Видете вака...вонземјани сигурно постојат,нема шанси да сме сами во толкав простор.Нашиот Соларен систем е само една точка во целиот универзум.Глупо е да се верува дека само ние сме интелегентни суштества во целата галаксија. А тоа дека не посетуваат исто така мислам дека е точно само што ние не можиме да ги видиме,фатиме на радар,па луѓе пред 10 год. кога излезе "ластовичката" никој на свет не можеше и сеуште не можи да ја фати на радар така да вонземјаните кои штом стигнале доттука сигурно имаат генерации понапредна технологија секако не можиме да ги фатиме....
By the way на Дискавери гледав една емисија за НЛО-ата т.е. дали се вонземјани или производ на Американската армија и да ви кажам многу интересни факти изнесоа дека всушност тоа што го гледаме како НЛО (скоро 99%) се тест летала,авиони на Американците. Всушност,летечката чинија која е најпознат тип на НЛО,први ја направиле Германците за време на 2-та С.В. и тоа во фабриката на Шкода,ама откако Американците ја скопчале работата,сите документи исчезнале,исто така и Чинијата која била уништена од Германците.Инаку,планот им бил со нив да ја нападнат Америка.
Пр.имаше факт дека Ластовичката уствари лета низ светот уште од 1980-тите години ама е држена во најстрога тајност,па сите видувања дека тоа е НЛО се сведуваат на неа и слични летала кои тогаш биле во тест фаза и се држеле во најголема тајност.
Најинтересна беше изјавата на еден веќе повлечен командир од Американската војска кој летал со ластовичката во 80-тите години на минатиот век,кој кажа дека сега имаат направено летала што обичниот човек не може ни да ги замисли,кои имаат супер-сонична брзина и се потполно невидливи за било кој радар во светот,поточно овие летала кога би се појавиле и по 50 год. би биле чудо...
Така да заклучокот е дека јас верувам дека има вонземјани ама голем дел од видувањата на Нло-ата се производ на Американците.