Понекогаш, кога станува збор за мене и за тебе, тешко ми е да одберам зборови како да се изразам. Сепак, и покрај перманентната ментална блокада на тоа поле, ќе се обидам барем дел од тоа што го чувствувам за тебе да го преточам во неколку килобајти.
Кога првпат влезе во мојот живот воопшто не помислив дека ќе дојдеме до ова ниво. Те перцепирав како интересно девојче со голем капацитет и мрза во краен стадиум. Ни сам не знам како, постепено ми влезе под кожа неверојатно брзо. Те засакав за многу кратко време, и само Бог (и Болиглава) знајт како ми беше во моменти на двоумење кога некои информации грешно си ги толкував, измачувајќи се навечер мислејќи до доцните часови дали конечно ќе бидеш моја или некој коњ ќе се испречи на патот до мојата кралица. Психичката тежина на двоумењето и стравот ме совладуваше и заспивав меланхолично тешејќи се: „Се’ ќе е убо, ај, без секирации“.
Сега, кога ќе погледнам наназад на тие моменти, се насмевнувам, се потсетувам кој среќен кучкин син сум што те имам и почнувам да го живеам денот. Секој ден го започнувам со мисла за тебе, и проверувам да не си ми пишала смс додека сум спиел за да ме изненадиш утрото. Ти си моја хероина. А светот без херои е како земја без сонце, како трка што никогаш не завршува, како време без место... Светот без херои е ништо, и во никој случај не е место за мене.
Секогаш кога ќе се сетам на твоето насмевнато лице, озарено поради тоа што ме гледа, ми го прави денот поубав и ме расположува, колку и да ми оделе лошо работите или да не се продавала робата во дуќанот за спортска опрема. Времето без тебе ми се чини вечност, ги бројам деновите кога ќе те видам повторно, кога ќе те прегрнам и ќе сум на седмо небо од среќа. Затоа што ти си ми се’, мој спас и утеха, колку и да се чинат невозможни и недостижни во моментот.
Се сеќавам кога те видов првиот пат како да беше вчера. Такво мало и изгубено се шлаеше пред Космофон, се врткаше лево-десно од нервоза очекувајќи да се појавам од некоја страна. Уште ја чувствувам топлината од твоите прегратки и преубавите моменти поминати заедно. После подолго време токму тогаш едно пиво ми беше тамам и не ми се присака уш едно. Последно така ми беше во седмо одделение, ко ми беше мозочето ко орев и ко ме фаќаше едно. Уживам со тебе просто, во најобичните муабети, во препирките, во компромисите, во се’... Ми годи кога си љубоморна дури и кога е без причина, затоа што тоа ми е уште еден доказ дека го чувствуваш истото што и јас.
По еден месец, кога ќе се свртам назад, што можам да речам?
Ти благодарам за твојата безрезервна и чиста љубов, за твојата искреност и ти благодарам за тоа што постоиш. Понекогаш, слушајќи го Dave Koz и опуштајќи се, се запрашувам со што те заслужив јас тебе? Сеуште не знам, а да си кажам искрено, не ми е ни важно. Важно ми е дека те имам само за себе, дека си цврсто решена како и јас да ја одбраниме врската од сите зли јазици и намери и ме исполнуваш во секој поглед. Изгледа Господ ме сакат во последно време, нишо не напрајв, тој среди да ми се наредет коцките. Фала бачко, должник сум ти.
Најсреќен период во животов, дефинитивно.
Преубаво поминат еден месец најмила, да ни се множет, уште сто да си исчекаме! :back:
Те сакам! :wub: