавме заедно. Знам што е завист, и знаев дека тешко ќе излеземе од ова, ама сепак јас бев тој што те охрабруваше и дека се ќе помине, а знаевме дека тешко ќе се случи тоа. И имај убав живот во Букурешт и се надевам дека пак еден ден ќе сретнеме, ќе се изнамуабетиме како што знаеме ние и дека ќе го надминеш тоа.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Пардон на вулгарност однапред.

А шо не стаеш слика како му го пушиш...така ја ти гарантирам дека ќе ми биде криво што те нареков неизебана провинциска курва и еве јавно ќе ти се извинам пред сите и ќе побарам мене да ми го испушуш. Може така?
Ебате тоа женски памет недоделкан :pos:
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Шо знам шо би кажал ???....моментално исклучен сум и не би можел да пишувам но затоа само ќе ја постирам оваа песна каде што од прв до последен збор убаво кажува.

 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Човек се навикнува на осаменоста. Со тек на време, сфаќаш дека никому не си му потребен. Дека си сам, дека не можеш да се “радујеш у двоје“ што би рекле Србите. Но, понекогаш е тешко. Тешко е кога знам дека никому не сум му важна, тешко е што нема кој да ми се јави или да ми прати порака само затоа што помислил на мене. Тешко ми е што немам со кој да прошетам во парк и со кој како мали деца ќе се закачаме. Тешко ми е што нема кој да ме држи за рака, тешко ми е јас сум само попатна станица, но не и дестинација. Тешко ми е што на никој не му недостигам, што не мисли на мене...
Најтешко ми е што имам толку љубов во мене да дадам, а немам на кого, затоа што сите ја отфрлаат. Тешко ми е што не знам какво е чувството некој да те сака најискрено и од срце, ама затоа добро знам како е да ти симнуваат ѕвезди и лажни зборови кои се празни и без суштина. Знам како е да ти раскажуваат приказни за мали деца, а уште потешко е што јас како наивно дете, сакајќи да верувам дека еднаш, барем еднаш се искрени, верувам и паѓам на тие приказни.
Тешко ми е што немам на кого да ја потпрам главата. Тешко ми е што немам со кого да отидам во слаткарница и да делиме тулумба.
Тешко ми е што не можам веќе да се тешам дека кога-тогаш љубовта ќе дојде, тешко ми е што не можам на глас да се изнаплачам како човек, затоа што се навикнав на тежината.
Тешко ми е кога ќе помислам дека нема никогаш да најдам љубов, дека нема да остарам покрај љубовта на мојот живот. Тешко ми е што бев секогаш подготвена да се променам, да бидам подобра, да се замарам да им е убаво, а никој не се потруди за мене.
Тешко ми е што знам дека сум само еден избледен спомен, дека не сум човек кој лесно го паметат и дека секогаш кога ќе го завртат грбот не се ни прашуваат дали сум жива и дали сум добро. Едноставно ме забораваат.
Тешко ми е што од петни жили се обидувам да бидам позитивна и да велам дека ете, љубовта е зад аголот, ама ја нема.
Тешко ми е што ми е празна душата, што ми ја исцицаа позитивната енергија и мојата способност најискрено и длабоко да верувам во љубовта.
Секогаш ќе се борам за љубовта, секогаш ќе ја бранам. Знам дека постои, ама знам дека и голема е можноста јас да не ја почувствувам.
Единствено нешто што некогаш сум посакувала е љубов. Единствено. Ни патувања, ни шетања, ни журки, ништо. Единствено нешто што искрено сум посакувала е љубов. Но, каде е?
Не можам да поверувам како е возможно толку да се зафркнувам. Како е возможно да имам толку добра интуиција кога се работи за други луѓе, а за мене така лесно да за зафркнувам. Можеби премногу сакам да верувам во доброто на луѓето, да го извлечам максимумот. Но, лошото е што не го заслужиле тоа, а јас си ги лечам раните.
Тешко ми е. Претешко.
Ама како што реков, со тек на време, човек се навикнува на болката. Па, мислам дека не би знаела како да бидам среќна со некого или еднаш, еднаш да не бидам малер во љубов. Не би го знаела тоа чувство. Би ми било чудно. Веројатно тогаш би настанала апокалипса. Ама човештвото не мора да се плаши, јас љубов сигурно нема да најдам, така да светот е безбеден сега за сега.
Добро е, барем со тек на време се навикнуваш. Лошото е што при секое наредно повредување, не чувствуваш болка. Едноставно се смееш и прашуваш на глас: До кога?
Затоа ми е криво кога луѓето си ги прокоцкуваат шансите за среќа, за љубов. Некои го немале тој луксуз ни да ја почувствуваат.
Ајде, па нема за што да се жали.
Не се сите родени за да бидат сакани.

Само тогаш кога луѓето ќе бидат искрени со своите чувства и внимателни со туѓите, само тогаш ќе живееме во убав свет. Во спротивно, ова нема смисла. Ова веќе не е живеење, ова е постоење.

Не знам да играм игри, не знам да ставам маски. Јас сум јас. И секогаш ризикувам и да бидам најдосадна, ама тоа сум јас. Не можам да бидам друга. Не знам. Јас сум единствено каква што знам да бидам, можеби сум и досадна, неинтересна, филозоф, ама не знам поинаку да живеам.

И можеби не сум достојна за љубов. Не знам, кој може да знае...

Затоа, не треба да цмиздрат луѓето како се расправале со партнерот. Ако ништо друго имаат некој кој се грижи за нив, макар и најдосаден на светот.
Некои, се патетични и пишуваат вакви постови затоа што просто се осамени и тажни.

Ќе биде се во ред. Еден ден. Сончев ден.
Знам дека ќе биде.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Во одредени моменти помислувам дека нашето постоење се должи на некој кармички долг и дека со "нас" го исплаќаме долгот. Понекогаш мислам дека сме само сон... Па да, ние сме само сон, кога сме биле реални? Ти секогаш успеваш да се кренеш назад, јас исто, а тоа го правиме одвоено. Во последно време немам способност да чувствувам онака како порано, а сепак не можам да се откажам. Излегува дека најдобро е кога разговараме само за глупости, затоа за секој разговор се осеќам како да одам по минско поле и некако секогаш успевам да згазам кај што не треба, а ти не ме поштедуваш со реакцијата. Некогаш едноставно не можам, не знам да се справам.
Ајде... Ти само спиј, за тебе друг нека сонува... Јас те сакам и знам дека ќе те сакам во следните пет до седум животи, и знам дека и ти ме сакаш и тоа нема да се смени. Само, што со тоа? Карма, зае*ана работа.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Мислев дека никогаш ова нема да го изговорам ама ТЕ МРАЗАМ!!! Не сакам ништо повеќе со тебе! подобро ќе останам сама одколку да се нервирам со некој слепец како тебе!
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.293
Поени од реакции
7.015
Вака сеа...знам дека бев идиотот цело време,дека те повредував,дека си многу навредена од мене. Знам и искрено се каам. Знам дека уште ме сакаш,дека уште имаш чувства длабоко во себе,ама не сакаш да признаеш,страв ти е да не продолжам да се однесувам на истиот начин како шо се однесував пред тоа. Еее...кога ќе изгубиш некој ќе сватиш уствари колку ти значел. Истото важи и кај мене. Не те ценев, бев љубоморен,те повредував и мислев дека нема да дојде овој ден никогаш,денот кога ти ќе ме оставиш. Дојде...Искрено,незнам што понатаму. Празни ми се деновите без тебе. Кога нема да ти се јавам,кога нема да се глупираме преку телефон,кога нема да ти кажам те сакам...Искрено се надевам дека ќе си го промениш мислењето,ако го прочиташ ова-ветувам дека ќе се сменам и нема да бидам стариот. Ако не-ми останува само да ти посакам среќа и следниот да те сака и да те почитува повеќе од мене
 
Член од
22 јануари 2012
Мислења
76
Поени од реакции
23
v=r77ChPPrWcIMislev deka ti si taa... princezata.... sovrsenata.... mislev deka ti si devojkata od mojte snista... se duri ne me povredi..mislev deka ke te imam zasekogas, samo za mene..Pominuvajki niz zivotot svativ deka treba sam da se boram za se sto sakam, i sekogas i go pravev toa..ali so tebe e poinaku..nema ni edna edinstvena rabota koja me tera da se boram da te zadrzam, iako te sakam.... sakam da ti kazam odi si od mojot zivot, no ne mozam te sakam..:/ Svativ deka sekoj pominat den so tebe e uste pogolema bolka za mene, no znam deka sekoj tvoj den pominat bez mene ke bide uste pogolema bolka za tebe.....znam deka za mene ti si taa vistinskata, no rabotite koi te povredile ponekogas e podobro da gi ostavis da zaminat, namesto vecno da patis...prostuvanjeto e lesno, no ne i zaboravanjeto...te sakam..... ::(:(
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
ми фалиш оваа ноќ..овие недели..цел живот си ми фалела..кажи ми како да заспијам? постојано те чекам тука..за една твоја буква би преседувал на ова загушливо местенце и би читал туѓи глупости(претежно) 25/7..пиши ми те молам..една буква само од која ми запира пулсот кога ќе се појави „црвеното“ известување од твојата порака..посакувам да ти недостигам..барем малку..колку да истресиш една буква..една мала буквичка што ќе ме држи до наредната седмица..
зошто те нема? да не имаш некој проблем душичке? кажи ми те молам:( зошто ништо не ми кажуваш? како пријател ако ништо повеќе..ништо повеќе..како пријател..
нема да сфатиш дека ти се обраќам тебе, знам..и поарно што нема да сфатиш..инаку би те изгубил:( не сфаќај те молам, немој! или не кажувај ми дека си сфатила, преправај се како јас што се преправам кога ти кажувам „чао, се гледаме;)“, а всушност те молам да останеш:(
дојди..
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Не верувам во љубов, не верувам во ништо повеќе. Изгубив секаква смисла за живот без тебе... Ги поминав најубавите моменти во животов со тебе и дојде крајот, а Шеќер?
Дојде крајот, а јас уште не сум свесен и не знам што да правам понатака... Дали уствари имам сила да продолжам понатака не знам ни самиот.
Ти дадов се што можев да ти дадам сигурен сум дека тоа го знаеш, а во мене ќе останат само убавите спомени поминати заедно.

Те сакам, Б
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.293
Поени од реакции
7.015
Мислам дека дефинитивно треба да ставиме крај...Знаеш,она со пријателството и некако не ми одговара многу. Шо друго да ти кажам...Ми беше мило шо поминаме 8 месеци заедно,8 ПРЕКРАСНИ месеци,јбг заебав многу у последно време ама тоа беше од шо не сакав да те изгубам. Дефинитивно завршивме,ако ти треба некогаш некој да те ислуша,рамо за плачење и останато,знај дека секогаш ќе бидам тука за тебе. Не ми е сеедно,ама вака е најдобро. Те сакам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom