Најпрво, си ветувам дека пре ќе си исечам прсти и јазик, него што ќе си дозволам да пишам или да речам повторно било што, на темава или на друго место, за тебе и за она што го чувствувам. Јас не сум створена за да осетам нечија љубов. Едноставно, луѓето не можат да ме засакаат, а уште помалку вистински да ме љубат. Сега е времето да се помирам со тоа.
Знаеш, не ни сонував дека ќе се најдам во улога на Петрарка, и ќе имам Беатриче. Но, очигледно сите потсмевања кои ги упатував кон другите нарекувајќи ги патетични, наивни, лигави, затоа што љубат некој кој не ги љуби подеднакво, сега ми се враќаат ко бумеранг.
Камо среќа да не отворев очи денес. Затоа што цел ден се тресам и повраќам од она што го дознав. Буквално е: I love you so much, it makes me sick.
Да биде апсурдот поголем, ниту знаеш дека ми значиш, ниту некогаш сум ти значела или ќе ти значам. Ситуација Петрарка + тон патетика.
А, знам дека не можам ништо да направам во врска со тоа. Да натераш некој со сила да те сака не може, па макар и се убил.
Затоа(иако со прилично доцнење) извинете Коста и Иван...Сега сфаќам каков пекол сум ви приредила. Верувам дека раните се одамна залечени. Ако е за утеха, јас сум во понезавидна и далеку по траги-комична ситуација и од онаа во која вие бевте поради мене.
А, јас не знам дали да се смеам или да плачам на мојата наивност и детска занесеност. Еј се затрескав после две години, и тоа онака на "слепо". Но, и илузиите што ги градев кратко траеа. Денеска ми се "разбистри".
Се сврте тркалото, нели Ина?
Па сега кога знам дека ниту помислуваш на мене, а уште помалку го осеќаш она што јас го осеќам, и кога ми станува се појасно дека веројатно никогаш нема да ја имам среќата било кој да ме сака, можам само да речам,
Господе, Те молам дај ми сила да го прифатам она што не можам да го променам. Ништо повеќе.