Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Политичката. Онаа на слободно здружување, протест, гласање, правото на различен светоглед од официјалниот и сл.
Протест кој треба да го закажеш , различен светоглед од тој официјалниот редовно младите имале се гледа и по песните од екс ју бендовите кои никогаш не биле цензурирани ама затоа сега нема теорија да ги чуеш заедно со Pink floyd бидејќи глаучите кои ги поседуваат радијата ги забрануваат (освен во ретки прилики) и затоа редовно се пуштаат песните на тони зен слаткар и разни шкартни пеачи и пеачки кои како да се дел од mk ultra ( ова е само пример)
Знаеш како најдобро се гледа колку се слободна оваа земја кој има јајца да излезе пред собрание со мегафон и да почне да вика “вие сте ѓубриња“ без страв дека ќе биде уапсен и малтретиран до крајот на животот?
Во југославија се имало право да се има различен светоглед само приватно исто како и сега , ако премногу правиш бучава се сопнуваш на ќотек, те отпуштаат од работа и 15 инспекции ти висат на врата ( а секој од нас има или дивоградба, бизнис кој е полулегален, кола која не работи светилката или нешто што не се совпаѓа со бирократските прописи кои се невозможни за исполнување па сеа ти види си)
Правото на политичко здружување има цел куп регулативи и потписи колку треба да се соберат за партија формирање ( околу 1000 ) во рок од една недела мислам ( ај да те видам)
Правилата се така поставени што шансите да влезеш во парламентот како независен пратеник се еднакви на нула, дури и да влезеш нема да можеш ништо да направиш
Гласање ако го сметаш за слобода тогаш главно грешиш основните функции на тие избори се да се даде илузија дека имаш избор и дека твојот глас важи нешто што не е така, ниедна власт досега не ги исполнила желбите на овој ниту го прашала што сака после изборите или пак доколку имало бунење , мрчење за некоја одлука ниту ја испочитувала војлата на народот

Пак да прашам која слобода?
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Lupos, да те посоветувам бидејќи студирам на политички:

Негласањето, апстиненцијата, е двапати полошо, отколку гласањето за погрешна личност. Затоа што со чинот на апстиненција дозволуваш оној што гласал да решава за тебе и пак си во загуба. Пасивноста и рамнодушноста не даваат ни можност, ни надеж за подобро утре.
Објасни ми ти зошто ти е различен светоглед и политика за дома!? За кафе-муабет со другарчињата? Објасни ми зошто е забранета Лева патика и Неправда? Нели песните тогаш не биле цензурирани?

Значи имало цензура и ограничена слобода. Затоа добро го поставив прашањето: дали сакаме слобода или сигурност? Ако си го читал Хобс, можеби ќе разбереш.
 
зошто да гласам кога знам дека на крај исходот ќе биде ист, истите одлуки ќе бидат донесени само ликовите различни. Ние немаме никакво влијание во крајниот исход преку легален пат, преку нелегален да ама јајца се немаат.
Е де ја симнал некој гзолижач да улижува на Тито , не е прв пат пред некое време симнаа една престава во битола мислам дека беше нешто за маршалот.
Оди послушај ги азра малце ќе видиш 100 пати побунтовни стихови и затоа никаде нема да ги чуеш по станиците.
Цензура постои само што за разлика од тогаш денеска не завршува јавно на во весниците се прави подмукло и тивко. Ако мислиш дека интернетов што не го цензурираат грешиш многу не ни мораат да го цензурираат туку го преплавуваат со тролови за да создадат слика дека народот е согласен со ставот на една од партиите вмро или сдсм и дека нема друго , црно или бело, розе или црно нема помеѓу итн.

Ај пак ќе прашам дали имаш јајца да излезеш со мегафон пред собрание и да викаш ѓубрињааааааааааааааа?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Lupos, да те посоветувам бидејќи студирам на политички:

Негласањето, апстиненцијата, е двапати полошо, отколку гласањето за погрешна личност. Затоа што со чинот на апстиненција дозволуваш оној што гласал да решава за тебе и пак си во загуба.
Ај ко студираш на политички просветли не: да ти го бапни магаре (Вмро), да те касни змија (Сдсм) шо ќе одбериш? Некогаш и седењето дома е паметна работа, само во последно сите имаат капче на глата (црвено или плаво) па го слушаат војводата шо ќе речи, не мислат со глајте.

Во СФРЈ не се мачеа со таа проблематика.
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Ај ко студираш на политички просветли не: да ти го бапни магаре (Вмро), да те касни змија (Сдсм) шо ќе одбериш? Некогаш и седењето дома е паметна работа, само во последно сите имаат капче на глата (црвено или плаво) па го слушаат војводата шо ќе речи, не мислат со глајте.

Во СФРЈ не се мачеа со таа проблематика.
Колку и да ти звучи неудобно или безобразно, партиската поделеност е добра и здрава за општеството. Затоа што таа создава услови за борба, за наметнување на ставови, за различни гледишта, за различни решенија. Тоа е главната придобивка на плурализмот. Рамнодушноста, апстинирањето и одбивањето на луѓето да учествуваат во носењето на одлуки во историјата се покажало кобно: им помогнало на луѓето како Хитлер и Мусолини да го канализираат тоа незадоволство, ветувајќи сигурност, а исполнувајќи тоталитаризам и едноумие.

Па, ти пак, не мачи се со таа проблематика: остави ги друите да решаваат за тебе. Само да не ти биде криво подоцна.

П.С. Истава реплика важи и за Лупос.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Колку и да ти звучи неудобно или безобразно, партиската поделеност е добра и здрава за општеството. Затоа што таа создава услови за борба, за наметнување на ставови, за различни гледишта, за различни решенија. Тоа е главната придобивка на плурализмот. Рамнодушноста, апстинирањето и одбивањето на луѓето да учествуваат во носењето на одлуки во историјата се покажало кобно: им помогнало на луѓето како Хитлер и Мусолини да го канализираат тоа незадоволство, ветувајќи сигурност, а исполнувајќи тоталитаризам и едноумие.

Па, ти пак, не мачи се со таа проблематика: остави ги друите да решаваат за тебе. Само да не ти биде криво подоцна.

П.С. Истава реплика важи и за Лупос.
Оф мори муко кај нас нема дебата , кај нас има натпревар во навредување кој повеќе ќе извреѓа некој. Ние немаме дијалог, јавноста не е вклучен во тој дијалог бидејќи јавноста одамна има став кој не и се допаѓа на “спротиставените “ страни кои уствари се страните на една иста паричка и имаат ист газда, јавноста е обединета по неколку прашања( можеш да погодиш кои се) кои никогаѓ нема да се решат со гласање туку со колење и бесење на политичари и олигарси. Ќе повторам ние немаме демократија , ние имаме нешто што е привид на демократија која треба да не држи покорни за да не експлатираат истите кои ги финансираат партиите. Најголемата лага што ни ја кажаа е дека имаме слобода и дека ние влијаеме што се случува во политика тоа не е така ние само бираме кој тип на пропаганда ни се допаѓа повеќе и која лик ни се свиѓа.

Пак да прашам дали имаш јајца сам да излезеш со мегафон и да им викаш ѓубриња пред собрание?
 
Член од
10 јули 2010
Мислења
127
Поени од реакции
45
Политичката. Онаа на слободно здружување, протест, гласање, правото на различен светоглед од официјалниот и сл.
Абе друже што ќе ти е протест или гласање кога би имал кров на глава,сигурна работа,кога како што кажа претходно некој член на форумов сабота и недела ти се слободни денови па можеш да им се посветиш на семејството,кога знаеш дека секое лето ќе одиш на одмор:toe:
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Оф мори муко кај нас нема дебата , кај нас има натпревар во навредување кој повеќе ќе извреѓа некој. Ние немаме дијалог, јавноста не е вклучен во тој дијалог бидејќи јавноста одамна има став кој не и се допаѓа на “спротиставените “ страни кои уствари се страните на една иста паричка и имаат ист газда по неколку прашања( можеш да погодиш кои се). Ќе повторам ние немаме демократија , ние имаме нешто што е привид на демократија која треба да не држи покорни за да не експлатираат истите кои ги финансираат партиите. Најголемата лага што ни ја кажаа е дека имаме слобода и дека ние влијаеме што се случува во политика тоа не е така ние само бираме кој тип на пропаганда ни се допаѓа повеќе и која лик ни се свиѓа.

Пак да прашам дали имаш јајца сам да излезеш со мегафон и да им викаш ѓубриња пред собрание?
Тоа ти се вика површно размислување. Ако вака размислуваа сите, се уште ќе имавме 1 телевизија, 1 дневен весник, 1 супермаркет, 1 вид на облека итн.
Лупос, не секогаш она што го гледаш на телевизија, снимките од 35 секунди за кавгите во Собрание е реалноста. За волја на вистината, таму постојат и луѓе кои сериозно и одговорно работат, постојат разни комисии, тела и сл. Ние сакаме со нецели 20 години плурална демократија да се доближиме до западноевропските стандарди на 200-300-500 години демократија и плурализам.
Не оди тоа така брзо.

За дебатите: секоја дебата, во секоја држава од регионот и во Европа, помалку или повеќе се заснова на лично дискредитирање на противникот. Освен во Британија, заради тамошната долга историја и традиција, и пред се политичка култура - нешто што кај нас допрва треба да созрее.

За јајцата и мегафонот: постојат и подобри начини за искажување на незадоволството, но дури и кога би се одлучил да излезам со мегафон, не би го сторил тоа сам, туку би собрал колку-толку поддржувачи, за поголема легитимност и бројност на револтот/протестот.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Без навреда дечко али дали ти си свесен која вукојебина била македонија после втора светска војна со неписмено население ( пази неписмено ) и каде се протегал еден од фронтовите каде се водела војната?
Скоро целата инфраструктура во државава е наследство од тие “клети комунисти“ вклучително и разно разен кадар меѓу кои и лекари и сето тоа направено во рок 45 години од прост неписмен народ .
2-3 патишта и една брана не се смета за богзнае што инфрастуктурно градење дури и тоа што го оставиле бакшиш не знаеме да го одржуваме затоа се почесто се давиме со 4 центиметри снег, се поплавуваме секоја пролет и есен, дупки зјаат толкави и она што излегува од факултет не знае да разликува слон од жирафа и е понеписмено од моите родители .
А канализација и водоводи ни градат од европа како донација пошто ние не сме способни самите ни врвките да си ги врзиме .
Македонија да била независна после ВСВ , а не во Југославија,ГАРАНТ сама ќе си ја изградела таа инфраструктура, п аи многу повеќе од тоа..и не туку ги величи толку комунистите...колку корист дупло поголема штета сме добиле со тоа ''братство-единство'' ...се што било убаво и квалитетно од нашата земја одело горе..а на нас ни фрлале трошки како на голуби..
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
792
Поени од реакции
327

Koga samostojna Makedonija ke izgradi objekt kako REK Bitola, FENI, SILMAK i red drugi, fabriki so i denes se stolb na makedonskata ekonomija ke pravime muabet.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Koga samostojna Makedonija ke izgradi objekt kako REK Bitola, FENI, SILMAK i red drugi, fabriki so i denes se stolb na makedonskata ekonomija ke pravime muabet.
А што со другите у вредност од 15 милијарди долари ли беа евра не е битно.
Што со ФАС 11 октомври на пример продаден за 1 милион, и со стотина слични приказни ?
Народов е овде стадо овци.
Политичарите наши се најголеми ѓубриња на планетава.
Само гилотина на плоштад, друг спас нема.
Може ќе ги смениме старите со нови ѓубриња ама барем ќе го добијат тоа што го барале.
Само што овој народ нема муда.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Koga samostojna Makedonija ke izgradi objekt kako REK Bitola, FENI, SILMAK i red drugi, fabriki so i denes se stolb na makedonskata ekonomija ke pravime muabet.
Ја сум сигурен друже дека со паметна политика можела и многу повеќе да изгради...и друго сум сигурен..ние во таа заедничка федерација сме давале многу повеќе, од што нас ни било возвраќано
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
nikoj ne pravi muabet tuka za nacija tuku za drzava
site imame razlicna nacija
MAKEDONEC
SRBIN
ALBANEC
HRVAT
CRNOGOREC
BOSANEC
SLOVENEC
seto ova bilo bratstvo edinstvo
katolik pravoslaven i musliman
tito i svojata druzina bratsko steblo uspeal da go soedini
svetot do den denes nema da go napravi toa ni za 1000 godini
epa sega imalo diktatura epa mnogu jasno
e kade ima demokratija ne ve razbiram luge
ne plukaj po lebot ke te kazni goli otok
epa NEPISMENA BAGRO
NEKA VE EBE POLITIKATA SEGA ROBOVLADETELSKA
i plukajte po TITO
ne bila komunisticka Jugoslavija tuku SOCIJALISTICKA
prvo procitajte nekoja kniga pa posle SERETE SE NASEKADE
ebati prostiot narod sto go imame a i ke ostaneme
 
Затоа после само 1 година од распадот сите БРАЌА се испотепаа меѓу себе, од што толку многу се сакале и што Тито другарот успеа да направи сите да се љубат меѓу себе..
Хрват со Србин, Словенец со Хрват, Хрват со Муслиман, Муслиман со Србин, Србин со Албанец , Македонец со Албанец.. абе седи љубав цвета на сви стране :tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom