Колку ти нема ова врска!
Дојди кај мене дома и кај останатите луѓе постари што ги знам,
од Франција, Техеран, Багдад, Истанбул, Нов Зеланд и како шлаг на торта слика од Аушвиц
Затоа не трупај глупости само во Гејлада дека иделе.
едно прашање, на сите тие места отиде баш онака туристички? не работеше?
ако работеше и сега има гурбетчии, нарочнмо оние што се на брод, буквално цел свет го шетаат
познавам доста луѓе што се шетаат сега онака туристички, само се малку поситуирани и се значително помалку од оние кои не се шетаат, кога би направиле споредба колку луѓе тогаш шетале и колку сега шетаат....незнам кој резултат би го добиле....
можеби ако сум бил роден порано ќе сум мислел поинаку, ама последиците од таа држава врз Македонската нација се катастрофални
ова мизерно дереџе на кое сме сега е директна последица на вашето златно време
ќе ти кажам и пример,
неодамна во фирмата кај што работам примивме машински техничар кој 30 години имал искуство, типот не знаеше да работи буквално ништо и само мрчеше кога му дававме задачи, цело време се замуабетуваше со некого, ескивираше, фаќаше кривини, на секои 10 минути одеше до тоалет....се на се искуството од тоа време се манифестира сега
таквиот „работник“ ќе иде силен поборник за „златното време“ и ќе мрчи и те како - оти друго и не знае, се надевам не си еден опд таквите
трагичното е што вакви примери ги има илјадници, типот летна од работа за 40 дена и на негово место дојде еден сличен, во неговиот оддел замирисуваше на ракииче така почесто па третата недела не ја издржа
имаше случки кои ми беа раскажувани од повозрасни луѓе, луѓе кои се фалеа дека спиеле на работното место, дека правеле софри на производна линија, дека намерно ги заглавувале машините за да седат на раат со саати за да ги поправат, имам еден пријател кој дури се има фалено колку колешки ги поминал на работно време....сигурно и ти знаеш некоја таква приказна де, ајде кажи си некоја авантура од тогашното „работно време“