Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.582
Поени од реакции
7.991
Ако не чини магнетната зошто се чека 3-4 месеци за преглед?
Па читај ме што ти пишав! НЕ СЕ КОРИСТИ за итни состојби пошто некад снимањето одзема долго време и во однос на компјутерната томографија, може само меко ткиво подобро да визуализира. Ммногу болници од таа причина не го купуваат, па затоа го има само во поголемите болници (регионалните центри) кои нудат по-специјализирана здравствена услуга.
Прилепската болница во близина ја има битолската така да не може да се зборува дека е некој голем клинички центар.
 
Последно уредено:
M

Moon Child

Гостин
А бе кој живеел подобро алооооо?Дефинирај ја таргет групата во таа држава,разбираш ли.И што подразбираш под подобро живеење?

Разликата помегу мене и тебе е голема.Ти си воспитан да ја сакаш србославија,а јас сум воспитан да ја сакам Македонија.Ете во тоа е разликата помегу мене и тебе.А за оденсувањето може да се види од твоите постови.

Во мојата фамилија никој не бил воспитан да ја сака таа држава.Затоа и гниеле на Голи Оток.А зошто?Да ти кажам јас зошто.Кога ке ти одземат се што е печалено со векови од твоите предци од комуњарите,и да те стават на дереџе да страдаш за леб тогаш јас и ти можеме да разговараме.

Затоа не ја напнувај темата,ок.......
Обичниот граѓанин и работник живеел подобро.
Денеска граѓанин и работник не постои. Постојат робови и експлоататори. Постојат странски инвеститори, кои доаѓаат кај нас да отвараат фабрики, затоа што никој во Европа и светот не работи за 150 евра плата и е среќен поради тоа. Постојат Македонски газди на претпријатија, кои не те пријавуваат за вработен, и со тоа не добиваш здравствено осигурување. Или те осигурува на пола работно време.
Во времето на Југославија, немало училишта кои носеле имиња на Хасан Приштина, и останати борци за Велика Албанија, училиштата се викаа Васил Главинов, Кочо Рацин, Блаже Конески, Гоце Делчев, ЈХК Џинот итн. Сега не се викаат повеќе така. Сега ги преименуваа, и никој не писна.
Во времето на Југославија немало министер кој пред 10 години ја тероризирал таа земја. Сега има и е/беше министер за одбрана.
Во времето на Југославија немаше директорчиња кои си играа курташак со фабриките и работничките права. Татко ми работеше, и беше акционер во фабриката каде работеше. Обичен работник, поседуваше одреден дел од акциите, и ако не сите, повеќето работници таму беа акционери. Под присила ги продадоа акциите на директорот, селанец со основно одделение, од село Смиловци, кој ја разеба фабриката, и платите од 300 евра, ги симна на 100, го смали производството и ги избрка пола и повеќе работници. Татко ми сега во оваа Македонија е таксиста на 50 години.
Познавам уште еден куп такви човечки судбини. Од први комшии, до роднини. Од работници во Порцеланка, до работници во Ветекс, Свилара, Жито Вардар, и останати Велешки гиганти од времето од кои сега е останато рушевини, продадени во сомнителни приватизации, на сомнителни газди.
Тоа што некогаш се ценел трудот, и што трудољубивиот напредувал, сега напредуваат луѓе кои незнаат да бекнат на македонски јазик, и луѓе кои се дежурни по штабовите и мафтачи по митинзи.
И не е само во Македонија, еве јас во Црна Гора живеам, луѓето и овде патат и страдаат за Југославија, за тоа време. И овде после распадот се распродадени гиганти, затворени фабрики и северот од земјава дише на шкрги. Младите бегаат према југ, или по Европа. Лугето во таа Југославија купувале куќи и викендички на приморје. Денес луѓето неможат до плац да се докопаат.
Мојот сопруг е од Република Српска, Босна и Херцеговина. Несакаш да знаеш какви ужасии ми има раскажувано што со свои очи гледал, што се слуучувало во војната после распадот на Југославија. Со свои очи гледал како куќата им гори до темел, и како мајка му со него мал, брат му и трудна со трето дете, бегала пешки од Тузла до Добој. Уште памти како додека бегале, гледал цела планина во пламен.Памти како по било по камповите, и сето тоа ми го има раскажувано. Сето тоа не се случило додека Југославија траела, туку веднаш после неа. Додека Југославија траела, мајка ми, со своите две сестри, со воз од Велес до границата на Словенија со Австрија била да го посети татко ми во војска, успут се шетале по Хрватска и биле да преспијат кај девојка што се допишувала со тетка ми, а која предходно никогаш ја немале запознаено. Оди сега проговори на пат со некој што не го познаваш.. Сами три женски од по 18 години. Тргни сега во 2015 година да те видам, ќе те расчеречат жив и ќе те продадат, едниот бубрег во Дубаи, другиот во Катар, или којзнае каде ќе те лапне темницата, а уште од Македонска граница не си излегол.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.582
Поени од реакции
7.991
Југославија живеела добро (ако може така да се каже) не заради продуктивноста на економијата, туку заради финансиските средства и огромната технолошка помош од западот, бидејќи била на границата на двата блока на студената војна и нормално посакувана како буфер зона. Кога сета таа бајка заврши, немаше причина повеќе да постои таа творба, па затоа и престанаа финансиите од надвор, а со тоа и се случи тоа што се случи.
Некои ќе кажат во тоа време се граделе куќи, купувале станови, ама никој не прашува од каде биле тие пари. :icon_mrgr:

Сценава од филмов све добро кажува :coffee:

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.552
Поени од реакции
5.807
Да, во право си. Тогаш влегувале финансиски средства од странство.
Сега не.
Затоа Македонија ја дочека 1991-ва со 1 милијарда надворешен долг
Сега има 5-6 милијарди
Тонч[DOUBLEPOST=1436601907][/DOUBLEPOST]И ...
анкета на германската фондација Фридрих Еберт, според која 52,8 отсто од младите од Македонија би се иселиле од земјата.
 
Некои работи нема никад да се сменат, само интерпретацијата е сменета.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Еве ви ја убавата и јака држава по која плачете и што ја величате!

Нулите на банкнотиве не можеш да ги доброиш, а што можеше да се купи со една банкнота не вреди да се спомне. Толку беше јака и силна таа СФРЈ по која плачете денес! Главен хит беше да се штеди во Германски Марки и Швајцарски Франци и тоа парите да се чуваат под перница а не во банка зашто не знаеш за колку уште утре ќе девалвира динарот. Е стварно, убаво беше во СФРЈ, не дај Боже никогаш да не се повтори!
Земаш плата и одма трчаш кај шиткачи на девизи на црно за да ги смениш динарите во марки зашто до 15-ти во месецот платата веќе нема да ти вреди колку што вредела на први кога си ја земал.[DOUBLEPOST=1436603298][/DOUBLEPOST]
Ова е веројатно најглупавиот пост било кога напишан на кајгана.

Честитам, во ваква страшна конкуренција да си прв.
Имаш бе дете проблем со доживувањето на реалноста.
 
Последно уредено:
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.095
Поени од реакции
6.734
не се секирај за нулите,пошто веќе 500 и 1000 банкнота сосема ја губат вредноста кај нас,не дај боже да го пуштат денарот да плива спрема еврото па да видиш како се враќаат нуливе од динарите на денарите

али пошто се докажа за плиткоумен,очигледно не вреди да ти објаснува човек дека сам се закопуваш со постовите твои,добар шоумен ќе испаднеш на крајот ако не почнеш да вреѓаш членови[DOUBLEPOST=1436607932][/DOUBLEPOST] upload_2015-7-11_11-43-50.png денес да изгориш во сопствениот дом ако немаш да платиш за “услугата“ :facepalm:

уште една придобивка на “капитализмот“ (робовладетелство фактички,али ај нема везе)
 
Последно уредено:

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Еве ви ја убавата и јака држава по која плачете и што ја величате!

Нулите на банкнотиве не можеш да ги доброиш, а што можеше да се купи со една банкнота не вреди да се спомне. Толку беше јака и силна таа СФРЈ по која плачете денес! Главен хит беше да се штеди во Германски Марки и Швајцарски Франци и тоа парите да се чуваат под перница а не во банка зашто не знаеш за колку уште утре ќе девалвира динарот. Е стварно, убаво беше во СФРЈ, не дај Боже никогаш да не се повтори!
Земаш плата и одма трчаш кај шиткачи на девизи на црно за да ги смениш динарите во марки зашто до 15-ти во месецот платата веќе нема да ти вреди колку што вредела на први кога си ја земал.[DOUBLEPOST=1436603298][/DOUBLEPOST]
Имаш бе дете проблем со доживувањето на реалноста.
Инфлацијата се случи на крајот од 80ти кога веќе државата веќе беше и технички распадната.

Ако веќе земаш некакви параметри за споредба на примањата тогаш би било добро да ја споредиш потрошувачката кошница пред годините на инфлација.

Ми се чини дека резултатите би биле поразителни...Кога ќе го земиме и податокот дека во тогашно време дијапазонот на платите беше далеку помал од сега (знам податок дека теренски работник во Металец земаше поголема плата од генералниот директор на хартија) и просечната плата беше многу поблиска до минималната од причини што тогаш немаше пријавени примања на основа плата по 50тина иљади евра месечно како директорите на Алкалоид, Адора Инжињеринг, Фершпед, Т-Мобајл тогаш добива уште поголема тежина тие податоци.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
не се секирај за нулите,пошто веќе 500 и 1000 банкнота сосема ја губат вредноста кај нас,не дај боже да го пуштат денарот да плива спрема еврото па да видиш како се враќаат нуливе од динарите на денарите

али пошто се докажа за плиткоумен,очигледно не вреди да ти објаснува човек дека сам се закопуваш со постовите твои,добар шоумен ќе испаднеш на крајот ако не почнеш да вреѓаш членови[DOUBLEPOST=1436607932][/DOUBLEPOST]Прегледај го приврзокот 124575денес да изгориш во сопствениот дом ако немаш да платиш за “услугата“ :facepalm:

уште една придобивка на “капитализмот“ (робовладетелство фактички,али ај нема везе)
Не плаќа гасење поединоцот чиј имот горел туку општината, доколку не се лоцира вината за пожарот. Ако се пронајде виновник, тогаш сметката за гасење паѓа на негов товар.
А за вредноста на парите во СФРЈ и сега, неспоредливо е. Околу навредувањето..ај да не муабетам зашто ти веќе ми додели епитет. Ќе ти кажам само дека секој има право да ги доживува и чуствува нештата онака како што ги доживува и чувствува, да ги гледа и види онака како што ги гледа и согледува и тоа да го каже. Ако сите мислеа исто и не смееја да имаат поразлично мислење од другите кое ќе го искажат јавно, тогаш уште ќе постоеше едноумието на СФРЈ. Арно ама, не така повеќе, па за тоа денес ти и јас можеме овде јавно да ги спротивставиме своите размислувања и ставови како „обични смртници“ кои не мислат исто, други тоа да ги следат и да се вклучат во дискусијата и целата јавност која тоа ја интересира, да може за тоаа да биде информирана. Ете, тука е во основа разликата од денешна Македонија и некогашна СФРЈ која јас ја сметам за најпозитивна придобивка денес и која се вика ДЕМОКРАТИЈА И СЛОБОДА НА ГОВОРОТ!
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.060
Поени од реакции
80.946
Дефинитивно, овој е пратен од СДСМ, тропа тука имбецилности, за да мислите дека ВМРО-вците се стопроцентни идиоти.
 
M

Moon Child

Гостин
и која се вика ДЕМОКРАТИЈА И СЛОБОДА НА ГОВОРОТ!
Молим?
Која слобода на говор кажуваш?
Толку неинформиран народ не постои на светот, колку што има во Македонија.
Еве ти пример.
Таму некаде во септември месец кога се формираше гардата на република Илирида, јас овде во Црна Гора читав во весник веднаш отккао се формирала, македонските медиуми абер немаа да известат. Неможам да замислам дека во тогашна Југославија некој би се осудил да си прави гарди и републики кај ќе му прдне и што ќе се случело со таквиот. Сега на сред држава, држави ни прават.
Ќе зборуваме за слобода на говор кога сите слушнавме за ендеци, за затварање на неистомисленици. Дали јас и ти живееме во некој различен универзум, или ти живееш во некој паралелен, каде мислиш дека е така, еве незнам. Јас незнам за слобода на говор во Република Македонија од 1990 година.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Не плаќа гасење поединоцот чиј имот горел туку општината, доколку не се лоцира вината за пожарот. Ако се пронајде виновник, тогаш сметката за гасење паѓа на негов товар.
А за вредноста на парите во СФРЈ и сега, неспоредливо е. Околу навредувањето..ај да не муабетам зашто ти веќе ми додели епитет. Ќе ти кажам само дека секој има право да ги доживува и чуствува нештата онака како што ги доживува и чувствува, да ги гледа и види онака како што ги гледа и согледува и тоа да го каже. Ако сите мислеа исто и не смееја да имаат поразлично мислење од другите кое ќе го искажат јавно, тогаш уште ќе постоеше едноумието на СФРЈ. Арно ама, не така повеќе, па за тоа денес ти и јас можеме овде јавно да ги спротивставиме своите размислувања и ставови како „обични смртници“ кои не мислат исто, други тоа да ги следат и да се вклучат во дискусијата и целата јавност која тоа ја интересира, да може за тоаа да биде информирана. Ете, тука е во основа разликата од денешна Македонија и некогашна СФРЈ која јас ја сметам за најпозитивна придобивка денес и која се вика ДЕМОКРАТИЈА И СЛОБОДА НА ГОВОРОТ!
Мандрак не се заебаај....ДЕМОКРАТИЈА И СЛОБОДА НА ГОВОРОТ...:):):)
Ај коа веќе тонеш у геризот на глупостите кои ги мантраш, бар тони како капетанот на Титаник , а не ко некој жабар кој си го превртел бродот...;)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.438
Па читај ме што ти пишав! НЕ СЕ КОРИСТИ за итни состојби пошто некад снимањето одзема долго време и во однос на компјутерната томографија, може само меко ткиво подобро да визуализира. Ммногу болници од таа причина не го купуваат, па затоа го има само во поголемите болници (регионалните центри) кои нудат по-специјализирана здравствена услуга.
Прилепската болница во близина ја има битолската така да не може да се зборува дека е некој голем клинички центар.
Да и пошто не е за итни случаи и Прилеп, Охрид, Куманово не се големи клинички центри, нека има само во Скопје и Битола, шо има врска дека се чека со месеци за едно снимање, шо им е од работа на луѓето ќе си чекаат.

Го браниш тој од комитет што пишува за опременост за болници, а не знаеш каква е ситуацијата по болниците или знаеш па се правиш луд :toe:.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.582
Поени од реакции
7.991
Да и пошто не е за итни случаи и Прилеп, Охрид, Куманово не се големи клинички центри, нека има само во Скопје и Битола, шо има врска дека се чека со месеци за едно снимање, шо им е од работа на луѓето ќе си чекаат.

Го браниш тој од комитет што пишува за опременост за болници, а не знаеш каква е ситуацијата по болниците или знаеш па се правиш луд :toe:.
Не бранам никаков комитет, него тресеш глупости.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Југославија живеела добро (ако може така да се каже) не заради продуктивноста на економијата, туку заради финансиските средства и огромната технолошка помош од западот, бидејќи била на границата на двата блока на студената војна и нормално посакувана како буфер зона. Кога сета таа бајка заврши, немаше причина повеќе да постои таа творба, па затоа и престанаа финансиите од надвор, а со тоа и се случи тоа што се случи.
Некои ќе кажат во тоа време се граделе куќи, купувале станови, ама никој не прашува од каде биле тие пари. :icon_mrgr:

Сценава од филмов све добро кажува :coffee:

Тогаш со кредити од странство се изградија фабрики болници централи пруги автопати мостови тунели згради и станови за работниците
Денес земаме многу повеќе позајмици од странство за да се дадат плати на администрација, пензии и да се ставаат гипсани фасади лажни мермери и фалсификовани бронзи.
за разлика од тој филмот кој е режисерска фикција, еве ти еден документарен филм - реален

https://www.youtube.com/watch?v=YI4B-QdqUnc
 
Kajgana Shop

На врв Bottom