Во Струмица ќе се гради плоштад во вредност од четири милиони евра

Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
а ти шо пишаш глупости ка не си информиран ... ак не знааш ке се градат у Струмица 12 фабрики ,а за болниците факултети е задолжена владата
Пошто не ми ја сфати поентата,ае пак:

-Абе какви фабрики,ќе ве трујат.Глејте Велес што го направија од фабриките.Токсично подрачје.Болни деца.Штрајк одма - бунт.Какви фабрики какви бакрачи ќе ви затрујат и чушки и френки. (сваќаш?битно да се сере на све).

Секако мене ме радува каде и да се гради нешто.Се додека се натпреваруваат нашиве (црно-бели политичари) во тоа,кој повеќе ќе изгради,на добар пат сме.Лошо ќе е ако се натпреваруваат кој повеќе ќе украде,а се додека се гради нешто - ОК е.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Хммм....плоштадот, кој бај д веј, уште не е готов, се отвори вчера....
Што се однесува до надземниот дел, сив мермер (гранит или шознам што), во светла боја, наместа потемна, формира некои шари, понекоја клупа, одлично осветлување на споменикот на Гоце Делчев, убаво средено, фонтана...онаа со мозаикот како карта на светот, некако премногу ми е никаква, ај кога ќе ја завршат ќе видиме, ѕвезда на Горан Пандев... мислам...рано му е уште за ѕвезди по плоштади, има време кога да се стават такви работи, и убава онаа струмичанката под маска. Саат-кулата ќе видиме кога ќе е готова.
Се на се, премногу сиво ми е...еднолично, празно... и по мене, Домот на културата некако си ја загуби убавината со тоа што дојде малце пониско... А што се доби многу простор се доби!
Подземниот дел...одличен паркинг, и катастрофално решена раскрсница! На растојание од 2-300 метри има 2 семафора. Оние на раскрсницата, и оние на подземната раскрсница. Оние во подземната раскрсница се премногу кратки, едвај 3 коли минуваат на зелено, и пак се ствара гужва, посебно на влезот од бул. Маршал Тито. Вака не бива. Повеќе се стои долу, отколку што се минува. Мора корекција...
Засега тоа за плоштадот.
А, да!!!!
На Зајко не му требаше луксузот БЦ да сече ленти на нешто што по кој било основ БЦ не го помогнал, платил, или на кој и да било начин учествувал во неговата реализација. Ефтин политички маркетинг, со тенденција на претварање на еден граѓански собир во митинг на една политичка партија. Огромен минус за тоа.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Честито Струмичани, мора да се посети градот во најскоро време.


А овие што сакаат државата и општината да градат фабрики, ми иде да им се изнасмеам у лице.
 
Член од
22 ноември 2010
Мислења
384
Поени од реакции
11
у комунизам се градат фабрики :)

инаку може слики?

--- надополнето ---

btw честито
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Не дека не ми се допаѓа плоштадот прекрасен е, но, како што кажаа погоре кој к*р бара Бранко да го отвора плоштадот? Значи Заев е градоначалник на Струмица и личеше тој да го отвори плоштадот, Бранко нема никаква функција во Струмица ниту пак надвор од Струмица тој е само претседател на политичка партија. Ова им беше чист митинг како демек чекај да види народот што направи СДСМ. А со ова паднаа на земја, нели нив не им се допаѓаа реконструкции, нови градби, доградби, споменици и што ли уште не? Значи нив им пречи проектот Скопје 2014 или Македонија 2014 незнам точно како е, ама не им пречи што нивен градоначалник го направи истото тоа што нив им пречеше. Значи како времето се, денес ладно утре топло, денес не сакаме споменици и градење на плоштади утре идеме на отварање на споменици и плоштади. Кои будали човече....
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Aj пиши кога ЌЕ се изградат.. да се исчеститаме
Не, нека не се градат, Заев ќе има минус поени, ВМРО ќе биде во плус. Само така, убаво му мислиш на твојот народ, прекрасно е што партиските бои ги ставаш пред националните, народ нека биде невработен, нека пати, битно твоите да останат на власт.

он:
Него, гледам некои тука саркастично (иако во себе се сериозни) пишуваат како се трошеле пари во време на криза, кратко памтење имаат, до вчера го поддржуваа проектот ПЛАЖА, плажа еј, а тука покрај модерен изглед на плоштад гледам дека е изградена и крстосница, претпоставувам истата е функционална и од голема важност за сообраќајот x). Честитки за струмичани, вреди да се посети Струмица.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Не дека не ми се допаѓа плоштадот прекрасен е, но, како што кажаа погоре кој к*р бара Бранко да го отвора плоштадот? Значи Заев е градоначалник на Струмица и личеше тој да го отвори плоштадот, Бранко нема никаква функција во Струмица ниту пак надвор од Струмица тој е само претседател на политичка партија. Ова им беше чист митинг како демек чекај да види народот што направи СДСМ. А со ова паднаа на земја, нели нив не им се допаѓаа реконструкции, нови градби, доградби, споменици и што ли уште не? Значи нив им пречи проектот Скопје 2014 или Македонија 2014 незнам точно како е, ама не им пречи што нивен градоначалник го направи истото тоа што нив им пречеше. Значи како времето се, денес ладно утре топло, денес не сакаме споменици и градење на плоштади утре идеме на отварање на споменици и плоштади. Кои будали човече....
Мешате некои работи. Скопје 2014 се гради од пари од Министерство за култура. Тие пари се добиваат од распределбата за буџетот, тоа е она што смета. Плоштадов го гради Струмица како град а не Министерството за култура.

Инаку одамна сакам да ја посетам Струмица, се надевам дека во скоро време ќе го имам тоа задоволство.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Не, нека не се градат, Заев ќе има минус поени, ВМРО ќе биде во плус. Само така, убаво му мислиш на твојот народ, прекрасно е што партиските бои ги ставаш пред националните, народ нека биде невработен, нека пати, битно твоите да останат на власт.
Па цитронот е партиски платеник така да воопшто не ме чуди што ги става партиските интереси пред националните.

Он-топик - Браво за Заев, тоа е вистински плоштад, без еден куп безпотребни споменици, без црква, без џамија, убаво искористен простор. Браво. Само минус за користењето на отворањето во политичка пропаганда на СДСМ, тоа не им требаше.

Камо ли сите градоначалници да беа како Заев.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Шо барал БЦ у СР ?
Ма јас кој сакам си пуштам на гости у мој град море хеј !
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Мешате некои работи. Скопје 2014 се гради од пари од Министерство за култура. Тие пари се добиваат од распределбата за буџетот, тоа е она што смета. Плоштадов го гради Струмица како град а не Министерството за култура.

Инаку одамна сакам да ја посетам Струмица, се надевам дека во скоро време ќе го имам тоа задоволство.
Мешаш и ти помалце некои работи... Општинскиот буџет се полни од дел од ДДВ-то од даночните обврзници кои имаат седиште на територијата на соодветната општина, дотации од буџетот на РМ, како и од општински даноци и такси (данок на имот, комунална такса, данок на промет со недвижности). Значи...се се плаќа од буџетот, т.е. од фирмите и граѓаните на РМ.

нема проблем и самиот ке видиш на тв така беше и за плоштадот оти нема ништо да биде од него
Градоначалниците, премиер, претседател и останати функционери НЕ ГРАДАТ фабрики. Тоа го прават стопанственици. Единствено нешто што можат функционери во таа сфера да направат е да обезбедат административни и технички услови за да се изгради фабрика.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom