Вонземјани, НЛО...

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.734 79,1%
  • Не

    Гласови: 458 20,9%

  • Вкупно гласачи
    2.192
Член од
17 февруари 2010
Мислења
62
Поени од реакции
4
Е ајде да речеме и дека постојат такви некои,можеби има не велам не.Ама зошто сите снимки за НЛО се заматени и необични?ама ајде,луѓето си прават бизнис а ние се замараме.:tapp:И зошто секогаш во Америка?Што сме ние помалку?хаха
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
ВИДЕО: Британската влада објави тајни досиеја за НЛО


Британското министерство за одбрана денеска објавило досиеја за НЛО, кои досега биле класифицирани како “Строго Доверливи“, јави Ај-Ти-Ен “Њус“, пренесува Нетпрес.

Материјалот содржи повеќе од 6.000 страници, а опфаќа период од 1994 па се’ до 2000-та година. Во него се опишани искуства со Недиентификувани летечки објекти (НЛО), на луѓе низ цела Британија. Исто така има и сведочења за летала во разновидни форми и големини, кои се појавувале на локации низ земјата, а меѓу нив се и еден случај со појава на НЛО над фудбалскиот стадион на клубот Челзи во Лондон и појава на НЛО во Кент, над домот на Мајкл Хауард, поранешен државен секретар.



Меѓу сведочењата е и изјава на еден човек, кој на полицијата и рекол дека се разболел откако доживеал средба со сноб светлина од НЛО, која го обвила неговиот автомобил на 27 јануари 1997 година, во точно 10.40 часот наутро во Велс.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=68319&kategorija=6

Е ајде да речеме и дека постојат такви некои,можеби има не велам не.Ама зошто сите снимки за НЛО се заматени и необични?ама ајде,луѓето си прават бизнис а ние се замараме.:tapp:И зошто секогаш во Америка?Што сме ние помалку?хаха
Затоа што нема компјутерска техника за да направи да изгледа реално..:smir:
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.972
Поени од реакции
143
Сеа дали постои или не, еден ден ќе дознаеме.
Битно, режисериве во холивуд си се налапаа пари, па што уво нас ќе не боли?

Марс напаѓа.
Само ние земјанците ги зезнавме.
Ние уште траеме, додека нивната вода исчезна.:baeh:
Дали ќе дознаеме тоа е знак ? Можеби после 100 год планират да ни објават јавна средба.

Инаку..

Група археолози кои ги проучуваат планинските племиња во руралните делови на Индија дојдоа до многу интересно откритие – праисториски цртежи на неидентификувани летачки објекти. Цртежите се пронајдени во подрачјето Хосангабад, во државата Мадја Прадеш, и пештерите се скриени длабоко во внатрешноста на густата џунгла.
Јасна слика од суштество од друга планета, може да се види во пештерата, заедно со класична летачка чинија која нешто спушта или крева, а сето тоа наликува на класично НЛО киднапирање. Се гледа и друг предмет кој објаснува како вонземјани доаѓаат на земјата.
Локалниот археолог Васим Кан лично ги проучил цртежите и тврди дека овие цртежи се од тотално различен карактер во споредба со другите пештери во кои има праисториска уметност која претежно го опишува животот на луѓето во тоа време.
Овие цртежи укажуваат на тоа дека суштества од други планети биле во контакт со луѓето уште од античките времиња, што ја поддржува теоријата која вели дека човечката цивилизација е формирана со помош на интелигентна раса од вселената.



 

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
koј што се занимава со вонземјани и го интересираат тие работи нека го гледа филмов....

јас се препотив цела ноќ, се будев на секој саат и се разбудив плакајќи од толку многу што ми влијаеше филмов

http://www.novamov.com/video/w7ghx6uakwmqp
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
908
Поени од реакции
185
100% постојат пред 5-6 месеци читав и во весник и на нет дека некој човек изјавил дека секоја вечер го набљудувале вонземјани:toe: и во аргентина е пронајдено дувло на вонземјани
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.026
За универзумот.

..but I guess I'd say if it is just us... seems like an awful waste of space.

Oд филмот Contact. :)

100% постојат пред 5-6 месеци читав и во весник и на нет дека некој човек изјавил дека секоја вечер го набљудувале вонземјани:toe: и во аргентина е пронајдено дувло на вонземјани
Say what? И, не верувај многу на весници и нет.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Група археолози кои ги проучуваат планинските племиња во руралните делови на Индија дојдоа до многу интересно откритие – праисториски цртежи на неидентификувани летачки објекти. Цртежите се пронајдени во подрачјето Хосангабад, во државата Мадја Прадеш, и пештерите се скриени длабоко во внатрешноста на густата џунгла.
Јасна слика од суштество од друга планета, може да се види во пештерата, заедно со класична летачка чинија која нешто спушта или крева, а сето тоа наликува на класично НЛО киднапирање. Се гледа и друг предмет кој објаснува како вонземјани доаѓаат на земјата.
Незнам колку може да се верува во веродостојноста на сликата,НЛО-то изгледа како да прокувало:pos2:,но ОК.
А инаку за посета на вонземјани во Индија во далечното минато сведочат самите книги Махабхарата и Рамајана.Во нив има опишано како во минатото луѓето и „боговите„ имале со луѓето блиски контакти,летале на летала наречени вимани,им помагале на кралевите во војна и сл.Има еден древен индиски град Мохенџо Даро,каде што кога се откриени неговите остатоци,може да се види дека самата земја од која биле изградени куќите е стопена од преголема температура,некои истражувачи асоцираат на нуклеарна војна...чудна работа...

Овие цртежи укажуваат на тоа дека суштества од други планети биле во контакт со луѓето уште од античките времиња, што ја поддржува теоријата која вели дека човечката цивилизација е формирана со помош на интелигентна раса од вселената.
Читај ми потпис :helou:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
100% постојат пред 5-6 месеци читав и во весник и на нет дека некој човек изјавил дека секоја вечер го набљудувале вонземјани:toe: и во аргентина е пронајдено дувло на вонземјани
Вонземјани постојат секако, но досега не се стасани на земјата.
Инаку тие вонземјаните таму каде што се можеби наликуваат на овоземските животни. Сигурно се далеку од интелегентни.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Од каде сигурност дека постојат а дека не се стигнати дотука... малку ми нема логика во ова :smir:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Од каде сигурност дека постојат а дека не се стигнати дотука... малку ми нема логика во ова :smir:
Па веројатноста да постојат вонземјани, ај да речам жив свет во нашата галаксија е прилично голема.
Е сега да земеме пример од Земјата. Живот постои долго време, милиони, милиони години, НО интелегентен живот како што сме ние луѓето постои само 4000-5000 години. Исто така да не заборавиме само колку пати човештвото (порано) било на раб на истребување. Имало случаи кога на Земјата постоеле и само неколку илјади луѓе.

Можности има многу, како на пример вонземјаните да се имаат уништено самите себеси... да ги има истребено астероид..итн.
 
Член од
13 јануари 2010
Мислења
17
Поени од реакции
1
Јас од мој аспект лично ве уверувам дека постојат вонземјани!!!
Ке ви раскажам една случка:
Јас мајка ми и татко ми одевме за бугарија(пред 5 години)беше вечерно време и убаво се сеќавам ја поминувавме границата на бугарија кога ненадејно погледнав кон небото и видов една голема светлечка чинија која лета!Тогаш и реков на мајка ми да погледне нагоре и кога таа го виде тоа се вознемири многу!Чинијата се движеше отприлика со 120Kmph и имаше три светла под неа кои светеа во жолта боја а цел објект беше црн но се гледаше иако беше темно!Ова не сум го заборавил нити има да го заборавам :toe:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Дознав дека еден пријател со кого имав долги разговори на ова прашање а беше дел од организација која од програмата на МК Ultra, е мртов. Остави жена и дете позади себе.

Едно од првите нешта кои го прашав беше тоа. Според него, постојат, и тука се. Ми кажа дека се планира правење на подземна база и во Македонија и наводно некои преговори биле во тек. Барем така он ги нарече, преговори.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Јас од мој аспект лично ве уверувам дека постојат вонземјани!!!
Ке ви раскажам една случка:
Јас мајка ми и татко ми одевме за бугарија(пред 5 години)беше вечерно време и убаво се сеќавам ја поминувавме границата на бугарија кога ненадејно погледнав кон небото и видов една голема светлечка чинија која лета!Тогаш и реков на мајка ми да погледне нагоре и кога таа го виде тоа се вознемири многу!Чинијата се движеше отприлика со 120Kmph и имаше три светла под неа кои светеа во жолта боја а цел објект беше црн но се гледаше иако беше темно!Ова не сум го заборавил нити има да го заборавам :toe:
Мора да те прашам неколку прашања (не е ова истрага :)) за да видиме колку си видел вонземјани:

1. Какви беа временските услови?
2. Дали си сигурен дека не беше тоа авион (авионите имаат различни во боја светла)?
3. Од каде знаеш со која брзина се движеше?
4. Ги виде вонземјаните?
5. Колку имаше испиено и спиено пред тоа (најважно!!! :))?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Мора да те прашам неколку прашања (не е ова истрага :)) за да видиме колку си видел вонземјани:

1. Какви беа временските услови?
2. Дали си сигурен дека не беше тоа авион (авионите имаат различни во боја светла)?
3. Од каде знаеш со која брзина се движеше?
4. Ги виде вонземјаните?
5. Колку имаше испиено и спиено пред тоа (најважно!!! :))?
A што ако не пиел, не земал дрога, а е наспан, и сепак видел? :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom