Јас сум слика со огромна вредност, без никаква содржина. Мечта за прекрасна иднина, со спомени од ужасно минато и сегашност исполнета со копнеж за истребување на најгадните човечки маани кои ги поседувам во себе.
Цената за убав и достоен живот е премногу висока. Особено тука, кога треба да наплаќаш за секоја ситна направена грешка. Патетики, на сите страни. Претеран цинизам и маса на луѓе кои се заситуваат со туѓата горчлива несреќа. Проклетство, секој од нив се труди максимално да го зголеми своето его и воедно да го понижи туѓото, да го извлечат најдоброто од тебе и да го претворат во некомпетентна моќ.
...Преплавена сум од емоции кои ја понижуваат мојата гордост и среќа. Доста ми е од празни искажани зборови кои ме заситуваат и прават да се чувствувам обесправено. Поради тоа пишувам проза само кога сум мотивирана од негативната енергија која опстојувајќи во себе силно ме обзема или пак најчесто кога немам на што да го потрошам своето слободно време. Својата субтилност и сарказам често знам да ги насочам спрема погрешни насоки, а она позитивното секогаш е силно потиснато. Иронијата беше на ист начин сокриена во мене, но често знаев да ја игнорирам бидејќи има негативно влијание. Не велам негативно влијание врз мене, бидејќи јас сум одавна навикната на тоа. Има негативно влијание врз моите најмили, со што го влошува мојот однос кон нив, така што тоа би го дефинирала како банална, пролазна работа, не?
Водејќи се од примерот кој го наведов погоре, овојпат се инспирирам од негативната енергија која понизно ги порази и покори моите примитивни искуства.
Конечно успеав да застанам цврсто на тлото. Иако подолго време ми требаше да седнам, да размислам и да се соочам со фактите и суровите одговори на некои прашања кои ја преоптеретуваа мојата психа и често ме тераа да немам храброст да и` погледнам в очи на вистината. Како резултат на својата преценетост и иронија за чудо, не бев ни малку свесна дека можев да бидам нечиј предмет на исмејување така што јас и овој пат ти прогледав низ прсти, најмила моја. Едноставно, мојата психа можеби не беше доволно развиена за да бидам храбра и да ти опростам. Знам, сигурна сум дека и овој пат испаднав девојка без свој карактер пред лицето на светот која дозволува да се подбиваат со неа и да ја покажуваат со прст. Но нека биде така. Тоа нема никакво влијание врз мене, бидејќи сета онаа болка која ми ја нанесе претходно веќе ги поттикна моите инстинкти да верувам само во оној кој би го „продал“ сиот свој валкан свет за мене.
Се сеќавам, тогаш ја затворив вратата. Бев скоро сто проценти сигурна дека нема повторно да ја отворам, да се навраќам на истите случки кои ја оправдуваат голата сурова вистина, колку и да несакам да наликува таква. Наведната, свиткана и обесправена, заклучив и тој клуч го понесов некаде со себе.
Се сеќавам, еднаш ми рече дека ќе бидеме вечни. Ни најголемите светски сили нема да можат да не` разделат. Но верувам дека бевме двете презаситени една од друга по толку изминато заедничко време и очигледно од преголемата доза разгаленост нон-стоп ја прелевавме преполнетата чаша. Па повторно ја полневме. Па повторно ја прелевавме.... Знаеш, не би сакала утре кога утрински ќе се разбудиш, првата работа која ќе ја направиш е да ме проколнуваш поради горчливите и воедно блажени погледи кои ти ги упатував.
Се сеќавам, еднаш пропуштив една многу поучна лекција да ја научам. Ако не, барем еднаш да и` обрнам внимание. Се сеќавам мила моја дека тогаш ти ме покори и ме поучи дека секоја следна грешка е уште едно наше ново искуство позади ред илјадниците други.
Несомнено беше во право најмила моја. Ти си редок пример. Ти си редок пример за едно бесценето воедно и гневно искуство кое ме научи на многу животни поуки. Дел од нив се сведуваат на добро, дел на лошо.
После се`, не би требало да се памтат лошите дела. Најдобро е да ги оставам нив зад себе, барем тоа не би ме чинело ништо.
И како што отпеа Sting:
And if I told you that I loved you
You'd maybe think there's something wrong
I'm not a man of too many faces
The mask I wear is one
Those who speak know nothing
And find out to their cost
Like those who curse their luck in too many places
And those who fear are lost...
М.
Едит: постов не е случајно постиран тука. Темава е за секаква љубов, нели
.