Искрено не сум живеел во тоа време, а имам пишувано доста на вакви теми порано на форумов.Според постарите тогаш подобро се живеело, според други не се живеело подобро и.т.н.
Искрено јас мислам дека се живеело подобро (иако си имала и таа творба свои недостатоци).
Ако тогаш се чекало пред продавници, сега се чека пред контејнери за лушпи од банани и три капки млеко од празните шишиња.
Право на слободно изразување немало, Голи Оток имало, но и демо(Н)кратијава не е нешто подобра.Ако ние сме го имале Голи Оток, Американците го имаа Гвантанамо (во ДЕМОКРАТСКО општество) колку, нешто повеќе од 11 години???
Искрено сите зборуваат за националсоцијализмот и за комунизмот како лоши системи, а што, овој систем да не е нешто подобар случајно???
Победниците ја пишуваат историјата, а за да ја увидеш вистината треба да гледаш и да правиш прегледност и над тоа што се пишува денеска по книгите, а не само да се следи книгата.
Фрижидерите тогаш биле скапи, ама имало квалитет, еве ја мајка ми има еден фрижидер од тие времиња 20 и кусур години е стар, тера нема гајле лади како да е нов.
Колите крнтии да, ама тоа што и ден денеска се возат тие крнтии на улиците е истотака доказ за квалитет.
Си имала и таа држава свои недостатоци, но сигурен сум дека подобро се живеело. Јас периодите (кога бев мало дете) 1993-1994 година подобар живот имав од денеска, ако тогаш сум имал подобар живот тогаш во минатото да сум бил роден којзнае каков живот ќе сум имал.Згора на тоа тука се тврдењата на постарите.....