Вода за пиење, од чешма или флаширана?

Член од
15 февруари 2019
Мислења
923
Поени од реакции
3.623
Не најдов ваква тема затоа ја отворам, доколку има нека ме корегираат админите.

Знам дека од град до град се разликува квалитетот и ко помали нѐ учеа дека водата во Скопје е меѓу поквалитетните во регионов но дали сеуште важи тоа?

Цел живот пијам чешмовача(Скопје) и немам никакви проблеми, меѓутоа во последниов период сѐ почесто читам дека не е препорачливо да се пие истата.

Сакам да прашам каква вода пиете и дали имате сознанија каков е квалитетот на водата од чешма кај нас?
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
Не најдов ваква тема затоа ја отворам, доколку има нека ме корегираат админите.

Знам дека од град до град се разликува квалитетот и ко помали нѐ учеа дека водата во Скопје е меѓу поквалитетните во регионов но дали сеуште важи тоа?

Цел живот пијам чешмовача(Скопје) и немам никакви проблеми, меѓутоа во последниов период сѐ почесто читам дека не е препорачливо да се пие истата.

Сакам да прашам каква вода пиете и дали имате сознанија каков е квалитетот на водата од чешма кај нас?
Водата во скопје е стерлина и чиста, ќе го признаам тоа. АМА! исто така има буквално 1тон варовник, т.е. сварно ебано тврда.
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Ниедна вода не е безбедна. Нити флаширана нити од чешма. И во двата случаи лесно може да биде нешто подметнато.
Па ако е така ондак ништо не е безбедно - храна пијалоци итд итд .. у секое нешто може да биде нешто подметнато.. тежок нонсенс
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
354
Поени од реакции
153
Јас користам бокал за филтрирање на вода. Вака си 100% сигурен дека е филтрирана и може да ја користиш во кафемати, пегли итн.
 

Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
746
Поени од реакции
1.026
не е добра флаширана освен ако не е у стакло, ставив како филтер посебен незнам како се вика уште 1 мала чешма ти монтираат
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.964
Поени од реакции
35.576
Во последните 2 години флаширана. Кога ќе навикнеш на неа, и пробаш после од чешма, разликата ќе ти биде огромна. Таа од чешма не гаси жед колку флашираната.
 
M

Macedon1um

Гостин
Претежно од чешма оти не преферирам пиење вода од пластика, ама во последно време оваа чешмаџискава крши филм оти често има гаден метален вкус
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Флаширана само во стакло .Сите кои се оперирани кај Жан Митрев им се препорачува да пијат флаширана вода .
Водата во Скопје одамна не е таа што беше .
Особено може да примени човек што има тврда столица да почне да пие флаширана вода .
Во краток рок ке види дека има огромен напредок .Пробано и докажано .
 
T

Torchyrus

Гостин
Интересен документарец за водата
Вреди да се погледне
 

G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
352
Поени од реакции
452
Охридска од чешма...оваа од пластикиве некако тапа ми е нема свежина и не ја гаси жедта.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom