Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Во моментов се чувствувам дека сум белиот и сум на потег, при следнава поставеност на шаховската табла:



и сакам да кажам: „Вредеа сите жртви!“
 
С

Сатори

Гостин
Ние сме инструментариум на сетилни желби и стимулација.
Комплетно различни во суштината на работите, ти си како Марк Дарси, а јас сум лоша мешавина на постмодернизам и конформизам. Ти си толку висок, а јас сум толку ниска. :)
И додека го пишувам постов, веројатно минимум 20 пати го избришав и го почнав повторно, а јас вообичаено немам трема и ... имам само еден генерален заклучок, that we'll make this work.
Ова е, ова е чудесен, чудесен свет. :)
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Зад овие десет дена поминавме низ разни работи, но, сепак нека ти е едно јасно дека нема да те оставам сама на цедило!

п.с

Сакам сами да сме ние
кога градот спие кога градот спие
далеку од сите
ноќта да не скрие
кога градот спие кога градот спие
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.087
И сеа што доби со тој инат? Патување во Тајланд? Веќе не ме нервираш со тој твој инат да знаеш напротив испаѓаш смешна. Како малечко детенце тераш инат, а најсмешно од се е што не постигнуваш ништо туку едноставно губиш.
Одсекогаш сум се прашувал од каде толкава количина на инат во тебе? Ти кажав денес дека штета е што си проклет лав во тој проклет хороскоп, а најтрагично е што можеш да бидеш сосема поинаква девојка само што инатот не ти го дозволува тоа. Инатот и да не ја заборавиме и гордоста не ти дозволуваат да се препуштиш во убавините на животот и во сочните прегратките на љубовта да знаеш и заради тоа ќе изгубиш многу...
Па добро бе пизда му материна има ли начин да се смениш веќе еднаш? Има ли начин малце да се спуштиш на земја да видиш кај си и што правиш? Ха, изгледа дека само се залажувам така? Штета стварно штета што толку не можеш да видиш дека губиш!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не ми се верува каква горчина остави во мене. Не можам да си поверувам. Јас сум насмеана девојка, најчесто ме опишуваат како позитивна, на моменти детинеста, се радува на се и сешто, на најмала ситница, се радува затоа што видела мало дете како се смее. Сега кога ќе видам мало дете како се смее, ми се насолзуваат очите, ми се плаче, затоа што сакам да сум јас тоа дете. Табула раса, без горки спомени... Секогаш сум инсистирала дека нема ништо поубаво од таа детска наивност, дури и јас ја поседувам во голема мера... Но, таа детска наивност скапо ме чинеше. Не ми се верува дека паднав на тие зборови, ми се повраќа кога ќе помислам дека сум ти дозволила да ме бакнеш. Нема да ти дозволам да ми ја убиеш вербата дека некаде таму, постои дечко кој вреди, кој ќе ме третира како заслужувам. Ни повеќе, ни помалце. Онолку колку што ќе му дадам емотивно, толку и тој на мене. Доста се трошев на испумпани балони, цинични егоисти, кои наводно од сите се претставени како “луѓе на место“, но такви се само за пред јавност, за да ги потапшаат по рамо, а во суштина само прават нив како им одговара на газот и откако ќе достигнат одредена цел, веќе не се замараат. Емотивни вампири. Премногу добро го знам тој вид. А ти беше врвот. Но, од претходните не ми се повраќа. Од претходните имам само по некоја солза и горчлив спомен. Од тебе ми се повраќа. Волк во јагнешка кожа. Убаво рекле, не им верувај на фините, тие најфино ќе те заебат. А ти, ти си педер. Не, не во смисол на хомосексуалец, туку си прав педер. Во душа. Тебе ти е убаво на душичката, којзнае колку си се смеел на моја сметка. Не ти мрда левата трепка од десното око. Затоа што си ѓубре. Нема да барам кармата да си го заврши своето, затоа што не вреди. Дупката и болката во дијафрагмата, нема ништо да ја пополни. Нема да велам, се се врти, се се враќа. Нема да те опцујам, иако заслужуваш. Не сум таква личност. Похрабра сум од тебе, иако сум слаба. Поголем човек сум од тебе. Ти си едно површно човече, во кое не знам како не го препознав цинизмот и желбата да се искористи. Само ќе ти кажам да ти служи на чест, се надевам никогаш нема да се почувствуваш како што се чувствував јас изминативе неколку месеци... Кога ќе помислам на тебе, само нервоза ме фаќа. Толку негативна енергија осеќам кога ќе ми текне на тебе...
Велат кога ќе се случи нешто, памети ги само убавите моменти. Некогаш не можеш тоа да го правиш, затоа што знаеш дека се било лицемерие и ништо не било искрено.
И не, јас нема да глумам дека се е ок. НЕ сум ок. Не сум добро. Но, ќе бидам. Затоа што јас имам чиста совест и крената глава. Затоа што сум искрена пред себе и искрена со моите чувства. Затоа што јас може не симнувам ѕвезди, не зборам многу директно за тоа како се осеќам, не паѓам во трансови и ретко имам изливи на емоции претворени во зборови пред луѓе што ми значат, ама покажувам. И кога ќе кажам нешто, тоа навистина нешто значи. А ти си само празна глава, со празно срце и празен поглед. Само празнина има во тебе.
Нека ти е на здравје... ме заеба. Бравос. Топ си чао. Многу си јак. Многу еј. Исто ко да си у тЛето одделение.
Ова е последниот пат што било како и на било каков начин те споменувам. Морав да ја истурам нервозата.
Можеби ќе звучи арогантно, не знам, не сакам да звучам така, но предобра сум за тебе. И не, не е до мене, до тебе е. Јас подобар од тебе можам да најдам во секое време, ама ти подобра од мене - не можеш. ;)
Збогум, нечовеку. Порано, ако ништо друго те почитував како човек, сметав дека си фин и добар. Сега си само бледа сенка, ветар, дел од околината која само ја заобиколувам.


Јас сум преемотивна, а ти алчен и гад до срж...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.692
Поени од реакции
13.326
Иронично е нели наместо да славиме некаков јубилеј, погледите ни се разидуваат на различни страни.
Ќе те памтам по симпатичните мали моменти... додека не запознам некоја која навистина ја заслужува мојата добрина. Мразам збогувања ама ова го правам само за да се зашититам себеси.

frankly my dear.... you can go back to him. And not a single damn would be given `bout it.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.553
Поени од реакции
33.799
She looks like the real thing
She tastes like the real thing
My fake plastic love

...and it wears me out
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Мораме да заборавиме на минатото за да бидеме среќни во иднината некој негативности мораме да ги отфрлиме ако сакаме да се чувствуваме без лисици во врската за да може да ни тече како што треба ... Незнам дали сам се убедувам дека ти верувам повторно како некогаш и дека ти си таа што ми треба но секој твој чекор го следам за да видам дали навистина си се променила и дека она што се случи во минатото сакаш да биде само една лоша и не добро изрежирана епизода ... Од нас зависи дали ќе покажеме дека вреди да сме заедно и дали имаме моќ да го задржиме тоа што го имаме не барам премногу од тебе само сакам да ме сакаш и почитуваш да осеќаш исто што и јас на начинот како што јас мислам да те одбранам од целиот свет и ти исто да застанеш зад мене единствената особа што ме прави самоуверен и силен си ти
 

Вергилиј

Развртник
Член од
12 јануари 2012
Мислења
65
Поени од реакции
40
Знам дека нема да ти значи ова што ќе го пишам али коа ќе го читаш, сакам само да се сетиш на преубавите моменти кои никогаш не ги реализиравме поради банални причини и мојата кротка совест мислејќи дека не те заслужувам.
Од коа те изгубив, секој ден се прашував што понатака, дали требаше така да постапам, дали погрешив, што погрешив. Празнината во мене беше посилна од очекуваното, за првпат не сум можел да извадам од памет некој кој сеиуште не го имам допрено и почуствувано трепетот од разговор очи у очи, не бев силен да излезам и да се соочам со реалноста дека на некој му требам, дека некој ме чека.
Деновите си течеа како вода, неможев ништо да направам, чекав на судбината но немаше никаков резултат, све повеќе и повеќе нешто ме приврзуваше кон тие неостварени моменти. Конечно коа се решив и коа бев сигурен дека ќе пиеме кафе, испадна нешто сосем трето кое ме стави у мисла дали е судбина или конциденција, свесен бев дека нема да ми простиш и покрај моите напори, покрај моите знаци дека не ме интересира. Последниот пат пред да те делитнам, го направив у момент на несвесност, кажав работи кои не беа работи за кажување туку глупости произлезени од машката популација.
Измина доста време, сватив дека неможам без твојот глас, без твојата прегратка и осмех, за прв пат во мојов живот се враќам на девојка после ваква караница, за прв пат се спуштив и ти побарав прошка која индиректно беше одбиена.
Како што можев да те сослушам во тешките моменти така и можам да те осетам дека олади, чуствата ти смрзнаа. Сето ова го сметам како моја вина и совеста која сеуште не ме остава на мира, синоќа за првпат во мојов живот толку сум бил упорен, но јас не бев туку мојата потреба, потреба да ти кажам дека ми треба голема гушка.
После 3131 титка конечно се реши да ми дигнеш, кажувајќи работи кои потполно ги разбирам но не ја разбирам твојата моментна ароганција за да ме отсраниш од твојата телефонска линија. За првпат во мојов живот немав сила да издржам и со солзи се прашував зошто баш јас, зошто баш мене? Во тие заматени моменти неможејќи да ја издржам болката ја префрлав вината на другите, но не, вината лежи во мене, во мојата кукавичност која ја носев цели 23 години и успеа една личност да ја исплива на површина. Се прашувам каде е моментот коа ќе ми простиш и кажеш дека се си заборавила, моментот коа ќе ги вратиш убавите сеќавања и ми кажеш дека ми даваш нова шанса да ги реализирам.
Пишувајќи го ова со солзи у очите те прашувам кога ќе биде моментот да те гушнам и ти кажам да ми простиш?

П.С: К'ко?
 
B

Black Guard

Гостин
Вие не чувствувате љубов.

Он...

Срцето ми е сеуште затворено...знам дека ќе се најде душа која ќе го омекне.
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Од ден на ден се повеќе сваќам колку те сакам, и дека да не си ми ти не би сакал повеќе да бидам тука! Благодарам што ми долее да го имам тоа чувство.
Те сакам! :love:
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Почнав нешто да пишувам и кога дојдов при крај ми се блокира компјутерот, изгледа не требало да го прочиташ(знаеш) тоа што мислев да ти го кажам.а отпочеток немам намера да пишувам зашто беше долго. само знај едно дека искрено те сакам:love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom