Ги предупредувам мажите кои што се редовни муштерии во некој од големите супермаркети во Скопје да внимаваат. Еве за што се работи...
Минатиот месец бев жртва на вешта измама додека бев на шопинг. Едноставно, купувањето намирници ми се претвори во доста трауматично искуство. Немојте да бидете наивни и да мислите дека ова нема да ви се случи вам или на вашите пријатели.
Еве како функционира измамата:
Две згодни девојки ти се приближуваат до колата, додека ја товараш со кесите од супермаркетот. Двете почнуваат да ти ја бришат шофершајбната со крпа и прашак, додека нивните гради само што не испаднале од минијатурни маички. Не е возможно да не зјапаш.
Кога ќе им се заблагодариш и ќе им понудиш да им платиш, тие ќе те одбијат и наместо тоа ќе побараат од тебе да ги одвезеш до следниот супермаркет. Откако ќе се сложиш, двете седнуваат на задното седиште. По пат, почнуваат да се соблекуваат. Тогаш една од нив се прекачува напред на предното седиште и почнува да ползи по тебе, додека во исто време другата ти го краде новчаникот.
Мене ме ограбија во Јуни на 5-ти, 12-ти, 19-ти, два пати на 21-ви, 24-ти, 25-ти и 26-ти. Исто така во Јули на 1-ви, 4-ти, два пати на 8-ми, 10-ти, 11-ти, 12-ти, и во понеделникот 3 пати и многу, многу веројатно повторно следниов викенд.
Па Ве молам да го препратите ова до вашите пријатели за да не нае*ат и они како нае*ав јас.
П.С. И за крај една важна информација: Новчаниците во супермаркетите се 150 денари.