Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека ... [стара]

Статус
Затворена за нови мислења.

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
[FONT=&quot]Честито 13 Месеци , ох , тој баксузен број.
Иако утре ги правиме , сепак решив денес да го напишам ова , утре , којзнае што може да се случи.
Се запознавме на 25 Август 2007 година , кога ти го украде мојот поглед и го вдлаби твојот отисок во моето срце.
Оттогаш поминаа 19 месеци , и еве сме , повторно двајцата се наоѓаме на иста бранова должина. Овојпат позрели , овојпат заедно , веќе не сме странци , овојпат имаме мемории кој бар за мене ќе бидат вечни. Година и 28 дена поминаа одкога сме заедно , и секој ден се чувствував се поблиску и поблиску до тебе , без разлика на тоа што често бевме разделени.
Прости ми што можеби не сум добар партнер, што на почетокот на врската се однесував како воопшто да не ми е грижа , меѓутоа не беше така, одсекогаш ми беше грижа за тебе.
Прости ми што можеби не сум дел од сегашното општество за да можам тебе да те придружувам кога сакаш да одиш во диско , кафана или клуб, прости ми што одлучив да не бидам покрај тебе тие моменти .
Прости ми што можеби откако си замина веќе не сум ист , можеби тоа е подобро , можеби не .
Прости ми што поради нашата врска јас те ограничувам да бидеш со некој друг кој е подобар од мене , навистина несакам.
Прости ми за сите зборови мои искажани кој можеби ти ги повредиле чувствата , не биле искажани намерно , верувај ми.
Прости ми што не сум секогаш покрај тебе , дури и кога ти е најпотребно . Километрите меѓу нас се болката која ме спречува да бидам.
Прости ми што постојам.
Ако можам на некој начин да бидам подобар човек , да сменам нешто кај мене што ти смета , едноставно кажи ми . За тебе би направил се.
Те сакав, те сакам , и секогаш ќе остане тоа така.
:back:


[/FONT]
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Конечно собрав храброст и ти признав дека те сакам...
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
е, со ова шо го напрај денес, те дозакопвам, сеа ко ќе размислам поарно и си викам ќути арно шо ме одби ќе се запустев ако почнев со тебе, не си чоек како шо замислував дека си. можи и не требаше да го пишам ова во оваја тема пошо вика во врска со љубовта а јас ти и љубов појќе немаме никаква врска ... и мноооогу поубо ми е вака :baeh:
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
сакаш безобразна да бидам?
кој кур со муабетиве бе? што ти е гајле за него, и што како е меѓу нас?
не си тука, да беше, ќе бевме заедно.
А многу сакам да си тука, премногу.
од прозоров се гледа само патот за накај тебе, таму каде што некогаш беше.
А још ти се надам, а још ти се правдам.
гинемо обоје, да једном другом згазимо
то ти је љубав, ту ти је казна, ту је лед
и што смо мислели да наш је чиатав свет.
 
P

Polaroid vanity

Гостин
Ми кажа бе. :pos:
У реду..за неколку години ти ќе џиткаш пари на гинеколози.
Ае сеа легни..да не те мавне "ист ко и сите други" синдром.
Не си нормален бе. :helou:
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Марче приземи се многу шантраш лево - десно...
Кога ќе видам па и гајле ми е, i'm exploring the space (between)...
Не си најдов љубов, а останати риби ги има на лагер онака, веќе почна од нив да ми се врти глава, фуче телефонот, да знам за понатаму да не си правам додатни проблеми додека не си ги расчистам старите и после тоа мирен да си седам...
 
С

Сатори

Гостин
Никогаш не помислив дека јас ќе бидам решена да го освојам светот за некој и да му го дадам на дланка, можеби и не сум јас, туку онаа во мене што те сака болно многу, повеќе од сите розови панделки и нови телефони, сите мартинија и малибуа што ќе се најдат на патот.

Заеби се што може да се испречи меѓу нас и временска или просторна дистанца, заеби ги луѓето што радо би да не видат како гориме на клада и заеби се што бар на момент делува побитно.

По 20 години од сега, пак ќе те сакам како што те сакам секој изминат ден од последниве шест месеци и никогаш нема да ми биде жал за се што се случи, зошто ТИ вредиш и НИЕ вредиме повеќе од сите ебано лажни вредности на светов.

Заеби страв и фобија од врска и љубов, преминав преку неа многу одамна, со тебе сум и знаејќи колку многу ме сакаш и колку многу те сакам, не постои реална пречка за да бидеме најсреќни на светот!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Несигурно, големо детеее. Ама мил си.
И Голееем! Ѕверка, без кредитните картички и Бентлито.
Патем... Ќе си речам само УФ. И ѕидот ќе проговори:)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
111
Поени од реакции
5
Ниедна личност не ги заслужува твоите прегратки,ниедна личност не го заслужува твоето срце , зашто ниедна личност не те сака како мене.Ептен ми недостигаш Те сакам:back:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин

I never wanted the stars
I never shot for the moon
I like them right where they are
All I ever wanted in my life was you,you and a thousand times you.

:back:


 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.087
Прости зошто овие неколку месеци не ги поминавме заедно...Ми треба само уште една мала шанса да ми дадеш ако веќе не си заминала кај друг:nesvest:.
Те сакам малечка:back:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.530
Поени од реакции
33.724
Put a little more effort. Aint buyin that staged shit, darlin.
Фала за пораката, нормално дека слушам love songs.
Last time I checked пловев во водите на такозваните заљубени.
Whatever. TE САКАМ. Жал ми е што не ги слушаш доволно зборовиве.
Тhe less you know, the better.

Taпа си бе, ама неможам без тебе. :back:
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Неееее, нееее, нееее.. Зошто мораше да те видам ? Убаво беше, те немав видено со месеци, а сега...

Чудно ми е тоа што ..некогаш бевме заедно, ми беше се`, имавме заеднички моменти, сега имаме само заеднички спомени, но покрај се.. одевме еден позади друг, како обични странци..

Добро е што не ме виде.. Подобро. Да застанеше, не знам што би ти рекла.

:icon_conf
 

*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
просто е можам да поверувам што се случува......зошто го имам она глупо чувство дека воопшто не те познавам.....зошто правиш работи за кои не си ни свесен....само едно ќе ти кажам..... ТИ ГУБИШ!!!!!!!!
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.372
Поени од реакции
25.122
Преска на клипон онај со Ромео и Џиџи Миџи слушнав многу интересни работи. Го прашаа како ја замислуваат љубовта, мада се згазив од смеење.
Ама всушност... убаво си кажаа. Љубовта се замислува преку срцето. И љубовта се замислува преку љубовта. Интересно делува ова кажаново, особено второто.

Кога мене ме праша еден другар како ја замислувам љубовта, му реков дека љубовта си ти. Кога ги кажувам работите неинспиративно, јас воопшто и не им обрнувам внимание по втор пат. Но... јас овие два месеци ја наоѓам инспирацијата во тебе. Ти си музата на секое мое дејствување, било писмено или усно.

Кога вчера направивме два месеци... си правев ретроспектива на работите кои се одвиваа, се сеќавам на нашето прво шмекање... на нашата прва средба во која јас и ти со зборовите не бевме воопшто и доминантни, туку се зборуваше за Тони пекарот и клипчето со Емка, Фантом ги кажуваше приказните кои ги кажува на секоја кафе собиранка, Весна си ќутеше, на Болигла го болеше главата.
А јас и ти се шмекавме. И кога ти си помислуваше дека јас не те гледам, а јас неосетно го искористував секој момент по малу да се свртам... Сега јебига, тоа се најубавите работи, шмекање, ама потајно и посериозно.

И дури кога отидов во веце те погледнав така, и кога се враќав од веце подзастанав малу да ти ја видам испегланата коса отпозади, ама тоа никој не го заприметува, затоа што јас сум... да не речам... сериозен во почетокот.

И потоа почна она динамичното... се сеќавам и на нашиот втор состанок на истата маса во истиот кафич. И тогаш зборувавме за Саут Парк.. и секако, како што јас си ги знам, тие безвезни муабети.
После еднаш јадевме палачинки во Леонардо, и првпат во животов.... не ги изедов цели палачинките.
Иако моите пропорции можат да си дозволат 15 изедени палачинки, јас изедов само 1 и пол. Зато шо... како се викат она, бев возбуден. И тогаш ко ме гушна на сиодвење знаев дек имат некоја магија меѓу нас, нешто што јас неможев да си го негирам, иако ме пеплоса уште од првиот наш допир.

Колку и да наликуваат овие на евтини приказни, не се воопшто такви. Затоа што најубавото... како што и до ден денес се сеќавам... нашиот прв бакнеж на место кое што всушност го пронаоѓам како неудобно. Ама немаше на друго место место, па затоа мораше тука.
Се сеќавам на тој ден како да беше вчера.
Сега, кога го напишав почетокот на тоа што испадна преубаво, за понатамошниот развој и немора да зборувам, затоа што би застанал да пишувам цела ноќ.
Затоа што толку сме поминале... а сме спремни да поминеме уште повеќе.

Не сум се чувствувал вака долго време. Моите амбиции не се она што претходно беа. На моменти се чувствувам дека те познавам многу долго време. Мојот роденден оваа година го поминав најубаво затоа што ги добив најискрените подароци од тебе.
Секој ден ја читам онаа честитка која ми ја подари. Секој ден до мониторов ја гледам онаа карикатура со две прасиња.

Некогаш сите песни, и оние тажните и среќните ги пронаоѓам како волшебни, затоа што и најмилите нивни звуци допираат до мене и мислам на тебе. Всушност... јас мислам на тебе и кога јадам и кога пијам сок, кога гледам филм, кога сум излезен, кога решавам задачи по математика, кога го ставам мобилниов на полнење, кога архивирам филмови од компјутеров на дивиди.
Она што сакам да го кажам е дека... дури и сега мислам на тебе. Ти си мојата последна мисла навечер и првата помисла наутро.

Дури сега се сетив дека... во Другиот ден во рајот, на Фил Колинс јас и се пронаоѓам... ако можам сега, а неможам да се сетам на текстот, а не одам на гугл да го прочитам, сакам да кажам дека со тебе секој изминат момент е како да сум поминал низ рајот, сето тоа го пронаоѓам како волшебно.

Можеби некогаш овој текст ќе треба да биде прочитан обратно, од крајот до почетокот.

Не се каам поради тоа што целосно се впуштив во нашата љубов, целосно дозволив да навлезеш во моето срце и сите аксони, дендрити и нервни телца.
Утре е друг ден, во овој искажав дека те сакам. Ќе го кажувам тоа и секој нареден ден затоа што воопшто и не се чувствувам изложен на некаква повреда. Ти си се што некогаш сум посакувал јас... ти си совршенство, секој момент поминат со тебе... макар на 6 или 3 минути е благословен.

Да се множет месециве поминати заедно, два х два х два х два...

Еднаш слушнав дека нервниот импулс патува со брзина од 120 метри на час.
Те сакам:back:

Твој Димитар.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom