Прво, компаративна анализа на различни периоди не може да се прави. Не без историска дистанца, апсолутни и релативни (споредено со останатите држави во истиот период) бројки што ќе ги исклучат субјективните чувства. Иако, многу веројатно дека после таква дистанца СФРЈ ќе ја победи РСМ во скоро секоја, ако не и во секоја категорија.
Второ, живеењето во едниот или другиот, па и во двата системи, не те прави квалификуван за да направиш компарација, туку напротив, те дисквалификува. Ако сакаме истата да е објективна и издржана. Така да, за 50те години СФРЈ и 50те години (ако бидат) Македонија/РСМ ќе може да дадат некои наши деца или внуци. За лична, апсолутно може секој.
Ама најбитниот дел од муабетот е друг. Еве, во СФРЈ било подобро. Според мислење на 99.999% од луѓето што живееле во двата системи, и сигурно 75+% од луѓето што живееле само во вториот. И што од тоа? Треба да се оди секој ден и да се кука на гробот на Југославија?
Тоа што на темава е смешно или тажно, зависи од која перспектива гледаш е “аргументирањето“ зошто во СФРЈ било подобро. Телевизорите траеле 30 години. Јак аргумент, си ебало мајката.
Јас би се кладел дека СФРЈ да беше сеуште жива и во истата економска кондиција како 70тите и почеток на 80ти, денес секој на овие простори ќе мењаше телевизор на секои 3 години и ќе сакаше да си купи нова кола, а немаше да кука за 3 децении стари кутии.