Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Не е Лас Вегас како што стои под сликата, Детроит е.
NO! - THIS IS NOT A SLUM IN NIGERIA; IT'S DETROIT – 2010!

http://www.antipasministries.com/other/article068.htm
Врората слика е Бронкс во Њујорк
http://www.officialpsds.com/The-Bronx-Ghetto-stock594.html
А за бездомниците во таа канализација се 100 - 200, во цела Америка 4 милиони.
Детроит има изгубено преку 60% од популацијата од 60тите.Секој кој има две здрави нозе го напушта градот.

Плус Мичиган (државата во која е Детроит) ти е на исто ниво според социјализам како Калифорнија и Илиноис.

1.Имаат исти закони за оружје како во Европа.
2.Имаат задолжително членување во синдикати.

Истите тие синдикати со и комплетно неразумни барања целата автомобилска индустрија ја префрлиле во други градови и држави а челичаните ги затвориле.

На пример сега North Carolina станува центарот на авотмобилската индустрија во Америка само зошто имаат малку даноци,немаат регулации и немаат задолжително членување во синдикат.

3.Мичиген и Детроит зимаат милијарди и милијарди федерална помош со декади и градот им е искрено една од најголемите дупки на планетата.

Посебно е тажно зошто во центарот имаат облакодери од 1900тите кои седат комплетно празни.

Тие куќи ти што ги ставаш на слика,никој не живее во нив целиот народ се има раселено и заради тоа така изгледаат.


.
--- надополнето: 7 септември 2012 во 12:41 ---
4/300 = 0.013% од популацијата. За десно ориентирано, капиталистичко општество, и не е така лоша бројка (од гледна точка на човек шо у глобала 1 недела у живото е бил без покрив над тиквата)...
И сам си кажува снимателот дека се коцкари,наркомани и пијаници.Тоа не се луѓе што работат па да ги жалиш види го цел ден работи како чистач чистејќи позади богатите а
живее во канализација.Не чистачот живее во некој мал апартман или мала куќа.

Клошариве живеат по канализации најверојатно најчесто да избегаат од нешто.Плус и овие што живеат во канализации веќе реков види ги што се имаат.Она во Шутка се гета или циганине што се под новиот мост кај железничка.




.
 
L

Luki Junior

Гостин
Абе ристе, личен избор... Некој упорно преферира социјална сигурност, пред личен избор...
Некој поголем, попаметен, со власт да дојде и да оправе личната драма на горенаведните човеци.... Друг да дојде.... Некој да земе да отворе фабриките, некој да земе да работе, некој да земе да произведува, некој да земе да поведе вај народ напред, некој да земе да ги вработе сите, некој да земе да напраа нешто добро за другите..
Нешто како несебично добро дело, без никаква лична сатисфакција...И за капак да има општествена и групна одговорност, а не лична за сите глупости у целио процес на команда...


Некој друг требало да дојде да ни даде држава, ( лицето на Маршалот), додека у Македонија е имало доволно интелектуален материјал и сами да си го остварат истио сон... Некој друг требало е да ни даде нова интелегенција и средна класа, оти претходната е била малку зафатена со судове, полиции, клеветачи, ОЗНА-нци, удбаши и слични елементи на државнио апарат...
Создадена е “средна класа“ од човеци шо местото не и е там, и на начини шо са малку нелогични и доста интересни за анализа..

средната класа е водач на напредоко у една држава.. не са ни богаташите, не са ни работниците... од средна класа излеват добри човеци оти са доволно уплашени да нејќат да бидат “само“ работници,а у исто време са доволно мотивирани да станат богати,познати, интересни, да покажат оти ги бива за нешто....за повеќе информации, проверејте повеќето активисти од помодерната македонска историја, кој од каква фамилија излева... И дали биле необразовани, непрошетани, или луди идеалисти....
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.667
Мислам дека имам пишано на темава и претходно, ама нејсе. Многу прикриена жолчност, емоционалност и не толку скриено инаетење има во претходниве страници. Не сум југоносталгичар, не сум фатил нешто многу од тоа време, па да се сеќавам, а ни моите не се југовци.
Одредени работи во периодот од 1944/5 до 1991 беа успешно реализирани. Не би било лошо некој да се заинтересира да види колкав бил бројот на неписмено население во Македонија пред ослободувањето, а колкав на пример, две децении подоцна, и на кој јазик имале право да се школуваат и описменуваат. Или какво земјоделие, колку фабрики, болници, училишта, факултети, музеи, кина, театри имало пред ослободувањето, а колку потоа. Или каде имало водоводна, канализациска и електрична мрежа. Да се разбереме, разликите во писменоста кај населението се навистина големи, а сакале да признаеме или не, еден од предусловите за било каков развој е писменоста и образованието.
Не би навлегувал во политиката, многу нешта се познати - политички чистки, ликвидации, ОЗНА/УДБА, уништување на македонското село, неправедни национализации и милион други работи кои нема да се заборават. Не гледам смисла во преповторување.
Одговорот за тоа дали се живеело подобро во СФРЈ не е едноставен. Ако прашате сега некој пензионер на 80 годишна возраст, селанец по потекло, ќе ви каже дека како дете одел по вода до селскиот бунар или чешма 200 метри подалеку од куќата/шталата, користел свеќа или газија навечер, си легнувал со кокошките и имал полски нужник. За него, водоводот, канализацијата, електричната енергија, толку банални денес, биле дар од бога. Истиот, или некој сличен на него, добил шанса да работи во град (не чекал со години), лесно да заработи а да не работи многу (во село е малку поинаку), да има стан, релативно задоволно семејство, да оди на одмори и сл. Денес ваквите се незадоволни старци, со мали пензии, со невработени деца, и со внуци со, сосем очигледно, неизвесна иднина. Дали живеел од кредити, обичниот, прост човек не го интересира. Знае само дека живеел подобро од сега и ќе ви каже дека и сега се земаат кредити, па никому ништо. Ќе ви каже дека и сега има легачки работи, дека и сега имаме ѓубре од економија, дека и сега има партија, дека се краде повеќе од порано, дека се убива повеќе од порано, дека сега има повеќе педофили и наркомани.
Во однос на економијата: со оглед на економско-политичкиот систем кој се покажа неуспешен (ако беше успешен немаше да пропадне, не само во СФРЈ, туку и во СССР и Источна Европа), јасно е дека имало сериозни проблеми, причини за длабока криза на општеството, која се акумулирала и кулминирала во 90-тите.
Арно ама, и тогаш (како и денес) многу пропусти во Македонија имаа политички дури и личен карактер. Многу крупни инвестициски промашувања немаа идеолошка (комунистичка, без разлика дали во тој случај ќе имало успех) заднина, туку се должеа на амбиции и инает на некои наши политичари. Гигантот Фени чинеше многу, и како инвестиција и како загубар, а беше желба на неколкумина од тие краишта, на кои им се можеше, па не се обѕираа на тогашните предупредувања дека од таа работа нема ништо и дека е подобро да се развиваат мали и средни можеби успешни сродни претпријатија, наместо едно големо, со сигурност неуспешно.
Огромниот, нереален буџет за ЈНА е посебна прикаска.
Словенија добро се развивала и тогаш. Како за споредба, според некои истражувања, во почетокот економските разлики, стандардот и сл. меѓу Словенија и Косово (по правило најнеразвиеното подрачје - и тогаш кукале за права) биле 3:1, кон крајот на СФРЈ биле 8:1. Словенците и тогаш работеа, имаа и подобри позиции од македонските, нивните политичари беа поединствени, а Тито беше полу-Словенец.
Дали ништо не се работело тогаш и тоа е малку посложено. Јасно е дека имало многу загубари помагани од државата, која и самата беше помагана со големи кредити. Многу работи тогаш се изградени, за да може така лесно да се каже дека никој ништо не работел а сите земале плата. Поблиску до вистината е дека тогаш сме живееле сон/живот кој повеќекратно ги надминувал нашите реални можности, дека се дозаебавме со криминалната приватизација и дека ни сега не знаеме кај ни е главата.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
Никола, јас воопшто не го бранам системот и не го фалам баш животот во некогашната СФРЈ, а роден сум и живеев во нејзе точно 30 години! Мене лично, не знам за другите, сегашниот живот во Република Македонија како независна демократска држава ми се допаѓа далеку повеќе и далеку повеќе поубаво живеам одколку тогаш. За другите не знам, ова што го пишувам е за мене, по некои мои средни мерила.
kolku godini imas sega ?
--- надополнето: 8 септември 2012 во 23:29 ---
И тогаш имало норми и се произведувало и имало квалитет и не споредувај државна администрација, тие никад не работеле, не работат ни сега, оди во погоните каде имало навистина производство па тогаш зборувај дека не работеле :facepalm:
ako vaka prodolzis da kazuvas vakvi raboti , samo ke ti se smeat
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
112
Поени од реакции
26
ako vaka prodolzis da kazuvas vakvi raboti , samo ke ti se smeat
кој да му се смее на ова, некои деца од 15-20 години?:)навистина мислиш дека тогаш не се работеше и немаше норми?:) и дека администрацијата не беше мрзелива и корумпирана, слично на оваа сега со разлика што овие разгалени административци се бетер од тие старите?:) немој така, верувај дека е БАШ така:)
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
кој да му се смее на ова, некои деца од 15-20 години?:)навистина мислиш дека тогаш не се работеше и немаше норми?:) и дека администрацијата не беше мрзелива и корумпирана, слично на оваа сега со разлика што овие разгалени административци се бетер од тие старите?:) немој така, верувај дека е БАШ така:)
mala grska, mislev za predhodniot post
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
kolku godini imas sega ?
--- надополнето: 8 септември 2012 во 23:29 ---

ako vaka prodolzis da kazuvas vakvi raboti , samo ke ti se smeat
Ако употребиш проста математика лесно ќе дознаеш и нема да ми го поставиш ова прашање :)
И смеј се колку сакаш, се смеам и јас кога читам дека на некои работничиња по фабричиња кои и тогаш ја туркале живеачката на кредит им било поарно во СФРЈ.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
Ако употребиш проста математика лесно ќе дознаеш и нема да ми го поставиш ова прашање :)
И смеј се колку сакаш, се смеам и јас кога читам дека на некои работничиња по фабричиња кои и тогаш ја туркале живеачката на кредит им било поарно во СФРЈ.
ovde tokmu toa i go kazuvam celo vreme ,deka na ,,работничиња по фабричиња кои и тогаш ја туркале живеачката на кредит им било поарно во СФРЈ.,,
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.411
Поени од реакции
9.343
Гигантот Фени чинеше многу, и како инвестиција и како загубар, а беше желба на неколкумина од тие краишта, на кои им се можеше, па не се обѕираа на тогашните предупредувања дека од таа работа нема ништо и дека е подобро да се развиваат мали и средни можеби успешни сродни претпријатија, наместо едно големо, со сигурност неуспешно.

Ајде сега објансни ми како гигантот Фени работи профитабилно и учествува со една петина од целиот бруто домашен производ на државава наша.

Ако не работи Фени отиде у курац и денар и све, па сеа ти кажи ми како тоа тој не работи профитабилно?
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.859
Ајде сега објансни ми како гигантот Фени работи профитабилно и учествува со една петина од целиот бруто домашен производ на државава наша.

Ако не работи Фени отиде у курац и денар и све, па сеа ти кажи ми како тоа тој не работи профитабилно?
Абе ај некако ФЕ-НИ работи профитабилно.
А колку Фабрики од времето на СФРЈ што имаа по 2.000-3.000 вработени денес воопшто не постојат???
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.411
Поени од реакции
9.343
Абе ај некако ФЕ-НИ работи профитабилно.
А колку Фабрики од времето на СФРЈ што имаа по 2.000-3.000 вработени денес воопшто не постојат???
Па затоа што беа фабрики кои се занимаваа со призводство на полуфабрикати, нормално дека нема смисла да постојат.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.667
Ајде сега објансни ми како гигантот Фени работи профитабилно и учествува со една петина од целиот бруто домашен производ на државава наша.

Ако не работи Фени отиде у курац и денар и све, па сеа ти кажи ми како тоа тој не работи профитабилно?
Меѓу тогаш и сега има разлика. Па затоа, ајде сега објасни ми од кога, од која година, Фени работи профитабилно?
Колку што знам сега Фени е приватизиран, продаден на некоја грчка фирма, а поголемиот дел од никелот се носи од странство.
Тогаш состојбите биле поинакви. Во услови на речиси непостоечка пазарна економија, кога пред се` се полагале надежи во сопствени, републички ресурси, вложување во големи индустриски проекти било ризичен чекор, посебно ако се има предвид дека и тогаш имало информации за недостиг на потребните ресурси, или за нивниот слаб квалитет, што се покажало точно. Големите средства вложени за негова изградба и неговата работа тогаш (еден долг период всушност) не ги оправдале големите очекувања.
Јас Фени го дадов само како попознат пример за дел од тогашните политичко-економски состојби. И не беше главната тема на мојот претходен пост.
Инаку и велешка топилница е производ на болната, неразумна амбиција на некои велешани (предводени од Страхил Гигов, чинам) за градење индустриски објекти со специфична, поатрактивна местоположба. Како да ќе беше проблем ако се изградеше 10-20 километри подалеку?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.411
Поени од реакции
9.343
Меѓу тогаш и сега има разлика. Па затоа, ајде сега објасни ми од кога, од која година, Фени работи профитабилно?
Колку што знам сега Фени е приватизиран, продаден на некоја грчка фирма, а поголемиот дел од никелот се носи од странство.
Фени беше продаден на француска фирма а потоа препродаден на друга корпорација. Во моментот кога Фени беше загубар, цената на никелот на лондонската берза на метали беше околу 2 000 долара (ова беше конспирација на западот кој вештачки ја намали цената од 8 000 на 2000 за да големите корпорации на метали купат све што остана од комунистичкиот блок за џабе пари), а на Фени со тогашната технологија производството го кошташе 3 000 долара и беше загубар, после продажбата на Фени се инвестираа средства во нова печка и некако чудно цената на никелот на лоднонската берза се качи на 6 000. Треба уште муабет? Пазарот на никел го држат една рака фирми во цел свет, Фени е ситна риба за нив...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
18.048
Поени од реакции
12.833
Ако употребиш проста математика лесно ќе дознаеш и нема да ми го поставиш ова прашање :)
И смеј се колку сакаш, се смеам и јас кога читам дека на некои работничиња по фабричиња кои и тогаш ја туркале живеачката на кредит им било поарно во СФРЈ.
токму така. Сега жирант е тешко да се најде затоа што банките бараат воглавно потписи од административци или од десетина фирми низ цела Македонија. Не е тешко да погодиме зошто. Друг проблем е не само затоа што е претешко за физикалец да врати рата (несигурност на раб. место, мала плата и висина на плата по кејф на сопственикот) туку и затоа што веќе се презадолжени. Затоа сега човекот се радува оти купил возило старо 12-15 години за 2-3000 евра. Нашите родители купуваа нови возила од салон.
Ова се слики од Brixton,Peckam и Hackney Лондон
.
Остави го на страна европскиот шљам. Види ти што ќе прават граѓаните со домашниот што си игра со државата како да е селска ку**ва.
Бистите на Сандански и Жинзифов остранети од училиштата во Чаир

По таблите со имињата, општина Чаир од училиштата ги тргна и бистите на македонските револуционери и дејци. Празни останаа постаментите на кои стоеја Рајко Жинзифов и Јане Сандански.(обновено 14.55)

Има и теми за џамии во зграда, тепачки и малтретирање на деца македонци, тепања на луѓе во автобуси врз национална основа, закани...сите овие случувања со цел чистење од одредени делови од главниот град.
Значи покрај поголемата сигурност на работните места, реалните шанси да се дојде до стан/куќа возило и друг поголем издаток како обичен работник, покрај големите претпријатија кои остваруваа во сите дејности како и многу помалата задолженост на Македонија и Југославија, ме интересираат нешто вон стопанисувањето.
Ете и за двајцата прашање во врска со безбедноста и мирот низ Скопје (иако претпоставувам дека сте малку далеку од овие случувања за да ги чувствувате секојдневно, односно не живеете во овој дел од Скопје-Македонија па и не знаете со што се соочуваат овде родителите и децата македонци) - дали во Титово време можело да се случува вакво во Скопјето, да се вее знаме на друга држава во половина град. За кој период ова е секојдневие, а за кој исклучок кој веднаш се санкционирал?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom