еве најново,од сајтот на министерството за одбрана конкурс
К О Н К У Р С
за запишување студенти - питомци и студенти на прв циклус на студии
на Воената академија
во учебната 2009/2010 година
1. Воената академија Скопје (во понатамошниот текст: Академијата) распишува конкурс за студенти на прв циклус на студии на студиските програми во студиската учебна 2009/2010 година и тоа вкупно 45 студенти и тоа:
-35 (триесетипет) студенти-питомци на студиите за потребите на Армијата на Република Македонија
-5 (пет) студенти за потребите на студиите за управување со кризи и
-5 (пет) студенти за потребите на студиите за заштита и спасување.
Студиите на Академијата се организираат според академските студиски програми, акредитирани со закон, нормативите, стандардите и методологијата прифатени од единствениот Европскиот простор за високо образование, вреднувани со кредити по ЕКТС. Студиските програми на прв циклус на студии на Академинијата содржат 240 кредите и траат 4 години. Секоја година на студиската програма содржи 60 кредити.
Студиите на Академијата во учебната 2009/2010 година, се организираат како редовни.
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
2. Право на запишување на прв циклус на студии за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија и за потребите на управувањето со кризи и заштитата и спасувањето во Република Македонија имаат кандидати кои:
1. се државјани на Република Македонија;
2. положиле државна матура, меѓународна матура, училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено стручно средно образование со четиригодишно траење;
3. не се постари од 21 година и
4. се психофизички способни, што го утврдува воено-лекарска комисија.
3. Посебни услови за запишување
1. да не им е изречена мерка на безбедносна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
2. да ги исполнуваат безбедносните критериуми предвидени со Законот за класифицирани информации, што утврдува надлежен орган во Министерството за одбрана;
3. успешно да го положат тестот за физичка способност што го утврдува надлежна комисија на Воената академија.
4. Сите кандидати - државјани на РМ кои средното образование го завршиле во Република Македонија, или дел од средното образование завршиле во странство, како и кандидатите кои завршиле меѓународна матура, имаат еднаков пристап на прв циклус на студии и се запишуваат под еднакви услови и критериуми.
При изборот на кандидатите на школување на Воената академија да се води сметка да бидат соодветно и правично застапени лица кои припаѓаат на сите етнички заедници во Република Македонија со почитување на принципот на стручност и компетентност.
КРИТЕРИУМИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
6. Критериуми за избор на кандидатите за запишување на прв циклус на студии на Воената академија се:
* општиот успех на кандидатите по сите предмети, постигнат во средното образование;
* успехот од државната матура;
* успехот постигнат на проверката на компетенциите;
7. Вреднувањето на критериумите се изразува во поени. Максималниот број поени што кандидатот може да ги освои по сите критериуми изнесува 100 поени, односно 65 поени за кандидатите кои немаат полагано државна матура или меѓународна матура.
Општиот успех на кандидатите по сите предмети, постигнат во средното образование учествува со најмногу 55 поени.
На општиот успех постигнат во средното образование, како критериум за запишување, се додава и успехот од државната матура, или меѓународна матура, со најмногу 35 поени.
Поради посебните специфичности на Воената академија, при запишувањето се врши проверка на компетенциите што се состои од проверка на физичката подготвеност. Успехот од проверката на компетенциите се вреднува со најмногу 10 поени.
ВРЕДНУВАЊЕ НА УСПЕХОТ
8. Вреднувањето на успехот од средното образование се врши на следниот начин: се собираат сите оценки што се внесени во сведителствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценки и вака добиениот среден успех се множи со 11. На ваков начин можат да се добијат максимум 55 поени.
9. Вреднувањето на успехот од државната матура се врши на следниот начин: за сите кандидати задолжителен екстерен испит од државната матура е предметот мајчин јазик (Е1), другите предмети (екстерни и интерни) кои кандидатите ги избираат при полагањето на државната матура, а кои се значајни за запишување на Академијата се следните:
- Екстерен изборен предмет (Е2): математика (основно ниво), математика (напредно ниво) или странски јазик;
- Интерни предмети:
o за гимназија: математика (ако не е избран како екстерен предмет), странски јазик (ако не е избран како екстерен предмет), информатика, физика, хемија, историја, социологија и географија (два предмети И1 и И2);
o за средно стручно образование: математика (ако не е избран како екстерен предмет), странски јазик (ако не е избран како екстерен предмет), информатика, физика, историја, хемија или бизнис и еден стручен предмет според образовниот профил на кандидатот (два предмети И1 и И2).
Се собираат оценките од двата екстерни предмети кои се полагаат во државната матура (Е1 и Е2) и добиениот збир се множи со коефициент 1,7 (максимум можат да се добијат 17 поени), се собираат оценките од двата интерни предмети (И1 и И2) кои се полагаат во државната матура и добиениот збир се множи со коефициент 1,5 (максимум можат да се добијат 15 поени), на збирот од вака освоените поени се додаваат поени за проектната задача (оценката добиена на проектната задача се множи со коефициент 0,6. со што можат да се добијат максимум 3 поени). На ваков начин можат да се добијат максимум 35 поени.
За кандидатите што полагале меѓународна матура вреднувањето се врши на следниот начин: за шестте предмети се собираат оценките (со што се добиваат максимум 30) поени и се додава оценката од матурска тема (5 поени). На ваков начин можат да се добијат максимум 35 поени.
ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
10. За реализација на Конкурсот во Академијата се формира Конкурсна комисија и Комисија за спроведување на проверката на компетенциите (физичка способност).
11. Пред отпочнувањето на проверката на компетенциите се врши утврдување на психофизичката способност на кандидатите. Ова има елиминаторен карактер.
Психофизичката способност на кандидатите се утврдува со специјалистички прегледи и оценка од Воено-лекарска комисија во Воената болница – Скопје. Воено-лекарската комисија врши утврдување на психофизичка способност согласно Правилникот за мерилата за оценување на посебната здравствена и физичка способност за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 79/03, 5/04).
12. Постапката за проверка на компетенциите се состои од проверка на физичката подготвеност, од следните дисциплини
Проверката на компетенциите има елиминаторен карактер и во понатамошната постапка нема да се рангираат кандидатите кои што не ги задоволиле предвидените норми, односно не освоиле минимум 5 поени од можните 10 поени.
При проверката на компетенциите кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош).
13. Вкупниот број поени врз основа на кои се врши рангирање на кандидатите се добива со собирање на поените од: успехот во средното образование, поените од државната или меѓународна матура и проверката на компетенциите.
Рангирањето на кандидатите го врши Конкурсната комисија. Услов за избор на кандидатите за школување се освоени минимум 60 поени, добиени по сите основи, од можните 100.
14. Конкурсната комисија објавува на огласна табла на Академијата поени од средното образование (среден успех), поени од од државната матура (среден успех) и резултати од проверката на компетенциите, веднаш по завршената работа на комисијата за проверка на компетенциите.
15. Кандидатот има право на приговор до конкурсната комисија во рок од 24 часа од објавувањето на резултатите од проверката на компетенциите на огласна табла. Во спротивно, го губи правото на приговор во натамошната постапка во поглед на резултатите (поените) од проверката на компетенциите
16. Во рок од 24 часа. по реализацијата на проверката на физичката подготвеност, Конкурсната комисија изготвува и објавува преелиминарна ранг-листа на добиените реултати за кандидатите за школување.
Во ранг листата од став 1 на вој член се истакнува бројот на поени од средно образование(среден успех),бројот на поени од дежавна матура((среден успех), бројот на поени од проверката на физичката подготвеност и вкупниот број на поени за секој кандидат.
На преелиминарна ранг листа кандидатите имаат право на приговор до Деканатската управа на Академијата преку конкурсната комисија, во рок од 24 часа од нејзиното објавување.
Одлуката на Деканатската управа по приговорот е конечна.
Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла на Академијата во рок од 24 часа од истекувањето на рокот за поднесување приговори.
17. Во случај два или повеќе кандидати да имаат еднаков број поени и да не може да се изврши избор на предвидениот број кандидати за школување предност при изборот ќе имаат кандидатите –добитници на награди и признанија на државни и меѓународни натпревари во области значајни за соодветна студиска програма. Видот и соодветноста на наградите и признанијата ги утврдува Конкурсната комисија на Воената академија.
По објавување на конечната ранг-листа, Наставно-научниот совет на Академијата донесува предлог мислење за истата и го доставува до министерот за одбрана, кој донесува конечно решение за прием на кандидатите од листата.
Посебните права и обврски на кандидатите примени за питомци се уредуваат со договор во согласност со Законот и Статутот на Академијата.
РОКОВИ
19. Сите заинтересирани кандидати за упис на Воената академија за учебната 2009/2010 година можат да се пријавуваат на 17 и 18 Август 2009 година. Доколку во првиот пријавен рок не бидат примени кандидати според планираниот број, Академијата ќе организира втор пријавен рок на 3 и 4 Септември.
По утврдување на пријавните листи, пријавените кандидати кои ги усполнуваат условите од конкурсот ќе бидат повикани за утврдување на психофизичката способност и физичката подготвеност.
ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ
20. При запишувањето кандидатите треба да ги поднесат следниве документи:,
молба;
пополнет формулар кој се добива во Воената академија;
свидетелства за сите четири години од средното образование во оригинал;
диплома за положен матурски испит во оригинал;
уверение за државјанство;
извод од матичната книга на родени;
уверение од надлежен суд за неизречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија или дејност или должност.
Кандидатите кои се стекнале со средно образование во странство потребно е да достават нострифицирани свидетелства за сите класови од средното образование и нострифицирано свидетелство за завршено средно образование.
Документите се доставуваат лично во деловодството на Воената академија во Скопје на ул. ,,Васко Карангелески бб. секој работен ден од 08,30 до 16,30 часот
ШКОЛУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТУДЕНТИТЕ
21. Кандидатите за потребите на Армијата на Република Македонија се стекнуваат со статус студент питомец, додека кандидатите кои се запишуваат на студиската програма на Академијата за потребите на управувањето со кризи и заштитата и спасувањето се стекнуваат со статус студент.
22. За време на школувањето на студентите питомци им се обезбедува интернатско сместување, исхрана, униформа, долна облека и обувки, учебници и други предмети и помагала потребни за студирањето, без надомест, здравствено и инвалидско осигурување, месечни примања за намирување на наопфодните лични потреби, патни трошоци за доаѓање на Академијата и враќање на почетокот и крајот на секоја учебна година и при школскиот распуст, како и патни трошоци за упатување на пракса од Академијата.
23. Посебните права и обврски меѓу студентите питомци и Воената академија се уредуваат со договор во согласност со Законот за Воена акадеија и Статутот на Воената академија.
24. По завршувањето на школувањето питомците се произведуваат во чин потпоручник од соодветен род и се примаат на служба во Армијата на Република Македонија, односно на работа во Министерството за одбрана.
26. По завршувањето на школувањето на кандидатите кои се запишуваат на студиите за управување со кризи и за заштита и спасување, министерството за одбрана нема обврска да ги прими на служба во АРМ, односно на работа во министерството за одбрана.
Со почит,
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА
пффф....тоа тестовите се мн лесни т.е. физичките тестови...премногу лесни...