Heмаше партиски вработувања тогаш, од 21 милион народ имаше околу 200.000 припадници на партијата а вработени имаше многу повеќе. Не беше услов да се вработиш партиска припадност туку услов беше дека не си вработен
Чоколади имаше многу и производители и типови, можеше и звечево и европа и тоблероне и пионир и канди..
типови на куќи немаше помини разгледај наоколу најголем број на куќи се изградени во сфрј кој колку можеше и каква сакаше во склоп на план, на 1 спрат на 2 на 3 70 квадрати 100, 200 квадрати
коли во југославија се произведувале фијат 750, фијат 1300, застава 101, опел ИДА, Волксваген буба, Волксваген голф, рено, ситроен, југо.. а имаеш и преставништва на БМВ, Лада, ситроен, рено опел.. можеше кој сака и од странство да си донесе во склад на закони и прописи кола и нова и половна, и мотори се продаваа и се возеа и томос и ЧЗ и МЗ но и БМВ и кавасаки и сузуки
јас не бев член на партија а се вработив после 4 месеци чекање на биро, во градежна фирма - канцеларијска работа. Имаше и такви кои чекаа и подолгио имаа и пократко шо чекаа, имаше ти такви кои одбираа сами работа која сакаат.
Ова само колку да ти кажам кои невистини ти ги кажуваа, да не те замарам како беше школство здравство социјално, работнички права безбедност и сигурност...
денес мора да си партиец за да добиеш работа, и во комуналец и во министерство - треба книшка, мора и да задржиш работа да смениш партија да одиш во она која е на власт мора да одиш на митинзи контрамитинзи мора да те штиклираат дека си бил да гласаш и за кој си гласал и колку луѓе си донел да гласаат. Денес партиите во милионипол Македонија имаат членови колку СКЈ во 20 милиони Југославија. Се е исполитизирано, се смени власт = се менуваат директори на школи музеји театри болници ....(чија работа нема врска со политика) а тие таму си менуваат шофери секретари портири... стават свои прераспределуваат или бркаат од другите. Такво нешто немаше, Немаше ни луѓе шо јадат од контејнери ни луѓе шо се спалуваат по улици во очај ни толку криминал ни толку невработеност ни толку мали човечки и работнички права.Странци идеа масовно на лето овде и германци и англичани и американци и чеси и холанѓани и пољаци слободно се движеа без пратња без надзор и носеа убави спомени и од земјата и од гостропримството и од љубезноста на народот. Тогаш Македонија си беше Македонија, не беше ФИРОМ и не можеше влада во Тирана или Атина или Бугарија да ни кажува шо да менуваме или како да се понашаме. Имавме достоинство и сила.