Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
504
Поени од реакции
274
Ебхххе живот на кредити. Така било и тогаш само полошо :)
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Мислам дека се заплеткуваме во ваков разговор и не може да дојде до некаков исход затоа што треба да се измери ПОДОБАР живот во две ЛОШИ општества.

Лично мојот живот отприлика половина го поминав во СРМ „под рамките“ на Југославија (по дефиницијата на Ченто) и другата половина во независна Македонија. Обично секој го фали старото, таква е човечката тенденција. Старото вино е секогаш подобро но реално мислам дека и двете општества, едното беше а другото е сега КАТАСТРОФА.
Вие помладите не им верувајте на старите поради човечката потреба да го фали старото вино. Југославија беше трула замачкувана со лажен морал и со лажни митови за себе. Служев во ЈНА и тоа иако верно и наивно, сепак сфатив од ова армија не бидува. Се сеќавам на слики во трпезарија од сите страни летаат топчиња со леб. Цела војска туткаат од лебот и се маваат еден со друг како со топки снег. И тоа во една од подисциплинараните касарни. Не знам дали да раскажувам што гледав во другите касарни. Во една од касарните, беше голем проблем за голема нужда. Целата просторија со вциња беше покриено со 15 сантими гомна од кои 10 сантими осушено и стврднато кој знае од кога неисчистено. За да се олесниш требаше со чизмите да расчистиш од помекиот слој за да можеш да клекниш. Ви кажувам чиста вистина, а јас гледав и не ми се веруваше. ЈНА беше фрлање на пари. Еден куп на застарена опрема со застарени војнички правила и култура. А трошеше огромни суми од народот. Сопствено производство на ова она. Се беше по странски лиценци и тоа на отфрлени концепти на другите армии. Кои и подоцна се докажаа не многу квалитетни само да се гради гордоста односно да се сочува митот.
Се помислив да се искажам јавно пред офицерот за безбедност кога беше собран цел батаљон. Но си реков ајде да не правам многу драми. Но затоа пред заминување отворено проговорив со другите војници дека е ова сељачка војска во која не се негува интелегенцијата и да не подбери некој поефикасен народ Данци, Швеѓани би не прегазил, а од ЈНА не би останало ништо. Прво се побунија, дека не може така да е, ние сме силна армија, ние југословените сме нешто силно, посебно. Но по некој ден ја прифатија реалноста за напумпаниот балон-мит (што им го истишив) и признаа дека ова е „сељачка војска“.
Тоа беше општество што се распаѓа и морално и економски. Како сликовит пример одраз за моралниот распад ги гледам „Жикина династија“ и сличните филмови, а за економскиот распад откривањето на начинот на функционирање и пропаста на гигантот „Агрокомерц“ во Босна - многу слично на грчките задолжувања.
Впрочем распадот на Југославија се погоре напишано го потврди.
Сега се продолжуваат старите митови. Пример Југославија била светска спортска велесила. Вистината е дека Југославија освен 3-4 колективни спортови од кои најзначајна со континуирани успеси беше кошарката не можеше многу да се пофали со спортски успеси. Ако се погледне статистиката од бројот на освоените медали од Олимписките игри, Југославија беше прилично спортски неуспешна. Стоеше далеку позади Унгарија, Романија, Бугарија, и скоро сите западни европски држави со двојно или повеќе помало население.
Една земја од 23 милиони, со планини и со снежни зими, а немаше ниту еден медал од зимски олимписки игри. Никаков, ниту еден. Едвај да испраќаше спортска делегација на ЗОИ. По некој словенец во алпските спортови. Дури на ЗОИ во Сараево беше освоен првиот медал, сребро за Јуре Франко во велеслалом.

Во Југославија (по)добри страни беа: здравството, правата на работниците, братство и единството меѓу народите - тоа за тогаш не беше лага, безбедност - ниско ниво на класичен криминал, меѓународно вреднување, политичка, а и културолошка доминација на Балканот. Планско стопанство си имаше мани но и некои свои предности во однос на денешнoто survival-џунгла стопанство.
Успехот на Кина докажа дека „не е важно дали мачката е црна или бела важно е да фаќа глувци“ - Денг Хсјао Пинг. Кинезите градат капиталистички социјализам. Планско стопанство со капиталистички пазар и тоа со неверојатни разултати. Што значи левица, десница не е битно. Се се тоа ограничувачки шаблонизации кои водат кон бескрајни судири, поделби и расправии. Не е битно ВМРО-ДПМНЕ како десница или СДСМ како левица и дека во се треба така да се однесуваат. Битно е да има одлуки кои ги исполнуваат целите кои сите заедно сме ги поставиле како цели.

Ако мериме само убав живот како живот на поединецот и семејствата може да се каже дека Југославија имаше кратки периоди на убав живот, независно дали лажен, кредити или како и да било. Би ги издвоил 70тите со мирен живот успаванка каков што никогаш немало на планетава и животот во времето на Анте Марковиќ. Но никој не може да каже дека во независна Македонија имало било кога барем 1 година на убав живот.
Би ги отфрлил и двете општества како штетни и назадувачки за македонскиот народ. Ако сум принуден да избирам да живеам во едно од двете времиња би го избрал сегашното само поради еден факт: Сега тешко можеш да победиш, затоа што системот ги затвора сите отвори за да постигнеш слободен, независен и економски достоинствен живот каков што сакаш. НО ИМАШ МОЖНОСТ ДА СЕ БОРИШ. Кој знае можеби некој од нас ќе биде доволно паметен за да најде отвор и да го победи системот. Доволно е еднаш еден вистински човек да го пробие системот и тоа да овозможи неколку децении квалитетен човечки живот.
Во Југославија едноставно не ти беше дозволено да се бориш. Психолошката поставеност беше како да те потиснал тежок бирократски шифоњер кој го носиш на грб каде и да одиш што и да правиш. А митолошката и идеолошката обработеност беше таква што и безначаен обичен човек кој е борец за свој слободен живот, автоматски беше осуден и отфрлен не од власта туку од луѓето во 99%.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Шеќерна табла,чоколадо за готвење или чоколдадо со оризз во кое повеќе имаше ориз тоа ли го сметаш за чоколадо
Да можело да се увезе мерцедес,ауди или бмв ама требало да се опрчиш пари колку 5 тристачи
Баш пордаи таа книшка што не сакал таткоми да ја извади во шеесетите години бил принуден да мигрира во Франција па таму да бара непартиска работа
Бем ти југославија и удбашко страње
Не бе какви шеќерни табли и за готвење, имаше и такви али имаше кој сакаше и можеше да земе и млечни и со лешници и полнети со рум и крем блок.... Можи тебе ти земале само шеќерни табли па не си знаел дека постојат и други а инаку од 21.000.000 југословени, 200.000 имаа партиски книшки, таткоти не заминал оти немал книшка кузнај каква мрачна тајна крие од тебе па се вади на политика дека морал да избега, 60 сетите југославија баш беше под западно и америчко влијание и во култура и музика и облека после 70 десетите пак се свртивме појќе кон исток, а инаку се возеа и мерцедеси и бмв имаше и фиат 132 и ситроени... имаше бе народо пари и работа не е ко сега да пребарува по контејнери за јадење и шета со папка со слика од болното дете да моли пари и милост да го оперира и да менува партија после избори за да се зачлени во победничката за да остане на работа, слушаш бе на снимките од заев, се закануваат со ликвидации бе ако не си со нив, со бркања од работа тие кои немаат книшки, со плаења на имоти и правње живот пекол ако не си гласал за нив. Татко ти да беше тука сега ќе се пријавеше за мисија на Марс да избега од ова канализација а не франција[DOUBLEPOST=1436711807][/DOUBLEPOST]
Служев во ЈНА и тоа иако верно и наивно, сепак сфатив од ова армија не бидува. Се сеќавам на слики во трпезарија од сите страни летаат топчиња со леб. Цела војска туткаат од лебот и се маваат еден со друг како со топки снег. И тоа во една од подисциплинараните касарни. Не знам дали да раскажувам што гледав во другите касарни. Во една од касарните, беше голем проблем за голема нужда. Целата просторија со вциња беше покриено со 15 сантими гомна од кои 10 сантими осушено и стврднато кој знае од кога неисчистено.
А која класа ВЕС и ВП си бил?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
не си бил ти војска
....дефинитивно не бил, а очигледно нема ниту блага престава за што збори......:):) ......она со 15 сантима говна од кои 10 исушени му е ептен маштовито , ко од некој холивудски прирачник за пишување сценарија за амбизиозни почетници.... ;)
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
не си бил ти војска
Проверив сум бил ВП 6719 па ВП 2269 (онаа со ужасот од вц). ВЕС 11718. Задоволен o_O[DOUBLEPOST=1436721219][/DOUBLEPOST]
....дефинитивно не бил, а очигледно нема ниту блага престава за што збори......:):) ......она со 15 сантима говна од кои 10 исушени му е ептен маштовито , ко од некој холивудски прирачник за пишување сценарија за амбизиозни почетници.... ;)
Она кое го видов го нема во ниеден филм и во никакво филмско сценарио, тоа не можи ни да се измисли. Прашај ги тие кои служеле во Вировитица. За моја среќа не бев долго таму.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Проверив сум бил ВП 6719 па ВП 2269 (онаа со ужасот од вц). ВЕС 11718..
A која класа беше?[DOUBLEPOST=1436723723][/DOUBLEPOST]
....дефинитивно не бил, а очигледно нема ниту блага престава за што збори......:):) ......она со 15 сантима говна од кои 10 исушени му е ептен маштовито , ко од некој холивудски прирачник за пишување сценарија за амбизиозни почетници.... ;)
знам дека не беше се гледа од километар али ќе го истераме ова на чистина
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
A која класа беше?[DOUBLEPOST=1436723723][/DOUBLEPOST]
Септемвриска класа.
знам дека не беше се гледа од километар али ќе го истераме ова на чистина
Кај мене е секогаш чисто. Не губи си време... да истеруваш на чистина нешто што ниту има нешто нечисто за да се исчитува ниту е многу важно. Можам да ти кажам во времето на распадот на Југославија да имаше било какво пројугословенско движење јас ќе бев дел од него.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Не бе какви шеќерни табли и за готвење, имаше и такви али имаше кој сакаше и можеше да земе и млечни и со лешници и полнети со рум и крем блок.... Можи тебе ти земале само шеќерни табли па не си знаел дека постојат и други а инаку од 21.000.000 југословени, 200.000 имаа партиски книшки, таткоти не заминал оти немал книшка кузнај каква мрачна тајна крие од тебе па се вади на политика дека морал да избега, 60 сетите југославија баш беше под западно и америчко влијание и во култура и музика и облека после 70 десетите пак се свртивме појќе кон исток, а инаку се возеа и мерцедеси и бмв имаше и фиат 132 и ситроени... имаше бе народо пари и работа не е ко сега да пребарува по контејнери за јадење и шета со папка со слика од болното дете да моли пари и милост да го оперира и да менува партија после избори за да се зачлени во победничката за да остане на работа, слушаш бе на снимките од заев, се закануваат со ликвидации бе ако не си со нив, со бркања од работа тие кои немаат книшки, со плаења на имоти и правње живот пекол ако не си гласал за нив. Татко ти да беше тука сега ќе се пријавеше за мисија на Марс да избега од ова канализација а не франција[DOUBLEPOST=1436711807][/DOUBLEPOST]
А која класа ВЕС и ВП си бил?
Не ме знаеш лично ни па финансиската состојба а одма тврдиш дека мене ми купувале шеќерни табли,чоколадо со ориз или за готвење ама да ти кажам дека си во голема заблуда.
Не бе друже кога ја јадев чоколади тоблероне,милка,крем нутела тука фраер беше ако излезеш надвор со намачкана кришка крем таково кој летно време го ставаа на тераса да се пушти за да може да се нанесе на 2-3 дена стоено лепче
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019

Еурокрем на тераса да се пушти? И на леб од 2-3 дена ? Во СФРЈ ? Ти очигледно си бил на некои предавања ама што си запамтил кој знае !
Колку за твоја информација Еурокремот од Таково беше многу потечен од покасните негови варијанти ( агрокрем од ресен потоа тој на Витаминка не му го памтам името) така да немало резон да се става на тераса да се пушти !
А за лепче од 3 дена да ми извиниш , до тоа дереџе ниеден Македонец во СФРЈ не догурал !
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Септемвриска класа.

Кај мене е секогаш чисто. Не губи си време... да истеруваш на чистина нешто што ниту има нешто нечисто за да се исчитува ниту е многу важно. Можам да ти кажам во времето на распадот на Југославија да имаше било какво пројугословенско движење јас ќе бев дел од него.
знам дека ќе беше пошто ти ни Ј од Југославија немаш видено те исплашија во комитето дека тогаш колеле македонци и спалувале живи луѓе.
Од страв збораш и шириш невистини.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
знам дека ќе беше пошто ти ни Ј од Југославија немаш видено те исплашија во комитето дека тогаш колеле македонци и спалувале живи луѓе.
Од страв збораш и шириш невистини.
Јас бев на едно 5-6 години пред растурањето на Југа во војска , се гледаше дека не мириса на арно ама до толку , како што опишува сардаукар не верувам дека стигнало !
Кај нас ,( Чапљина 85-86 ) имаше периоди на еднолична исхрана и привилегирање на србите ама останатото се си беше на ниво .
Ете јас бев инструктор и десетар и никој не ми вршеше притисок за во партија . Прашаа еднаш им реков дека не сум материјал за тоа и ме оставија на раат.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Не ме знаеш лично ни па финансиската состојба а одма тврдиш дека мене ми купувале шеќерни табли,чоколадо со ориз или за готвење ама да ти кажам дека си во голема заблуда.
Не бе друже кога ја јадев чоколади тоблероне,милка,крем нутела тука фраер беше ако излезеш надвор со намачкана кришка крем таково кој летно време го ставаа на тераса да се пушти за да може да се нанесе на 2-3 дена стоено лепче
Шом не си знаел дека во југославија имаше барем 30 разни видови чоколада од 6-7 разни фабрики од млечни па со овошја па со лешници цели со лешници кршени па млечни па со рум.. значи не си видел во живот, не си пробал никој не ти купил. Шом не си знаел дека имало појќе од еден тип на куќа или појќе од еден модел на кола значи си живеел негде далеку од цивилизација во мошне тешки услови
Друго објаснување нема, на интернет да искуцаш ЧОКОЛАДИ СФРЈ ќе ти излезе што е се праено, па имаше марлборо, кент честерфилд лорд ронхил данхил ХБ камел... цигари, водка виски шток векија вермут рум.... имаше се и сешто ти појма немаш, не си видел не ти купиле.
Ај објасни ми како не си знаел ете на пример за краш чоколади, хрватски секакви од млечни преку овошни до со лешници?? никогаш не си добил не си пробал???[DOUBLEPOST=1436731687][/DOUBLEPOST]
Јас бев на едно 5-6 години пред растурањето на Југа во војска , се гледаше дека не мириса на арно ама до толку , како што опишува сардаукар не верувам дека стигнало !
Кај нас ,( Чапљина 85-86 ) имаше периоди на еднолична исхрана и привилегирање на србите ама останатото се си беше на ниво .
Ете јас бев инструктор и десетар и никој не ми вршеше притисок за во партија . Прашаа еднаш им реков дека не сум материјал за тоа и ме оставија на раат.
Mи идеа мене од чапљина шофери и се гледаше дека ги држат на строга дисциплина посебно имаа накаков страв од десетари што во мојата единица не беше случај дури и ми беше чудно кога ќе ги поздравуваа и велеа “Друже десетару дозволите...“ јас ја држев единицата полабаво не во дисциплина туку во меѓусебни односи беа помалце официјални од колку во некои други, кујната се разликуваше од касарна до касарна исто како што сега имаш разлика во град од ресторан до ресторан, телешка чорба не секаде е исто убава, имам бидено што пократко што подолго во мислам или 8-9 касарни башка еден куп денови недели и месеци собрани на терен и знам дека не секаде храната беше добра али то е, таа ја готват готвачи кој подобро кој полошо обучен или кујните кои посовремено опремени кој послабо.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom