E поволни кредити....мислевте дека може вечно да трае тој систем? Југославија се задолжуваше на страна за тие кредити и тие и беа нејзиниот life support. Кога прекина да постои потреба да ја субвенционира некој таа Југославија одма истата се распадна како кула од карти. Таков систем беше неодржлив, нема нешто што е бесплатно. Не постои нешто што е бесплатно, некој некаде плаќа за се.
Со овие 30 години стагнација и војни ние го плаќаме цехот на 45 години крадење, неработење и ефтини кредити.
И јас долго време бев убеден дека Југославија била не знам каков си „рај“ во споредба со ова денес. Мислам дека и имам мислења на оваа тема кај што го застапувам спротивното, но што повеќе ја проучувам и што повеќе низ муабети се запознавам со работите какви биле сфаќам дека нејзиното идеализирање е во најголем дел продукт на носталгија и на шокот и хаосот од 90тите. Луѓето секогаш се склони носталгично да гледаат на минатото, освен ако не им се случиле страшни трауми.
Имало добри работи, не велам не. Работните времиња биле милина,стресот на работа ошто бил на пониско ниво, Македонија за волја на вистината е рапидно модернизирана во тој период итн.. Особено на генерациите што ги памтеле војните децении мир, изградба и модернизација им биле неверојатна придобивка.
Јас ти напишав она што го знам лично. Знам дека беше (барем за мене) подобро тогаш отколку сега. Ако ти мислиш дека е подобро ова, во ред. Работа само за партиски војници, криминалот и рекетот царуваат, уличарите кои никогаш не работеле чесна работа станаа тајкуни... Но за тоа нема статистички податоци (бројки) па тоа не го гледаш.
Велиш дека сега го плаќаме цехот на 45 години крадење? И Словенија беше во тој систем, ама наместо да стагнира таа отиде напред. Можеби таму луѓето не биле склони носталгично да гледаат на минатото.
Каде е сега бесплатниот одмор на работниците, каде се бесплатните студии?
Не, не ќе е до 45 години крадење, туку до 28 години крадење. Зарем не си се запрашал од каде му на Камчев да плаќа милионски рекети? Од каде му Систина? Дали Заев од нивите во Муртино стекна толкаво богатство? Сега и бизнисот со канабис го става под своја капа. Од каде му на Анѓушев толку хидроцентрали? Со пот да не ги заработил? Да не ги набројувам другите. Тие ја украдоа државата, оние што крадеа 45 години крадеа со усул.
Уште ако почнам како некогаш во Белград и Загреб можев слободно да преспијам во парк, а сега морам да се чувам и дома... Кражби и убивства на секој чекор. За тебе тоа е подобро?
Војската и полицијата со искинати чевли, креветите во клинички со завои врзувани... Скопје се гуши во смог. Уште кога ќе ви населат мигранти од Сирија и Авганистан, е тогаш навистина ќе живеете подобро.
Јас не ја идеализирам Југославија. Далеку од идеално беше. Ама во споредба со сегашново беше за едно копје понапред.
Мислам дека се разбравме. За мене беше подобро во Југославија, за тебе (мислиш дека) е подобро сега.
Повеќе немам (има ама залудно нема потреба да пишувам) што да кажам.
ПС
Еве @
Lurtz ти даде факти и бројки бидејќи тоа го бараш. Јас не сум љубител на бројки онаму кај што знам работи од лично искуство.