Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека ... [стара]

Статус
Затворена за нови мислења.

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Mногу работи ме изменија...се плашам дека цело време одеа на се полошо и полошо. Се она што го помислував и едвај чекав, наеднаш се сруши и сега ми доаѓа само да плачам. Но за што да плачам?..Со што заслужив јас вака?
Епа најлошо е кога на многу работи неможеш да пронајдеш одговор, па ете сега и мене ми е така.
Помислувам дури и колку само не вреди.
Нели секогаш бев таа силната, секогаш бев таа што на сите беше спремна да им помогни во се и сешто, но сега кој е тука за мене?
И како што рекле дека од пишаното не се бега, така и мене ми се случува во моментов. Од некого неможам да побегнам колку и да сакам и колку и да велам дека не ми треба. Ама знаеш, ми требаш, повеќе отколку што некој може да замисли. И што ќе ми е сето ова? Незнам ни јас зошто го пишам, ама ете емоциите си го прават своето.
Не размислував, одрекував све.. а сега? Сега ете се спуштам се подолу и подолу.. до каде ќе успеам да одам незнам.
Се прашувам и колку време ќе биди вака.. што ќе биди понатака. Свесна сум за она што и го викав пред некое време, но зошто таа свест не ми влегува во мозок? Зошто секогаш мора вака да е...
Не е некоја јака љубов знам, ама тоа е... секој со својата мака. Никој неможи да речи мене ми е полошо од тебе, кога сите сме различни, така и јас.
Кое очекување кажи ми.. што добив?
Очекував и ту како... ништо повторно истото.
И до кога ќе ги пишувам овие бесмислени постови од кои од се поголемо разочарување во се поголемо влегувам? Дали некогаш ќе успеам да напишам пост на оваа тема, каде што ќе се познава дека сум среќна?
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
зошто не си секој ден со мене...да те гушкам да те бацвам да те гњавам...иако мразиш гњавење...да те касам.....оти мораше толку далеку да одиш да учиш?:( знајш дека ми требаш......ако не си ти да ти кажам се нема на кој...фала за расположенијата шо ми ги даваш.....секогаш знајш кога да го напрајш то.....и ај како да не те сака чоек!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Боже, напалено суштество.
Чекај да ми заврши, аман.

Патем... Чекам порака. И... Немој да ме разочараш. Критериумите ми се нешто повисоки сега!:smir:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.258
Како и секогаш, незнам кој почеток да го фатам. Интересното е што никогаш незнам како да почнам, ама секогаш знам како да завршам нешто.
Многу почнав да ја слушам Against All Odds... Ама замисли, не се пронаоѓам во ниеден дел од текстот, само во насловот.

Незнам кога поминаа толку брзо три месеци... Еднаш ми кажаа дека кога сум нервозен да го слушам Joe Cocker... Ама еве вечерва го слушам, иако немав причина, ама се потсетив на една негова песна во која ете, тотално се пронаоѓам... Feels Like Forever. Запази:

All I know Is that it feels like forever
All I know Yes I love the way it feels.


Звучит како засекогаш. Се' досега е кажано, се кажува и ќе се кажува. Ама чувствувам потреба да го кажувам и кажувам пак...
Ти си неверојатна, ко Винона Рајдер во Есен во Њујорк. Споредбава да пиштит... Ама кога ќе размислам си поневеројатна и од неа.
И немам инспирација, немора да биде убаво кажано, кратко ама од срце.

Никогаш не сум верувал во некоја, ова ме потсеќа на еден стих -
I got nobody left to believе...
Незнам зошто, верувам во тебе, иако на моменти ми се чини дека е поинаку. Тоа се моменти на слабост, секој ги има, се додека не дознае колку е јак.
Верувај и ти во мене, ти кажав дека не би те оставил ни за Винона Рајдер во Есен во Њујорк. Замисли колкава е мојата љубов кон тебе.

Еднаш ми се деси да се земам на Somebody to Love од Jefferson Airplane, на ист начин како во Fear and Loathing in Las Vegas. Ко на екстази да бев ебаго.
То беше исто, ти си моја екстаза. Ооо, уфф, јака метафора. Ако не се гледаме многу често, сепак имаме време за посветување. И тогаш повеќе ми недостигаш, затоа кога ќе те видам не сакам да те испуштам од прегратка.
Звучам лигаво?
Признавам, да - некогаш сум! Јебига, чим можам зошто да не? Некогаш и тоа е мерило за препознавање, не е слабост.

Да ми речеше некој некогаш дека ќе запознам девојка преку форум, ќе се згазев од смеење.
ДРУГИТЕ МИРНИ, ЗАФАТЕН СУМ!!!

Сега ќе кажам дека сум ненаситен! Сум! Некогаш и сум себичен, шо да прам... Никој не е совршен. Се' би ти посветил денес, и секој нареден ден.
Тој сум, се' давам од себеси, шо да прам. И овај пост го пишам токму на овај датум, иако помина, требаше да го постирам пред 10 минути за да е на 9ти...
Бавен сум, како и секогаш, ама то не е важно во овај случај ни најмалку.
Еве сега една песна за тебе ок?
 
I

InF3cTeD

Гостин
Незнам оти ама МНОГУ ја сакам и многу се нервирам коа не ме разбира за некои работи кои сакам да и ѓи укажам и погрешно ги сваќа....знам дека еден ден ќе свати шо сум сакал да и кажам и сигурен сум дека се ќе биде како шо треба

Неможам да си го замислам денот ако не си ја видам...едноставно не ми оди како шо треба...и ги мразам деновите кога ќе се скараме за некоја ситница ама и двајцата се сакаме а тоа секогаш победува
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
На денешен ден, било која година пред оваа, некои работи немаше да бидат многу поинакви. Јас и ти ќе бевме пак на 180-тина km далечина, јас пак не ќе можев да ти пробам од тортата, јас пак не ќе можев да те гушнам и да ти кажам дека јас навистина сум благословена што си бил дел од мојот живот.

Ама види, денес повидливи се разликите. Денес не ми е даден дарот дури ни гласот да ти го слушнам, денес не можам да му заблагодарам на Бог за нови мигови среќа кои би ги донело твоето постоење на земјава. Јас не можам ни да ти ветам дека наскоро повторно ќе те гушнам, зошто чудни се човечките патишта и не би знаела да кажам кога судбината би ме одвела кај тебе. Денес ми останува единствено да ја славам твојата желба за живот, жарот што го имаше во поголеми количини во малото прсте отколку стогодишник во сите минути од своето постоење.
Се надевам дека си среќен таму горе. Се надевам дека тортата е чоколадна.
Се надевам дека знаеш колку ми фалиш.

Среќен Роденден
Слава ти.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Со секој изминат ден, се’ повеќе и повеќе се пронаоѓам во тебе. Те сакам! :wub:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
... очите ми се затворени, немам емоција која не ми прострујува и мисла која не ме обзема. Немир од петици, тупот од гнев во срцето и два чаршафи кои Орнел никако да ги прекрие. И потоа... Скопје. Толку обемно со прекрасни души, а јас никако да се одвикнам од твојата. Проклети да се твоите боси стапала и сончеви запчиња, проклети да се грдите слики кои не сакаат да оживеат и да бидеш до мене, проклет да сум и јас... што не знам да живеам без тебе.
 
R

reactive89

Гостин
Aхххх.. зашто вака ми правиш? зашто не си одлучна во тоа што го сакаш? Ко ветренце си, како ќе дувнеш... пази што правиш... ме буниш многу...
Инаку фала ти за последниве два пати шо зборевме... ми беше убаво и мило!
И посебно мило ми беше за вчерашната порака... шо конечно ти текна да кажеш некои работи за кои сакаш прошка... мислев нема да побараш... ме израдува... фала... допринесе тоа во нешто... :back:

п.с. камо да можеш да прочиташ некад... ама ајде нема везе... некад може и ќе биде... :pos:
 

Mind In Motion

Smirking Revenge
Член од
29 мај 2007
Мислења
816
Поени од реакции
46
Каков чекор. Не ми пречи твоето отстуство, но сепак неможам да го поднесам твоето присутство. Не ме гледаш кога те гледам, прагматичен сум, мавам психички. До кога ќе го оплакувам сево ова?
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
И конечно, последната капка ја прели чашата...
Играта која што ти ја ветив моментално е на интересно ниво. Нели е лошо кога ти си онаа која е во неизвесност? Нели боли кога дознаваш работи за мене кои порано јас ги дознавав за тебе? Сега знам дека ти го правеше истото што го правам и јас сега.
Само сакам да бидеш свесна дека од ова нема назад. Едноставно на секоја игра и доаѓа крајот, а ретко која има бесконечно многу продолженија. Ова кое сега се одвива е второто... Или нека има интересни нивоа, или нека заврши еднаш- за секогаш, за да можам да се префрлам на нешто кое ќе ми дава поголема надеж...
Но и покрај се, мислам дека се’ уште те сакам. Што да правам кога ми влезе под кожа:smir:
Како и да е, омилената игра наскоро станува досадна, но секогаш останува во сеќавање:smir:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
111
Поени од реакции
5
И незнам по кој пат ти посветувам некој пост на тебе.Ама што да правам ти си посилна и од мене, посилна од се!Излегувам како папучар, како личност која упорно моли.Колку да сакам да те заборавам НЕМОЖАМ:tapp:.Дури и кога не си ми во близина те гледам мегу другите.Синоке сватив дека те сакам повеке од било кога порано.Кога падна на игралиштето на баскет синоке и кога ти се стркалаа солзите по лицето посакав да се стрчам накај тебе и силно да те гушнам:nesum:.Кога видов дека други раце минуваат низ твоето лице и ти ги бришат солзите ,бев бесен со намера одма да го срушам него.Ама се воздржав.....Цело време очите си светкаа како бисерчиња(почуствував дека си исполнета и срекна).И кога поминавме еден покрај друг посакав желба да те гушнам ама .......:nerv:.Велат дека е потребна една минута да забележиш навистина посебна личност, еден час за да ја процениш, еден ден да ја засакаш и цел живот да не ја заборавиш!МИ недостасува разговорот со тебе, твоите совети , бидејки ти си то.Моето срце било и пијано и сакано, се каело и болело, давало и земало, било среќно и губело, оставало и било оставано, но никогаш не било вака заљубено!
лку убаво а истовремено и толку многу паметна.Имаш мок секого да магепсаш.Ми значеше и многу повеќе, и засекогас твоето име ќе биде запишано во моето срце. Верувај ми, на секој можен начин пробав да бидам поблиску до тебе, но ти не ми дозволуваше. За тебе јас бев нешто непроценливо, не ми остави ни најмала шанса да ти покажам колку вредам. Ми бесе голема љубов во мојот живот верувала или не. Тоа е мојата болна вистина. Затоа ти посакувам само прекрасни нешта да ти се случуваат во твојот живот, а многу ми е криво што јас не сум едно од нив!Знам дека никогаш ама никогаш нема пак да бидеме заедно ......:nerv:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.113
Swallow that pill that they call pride! :violent1:

Ебате комплицираното суштество. Толку ли бе неможеш да сфатиш дека сум на твоја страна? Дека единствено
сакам да ти помогнам.
Златна, дур не се средиш, одјеби.

I love you, but I don't like you all the time. :angel1:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Kao da se vrime,
Zaprelo u sfere...

Баш се осеќам како да запрело цело време,за мене и за тебе.
Колку само брзо пројде оваа година,колку само си длабоко во мојот живот врежана.
Можам само да посакам да се сакаме како и досега,бидејќи уживам во секој миг од тоа,во секој миг со тебе.

Вечер ќе ти кажам (и покажам) се друго за нашата љубов :)
 

_iva*

Шмизла у хороскоп
Член од
6 декември 2008
Мислења
163
Поени од реакции
8
Срце, :vozbud:
Убаво ни беше, признавам. Ама се појави нешто ѓаволско во мене, нешто многу чудно, многу јака желба да те убијам :pos2:, да те распарчам, да те распрснам на сите страни. Само затоа што те сакам... УПС!! Те сакав, многу оддамна. А сега само си играм со тебе, од чиста досада срце, ништо сериозно. Не се плаши од мене. :vozbud:
П.С Ќе ми платиш за се :wink:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom