Вода за пиење, од чешма или флаширана?

  • Креатор на темата Креатор на темата Butters
  • Време на започнување Време на започнување
Водата во Рашче е втора по квалитет после австриската од Виена но е многу тврда.Инаку има разлика помеѓу истата нехлорирана до хлорната станица во Кондово и хлорираната од таму према Скопје.А доколку сакате ист квалитет како скопската но мека и 100 пати подобра од било која флаширана вода ќе си наполните од легендарната чешма Бавчи отворена во 1983 година над Средно водно поточно на 600 метри од рампата десно и по скалите надолу.Тие што имаат кафемати и знаат за водава полнат балони и носат со автомобил од 50 до 100 литри колку што им собира багажникот бидејки самите тврдат дека со оваа вода никакви проблеми немаат со апаратите па дури и не користат филтри.Инаку оваа вода е најквалитетна во околината на Скопје и испитана од доктор планинар кој работи во институт за јавно здравје.Дури некои пензионери што полнат вода од оваа чешма тврдат дека гравот бил највкусен доколку се готви со неа.За разлика од познатите чешми кај паркингот оваа вода никогаш не била загадена.
Последниве месеци Бавчи ти треба околу 2 саата за да наполниш шише од 2 литра од што е јак притисокот, а ако фатиш некој друг да полни пред тебе слободно намести си камп шатор.
 
Последниве месеци Бавчи ти треба околу 2 саата за да наполниш шише од 2 литра од што е јак притисокот, а ако фатиш некој друг да полни пред тебе слободно намести си камп шатор.
Види кај секоја квалитетна вода има мал проток.Во зависност од тоа каква била зимата,колку имало снег,во годината колку дождливи денови имало таков ќе биде и притисокот односно количината во време.Како што имало кај нас и сушен период добро е и што толку тече бидејки ако ја знаеш чешмата пред Шишевски манстир кај Матка таа неколку пати беше секната додека кај оваа само беше драстично намален притисокот.
 
Јас пијам од пластика. Најекономично и најдобро за парите е 6л од Изворска - 52 денари. Исто така за кафематот, за бебето, за бокалот за топла вода и за стерилизација на шишињата во микробранова исклучиво купена. За се друго од чешма. Пред 5 години кога го реновирав станот, сменив комплет инсталација, сепак главните линии се стари, има што да се види во тие цевки. Доволно е од време на време да ја одвртите решетката на врвот од чешмата, се може да се најде.
За бактериолошкиот состав не коментирам зошто не правам хемиски анализи, сепак купив мерач за честици во водата (од Алиекспресс) и можам да ви кажам неколку резултати.
Роса - 36 ppm
Изворска и Ладна - 45 ppm
Пелистерка - 99 ppm
Од чешма - 166 ppm
Јана - 220 ppm (мислам дека беше)
Аква Вива - 298 ppm
Во електричниот бокал во кој греам вода неколку пати во денот, доколку се користи вода од чешма, секоја недела треба да се чисти од бигор. Со купечкиве и после месец дена е чист
Дали си ја тестирал Евина?

Мене најлесни за пиење ми се Ладна и Евина.
Од негазираните тешка за пиење ми е Горска, па после Визиана, а од газираните онаа Божица ми е потврда и од чешмовачата.
 
Никој нема филтер за вода? Стајте си бе..... :). Јас работам во фирма и ги монтирам. Светска работа. Од видата од водовод добиваш прочистена вода што на ТДС покажува просек 30 ппм. Слична на росата. Системот се вика реверзна осмоза. Мозе и да се збогатува плус со минерали. Нема ич бигор.
 
Дали си ја тестирал Евина?
Мене најлесни за пиење ми се Ладна и Евина.
Од негазираните тешка за пиење ми е Горска, па после Визиана, а од газираните онаа Божица ми е потврда и од чешмовачата.
...Пелагонка е мој избор, што мислиш за неа?
 
Не сум ја пробал оваа, ја немам ни приметено во маркетиве, од каде ја земаш?

Ја има во Кипер Маркетите.Иначе во врска со темата.Полнам вода еднаш во две недели имам од овие по 10 литри едно 10 бокала и идам во Патишка Река и понекогаш во село Љуботен има две природни чешми од кој полнам вода.Има голема разлика со оваа од нашиве чешми по становите.Чичко ми на времето и во Охис ги имаше овие од природниве чешми на тестирање и испадна дека се многу многу поквалитетни се за разлика од нашиве по дома.
 
Дали си ја тестирал Евина?

Мене најлесни за пиење ми се Ладна и Евина.
Од негазираните тешка за пиење ми е Горска, па после Визиана, а од газираните онаа Божица ми е потврда и од чешмовачата.
Евината не се сеќавам дека сум ја тестирал. Не е проблем да ја проверам деновиве.
Пелагонка немам видено во мојот град (сепак сум Источно).
Тестирањата и коментарите се однесуваат само на негазирана вода.
Пред некое време се нудеше кај нас некоја Гермина ли како и да беше, тешка катастрофа од вода. Пари да ми дават не може да ја пијам.
Знам многу луѓе кој монтираа филтри или користат бокал со филтри, но има еден проблем што треба да се менуваат филтри и плус при крај на времето за менување може да се појави мирис од филтрите. (сепак немам лично искуство).
Генерално 6л дневно трошам (машинка за кафе, пиење, стерилизација на бебешки ствари...).
Сумата не ми е проблем, малку ми е глупо тоа што стално ги фрлам шишињата (поточно ги оставаме до контењери и од таму си ги собираат луѓе), бидејќи нема селекција на отпад.
 
Ако ја тестираш Евина, те молам пиши резултат.
 
Ако ја тестираш Евина, те молам пиши резултат.

Не би очекувал добар резултат. Ја имавме еднаш на работа и буквално бели партали имаше низ водата (се работи за пластична боца за диспанзер). По убедување со овластеното лице (ако веруваш требаше убедување) ја смени истата. Потоа дознавме дека на сомнителен начин ги полнат боците за диспанзери за вода.
 
Дали си ја тестирал Евина?

Мене најлесни за пиење ми се Ладна и Евина.
Од негазираните тешка за пиење ми е Горска, па после Визиана, а од газираните онаа Божица ми е потврда и од чешмовачата.
+1, Евина со Изворска ми се број 1, Ладна ми е исто океј.
Пелистерка не ја можам.
@ahil ај тесирај ја Евина и пиши.
 
Нaпoлнете вoдa вo плaстичнo шише и oстaвете јa дa стoи месец двa кaкo oние oд прoдaвницa и пoсле спoредете ги.Ке приметите кoлку е умирисaнa и грoзнa тaa сaми штo сте јa пoлнеле и пoсле зaмислете штo и стaвaaт кaкви се не aдитиви нa купечкaтa зa дa издржи дoдекa дa се прoдaде.Извoрскa вoдa дa aли директнo дa јa пиеш a не стoенa,пoлнетa и трaнспoртирaнa.
 
Твоето шише може да не е добро затворено, а и пред да наполниш во него имало разни микро организми.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom