Болиглава
A cold fact
- Член од
- 16 јуни 2007
- Мислења
- 4.701
- Поени од реакции
- 2.353
7-ми ноември. Ко да беше вчера, не? После 4 месеци и 2 недели, најубавиот период во досегашниот мој живот, период во кој ти ја играше единствената улога, главната улога во мене... јас се пронаоѓам лигав и патетичен во ова викенд попладне, каде што ме чекаат 80 страни едукација, но фокусот во мозоков е изместен. Неможам да мислам на ништо, освен на вчерашната вечер, можеби една од најубавите заедно. На ништо друго, освен на последните 10 минути каде се гушкавме како никогаш досега. Ништо друго не ми го обзема мозокот и не ми дозволува да се опуштам, како последниот бакнеж вчера... каде навистина неможев да те пуштам, а кога се свртев и ја ставив капата те осетив дека се насмеа така шмекерски. Те обожавам кога се смееш искрено, без трошка иронија, ти го сакам лицето кога ќе се насмееш после плачење, а вчера во 01:09 ти беше токму таква. Дали осеќаше горчина? Искрено не знам и секој мој обид да погодам ќе биде неуспешен. Постов не е очаен обид за те терам повторно и повтoрно да биде како порано, туку единствено морам да го искажам ова на некој начин за да ми е полесно. Кајгана темава можеби и не е најдобрата солуција, но ете...