Јас пијам од пластика. Најекономично и најдобро за парите е 6л од Изворска - 52 денари. Исто така за кафематот, за бебето, за бокалот за топла вода и за стерилизација на шишињата во микробранова исклучиво купена. За се друго од чешма. Пред 5 години кога го реновирав станот, сменив комплет инсталација, сепак главните линии се стари, има што да се види во тие цевки. Доволно е од време на време да ја одвртите решетката на врвот од чешмата, се може да се најде.
За бактериолошкиот состав не коментирам зошто не правам хемиски анализи, сепак купив мерач за честици во водата (од Алиекспресс) и можам да ви кажам неколку резултати.
Роса - 36 ppm
Изворска и Ладна - 45 ppm
Пелистерка - 99 ppm
Од чешма - 166 ppm
Јана - 220 ppm (мислам дека беше)
Аква Вива - 298 ppm
Во електричниот бокал во кој греам вода неколку пати во денот, доколку се користи вода од чешма, секоја недела треба да се чисти од бигор. Со купечкиве и после месец дена е чист