Во врска со љубовта одамна неам пишувано нешто, пишував кога бев во deep love пред некои 8 месеци.. Луѓе верувале или не, сеуште мислам дека ја сакам, имам женска 3 месеци али не е тоа, мислев дека таа љубов е мртва, али во последно време повторно се навракам, се присетувам на нејзините очи, на начинот на кој ме гледаше, насмевката, зборовите, луѓе ич не ми е лесно, мислам дека повторно ја разорив старата рана не гледајки шо праам, не ја имам видено 4-5 месеци, во глаава имам само некој крути стереотипи шо неможат да се променат, незнам шо ке се деси ако пак ја видам, дали пак ке почнам да ја лупам глаата, дали пак ке се зацрнам во душава.. чудна работа бе, зошто мораше баш таа да ми се појави во животот, зошто мораше баш неа да ја засакам олку многу, 24/7 мислам на неа во последно време. Со неа неам муабет сврзано од месец мај, а веке неколку недели повторно се навракам на неа, повторно старите чуства кон неа. Што треба да направам, да одам кај мадафакинг Жан Митрев да ми трансплантира ново срце? Да се преселам на крај на светот? И тоа не е доволно, повторно ке мислам на неа, повторно ке ме пукаат старите флешои со мојата Натуш.. Нејзината насмевка повторно ме прогонува во ноките, мислам дека никоја нема да го заземи нејзиното место, никоја никогаш нема да ми го исполнува срцето со насмевка како нејзината.. Баш би сакал повторно да ја видам, да се осетам себеси како е да живееш во илузија.. Се ме потсека на неа, кај и да се свртам, колку страни на животот да вртам, колку и да се праам дека не ме интересира поке, таа е повторно во мене, неможам да ја избришам, зацртана ми е во срцето на долго време, незнам како али има некоја магија во неа шо ме привлекува уште... Замислете неам два збора сврзано со неа одамна, а ја чуствувам дека е до мене, ја памтам ко вчера нејзината насмевка, гласот нејзин ме прогонува:wub::wub:... Сакам да ја видам, ми иде да плачам коа ке помислам дека не е до мене, дека неможам да ја видам, сакам да ја видам сеа, сакам бе луѓе.. Ми се пара душата шо не ја имам видено одамна.. Ке се изгубам во мигот коа ке ја видам, ке ме снема, за момент нема да постојам, ке бе угрее сонце како порано, ке се парализирам за момент, нема да знаам дали лебдам или уште сум на земја коа повторно ке ја видам. Ама прашањето е КОГА?? Кога ке ја видам?? Дали во иднината, дали нашите патишта повторно ке се спојат во иднината, знам само дека уште многу долго време ке живееш со мене, уште долго време ке се лажам со тебе, уште долго време ке ми бидеш замена за воздухот шо го дишам, но ако не те видам за брзо ке умрам. И јас сум човек, неможам да живеам без воздух, без тебе.. Никако да заздрави оваа рана, премногу длабока, доволно длабока. Ти ми остаи белег во мене, што секогаш ке се потсекам на тебе, сигурен сум дека за тебе секогаш ке имам место во мене... Ова беа најискрени зборови од срце.. Се осекам ко пичка
