Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Ебеш интернет и мобилни.... бар фудбал имаше и гледавме...во живо....
Тука си прав !!! Јес да беше на две недели а у меѓувреме пред ванила , на општествена надоградба или на културно издигнување во кино вардар , нормално ако успееш да купиш карта од некој тапкарош.....
 
B

Borg_Drone

Гостин
Искрено не сум живеел во тоа време, а имам пишувано доста на вакви теми порано на форумов.Според постарите тогаш подобро се живеело, според други не се живеело подобро и.т.н.
Искрено јас мислам дека се живеело подобро (иако си имала и таа творба свои недостатоци).
Ако тогаш се чекало пред продавници, сега се чека пред контејнери за лушпи од банани и три капки млеко од празните шишиња.
Право на слободно изразување немало, Голи Оток имало, но и демо(Н)кратијава не е нешто подобра.Ако ние сме го имале Голи Оток, Американците го имаа Гвантанамо (во ДЕМОКРАТСКО општество) колку, нешто повеќе од 11 години???
Искрено сите зборуваат за националсоцијализмот и за комунизмот како лоши системи, а што, овој систем да не е нешто подобар случајно???
Победниците ја пишуваат историјата, а за да ја увидеш вистината треба да гледаш и да правиш прегледност и над тоа што се пишува денеска по книгите, а не само да се следи книгата.
Фрижидерите тогаш биле скапи, ама имало квалитет, еве ја мајка ми има еден фрижидер од тие времиња 20 и кусур години е стар, тера нема гајле лади како да е нов.
Колите крнтии да, ама тоа што и ден денеска се возат тие крнтии на улиците е истотака доказ за квалитет.

Си имала и таа држава свои недостатоци, но сигурен сум дека подобро се живеело. Јас периодите (кога бев мало дете) 1993-1994 година подобар живот имав од денеска, ако тогаш сум имал подобар живот тогаш во минатото да сум бил роден којзнае каков живот ќе сум имал.Згора на тоа тука се тврдењата на постарите.....
 
S

StormRage

Гостин
Шведска, а?! Tell me about it, шо би рекле американците у нивните амерички филмови.

Случјано имав прилика еден летен ден да чекам 16ка на битпазар заедно со една бабичка. Пука лето, само јас и таа на автобуска, и почнавме муабет. Жената работела во градското собрание. После земјотресот стигале ОГРОМНИ парични средства, и од федералниот буџет (нели тогаш била ФНРЈ) и многу повеќе од тоа од странство. Затоа Скопје е кренато толку брзо. Затоа имаме поликлиника Букурешт и слични називи.

Патем, коа сме кај градењето, не знам кога последен пат си бил во Скопје, ама на градот му се има случено градежна имплозија. Во центарот на градот веќе нема простор една жардињера да ставиш, а не па куќа/зграда да градиш. И сето тоа е изградено последниве 10 години. Помини низ Илинден. Додека низ медиумите се труби како во зоната Бунарџик се гради или не се гради, Илинден прераснува во индустриска населба. Истово важи и за Злокуќани, патот кон Драчево... доколку не те информирале не значи дека нешто не постои, односно не се гради.
кратко и јасно велиш дека Скопје е Македонија така? а остатоков бе пријателе? Охрид, Струга... Кај е ЕМО, кај е ОТЕКС, Братство, Борис Кидрич... се испропадна се изкупи кој стигна и така си седат камења, бетони и арматура...
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Јас сметам дека не бил системот туку законите биле почовечки неможело тогаш бурекџија преку ноќ да стане Бизнисмен да направи социјален криминал и утре судијата да му стане најдобар другар заедно да си ги делат парите.

Сите заработувале подеднакво можеби тука лежел главниот проблем ама сега некој прави милиони а друг нема за леб што е полошо.

Не е ни Америчкиот систем нешто поправеден сум живеел таму и знам од лично искуство,

на пример кога гледав CNN те бомбардираат со commercial купи лек за ќелави мажи,јади таков сладолед ,купу таков лек,insurance скамови мислам сте го гледале Majkl Mur и знаете како Тхе реал фукинг Америка.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Абе убаво се живеело пред се затоа што се имало респект спрема постари, кон институциите, кон некои непишани правила и сл...
Сега е распашана команда не се знае кој јаде кој плаќа.
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Jас го фатив тоа време, одевме на одмор каде сакаме, во Грција и Бугарија беа цигани за нас, трчаа по нас како кучиња за да им купиме нешто, за да им направиме промет!
Со една плата на татко ми одевме на одмор 15 дена четиричлено семејство и да ти останат пари!
За некој сега е подобро ама мислам дека сите што го проживеаја тоа време ќе се согласат дека беше подобро(од финансиска гледна точка, а тоа според мене е најважно)!
Што ќе ми патриотизам ако немам пари за да излезам и прошетам?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.541
Поени од реакции
85.082
Боље се живеело, сто посто.
Еве ја као закоравен антијугословен можам тоа да го кажам. Негативностите на таа држава, какви-такви се минорни у однос на предностите, за кои може денес да се сонува.
Види горе постот на Борг Дрон

Е сеа дали вредеа сите овие огромни срања (кои ќе траат уше многу) за да имаме конечно своја независна држава, ќе кажам - да. Да имаш своја држава не е мала работа.
(а тоа дека ја испуштаме од раце е друга приказна)
--- надополнето: Sep 6, 2011 12:26 PM ---
За некој сега е подобро ама мислам дека сите што го проживеаја тоа време ќе се согласат дека беше подобро(од финансиска гледна точка, а тоа според мене е најважно)!
Не само од финансиска гледна точка. Има многу други битни работи.
Генерацииве родени и израснати денес, во оваа држава, можат вода да им носат на тие кои се развиваа и растеа во таа држава.
Ова сфатите го како сакате, а ако има потреба ќе се докажуваме.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Тотален идиот треба да бидеш за да кажеш дека сега се живее подобро од времето на Југославија. Не глупав, прост или неинформиран - туку идиот.

Фактот дека денешната младина плаќа за тоа што нивните родители живееле убаво во Југославија, ќе го заобиколиме елегантно, како што Тито ги обиколуваше републиките.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Тотален идиот треба да бидеш за да кажеш дека сега се живее подобро од времето на Југославија. Не глупав, прост или неинформиран - туку идиот.

Фактот дека денешната младина плаќа за тоа што нивните родители живееле убаво во Југославија, ќе го заобиколиме елегантно, како што Тито ги обиколуваше републиките.
Плаќа денешната младина???????, да не си ти нешто да те цитирам : глупав, прост илити неинформиран - идиот????;) ...која бе младина плаќа наивчино, па денешната младина НЕМА ВОДА У ОЧИ , а не да плаќа стари долгови... Само позајмува и праи нови долгови 200 пати поголеми од старите.......:vozbud:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Saka da kaze go jade stapot sto se ebaale starite i uzivale u toj sistem a sea jadat gomna kao nerabotnici a togas drzaata mislela za niv, plus i sea gi tintraat penzionerite , privilegirani se u oddnos na nevrabotenite.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Не знам дали се живееше подбро, ам знам дека сите живееја еднакво. Немаше 25 посто феудалци, а останатото нивни потчинети.
Од овој аспект ми недостасува Југославија. Се знае Чик Куманово и Пеко сите, па ако сакаш биди и син на директор на ... оу мај гад, директор на што??? Па на ништо, се беше државно :icon_lol:
Подобро не се живееше, немаше млеко, редици за месо (сум стоела на редот за да не го прашиме) рестрикции на струја..
Ама пак, немаше за сите. Не ко во сегашниов случај кога ако имаш пари, имаш се. Ми се повраќа од кашитализмов наш феудалистички!
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Неможам да си го замислам животот во СФРЈ. Тоа што сега го работам би ме прогласиле за класен непријател на народот и туриле во Ѓорка или на Голи Оток ако е во поствоена Југославија. Така да не сакам ни да помислам на Комунистичка Југославија.
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Не знам дали се живееше подбро, ам знам дека сите живееја еднакво. Немаше 25 посто феудалци, а останатото нивни потчинети.
Од овој аспект ми недостасува Југославија. Се знае Чик Куманово и Пеко сите, па ако сакаш биди и син на директор на ... оу мај гад, директор на што??? Па на ништо, се беше државно :icon_lol:
Подобро не се живееше, немаше млеко, редици за месо (сум стоела на редот за да не го прашиме) рестрикции на струја..
Ама пак, немаше за сите. Не ко во сегашниов случај кога ако имаш пари, имаш се. Ми се повраќа од кашитализмов наш феудалистички!
Абе какви редици за месо??? Па сите земаа по цело или пола прасе преку претпријатијата каде што работеа, или пак по цели пити кашкавал и канти со сирење...А сега поголемиот дел од народот избира помало парче кашкавал или сирење во фрижидерите за да го кошта помалку на каса. А и млеко колку што паметам имаше колку да сакаш, млеко за варење во најлончиња пред продавници во гајби :icon_lol:...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Земаш на први плата, сакаш у САМОПОСЛУГА млеко да купиш ..нема ...

Земаш плата на први,сакаш вреќа цемент да купиш, нема.. треба да идеш у Прешево или Лесковац...

Земаш плата на први,ама после цел месец си идеш пешки на работа,зашто најверојатно ти рикнало фиќото, а јавен превоз или такси..мисловна именка...

Земаш плата на први и сакаш да идеш у кино,ама у кино освен Валтер брани Сараева,друг филм нема на репертоар..

Земаш плата на први и сакаш нови кондурки, ама освен Чиковски други немаш,така да уште и ако ти се погоди да имаат број што ти го носиш пресреќен си..

Уште многу вакви знам,ама во друга прилика

Едит: И тогаш и сега има пари,ама тогаш немало што да купиш сине !

Југославија:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom