Доцна е...но овој пат не е ноќта која ме плаши. Осамен во овој мрак, ги оставам солзите да пишуваат место дланкиве. Нека истече сета болка која во овој миг ме разјадува... нека изчезне, затоа што тешко ми е да живеам со неа. Навечер легнувам за да заспијам, но не можам да го чујам срцево како чука, градиве не можат да земат воздух, оловна грутка стои во грлово, ме пригушува, не ми дава мир, ми го одзема спокојот кој ми е потребен за да го пронајдам сонот. Сакам да заспијам, но не можам, солзите како непресушен извор течат... ладно ми е, а покриен сум со дебела покривка...но попусто кога студенилото доаѓа одвнатре. Горам, но огнот во мене е ладен, го смрзнува секое мое чувство, секоја моја топла мисла. Излегувам надвор, на воздух...да го почувствувам вистинскиот студ, но не, и тој не може да го допре срцево сега... бескорисно е.