Внимавајте: Крадење на каса

Член од
21 септември 2011
Мислења
703
Поени од реакции
2.089
Од 1.000 грешки во враќањето на кусурот, јас сум убеден дека 997 се ненамерни. Затоа проверувајте си го кусурот и нема да имате никаков проблем, без разлика дали грешката била ненамерна или случајна.
Потполно си во право. (y)

А верувам дека од тие 997 ненамерни грешки 10% се враќање на вишок на кусур ама тоа никој не го пријавува...боли само кога ќе ни вратат помалку и за тоа сме спремни и да се затепаме иако како што кажа тоа е најчесто ненамерна грешка
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Во Тинекс имаа други трикови порано, од типот на една цена на рафт а друга на каса. На пример гледаш дека на рафт е 56 денари а ти наплаќа после 60 денари.

Татко ми во земја ќе ги набиеше неколку пати пробаа на ваква финта да го украдат на купени голем број пијалоци :pos: ама изгледа опаметени се зошто одамна немам начекано вакво нешто да се случи повторно.
Мене ми се случи во неделата, во Тинекс во Битола. Се работеше за 4 денари, а и веќе бев заминат, па ми беше мака да се враќам, инаку ќе имаше циркузи. Не за друго, од инает.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Ми се има десено, да ми вратат повеќе 100тче, 50че. Сум имал среќа можеби, до сега ми украле не повеќе од 5 денари, 2 пати максимално.
 
Член од
7 февруари 2005
Мислења
688
Поени од реакции
76
ЈАс една намерна случка да ви раскажам...
Купувам дезодоранс Нивеа 155 денари, пења за коса 100 денари и леб 29 денари..Касиерката му прави на лебот бип на дезодорансот бип бип, а пената за коса ја става директно во ќесе.Јас гледам демек во новчаникот а под око ја пратам што прави и неможе јас сметката сум ја направил од дома она да ме прави матув неписмен да неможам да пресметам оти неможе да е повеќе од 300 денари...Тука жалање на шефот и ја избркаа од работа.......
И пазете се многу крадат и да имало камери и да нема, посебно ако сте газда на некоја продавница дуќан никако оставање сами, не ти помагаат ни камери ни снимки ништо
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Вработените по маркети/кафичи не се банкомати. Вие сте тие шо давате пари и треба да ги преброите. Понекогаш се случува ненамерна грешка на вработениот, затоа што не е робот и се дешава да утне у враќање кусур. Вие треба да реагирате. А претпоставувам дека поголемиот број од вас ко ќе ви вратат поише кусур си се смешкате под брк и едвај чекате да го напуштите маркетот/кафичот па да идете да си се почастите нешо со парите.
Мене ми се десило да ми вратат помалце кусур ненамерно и сум се вратила да си ја исправат грешката без никакви сцени и набедување дека некој ме краде. Исто ми се десило и да ми вратат поише кусур и одма прашувам дали сакаат да ме почастат или ќе се пребројат уште еднаш. Не за друго, туку знам дека на крај вработениот го јаде од претпоставениот па ќе треба неколку дена да 'рмба за без пари.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300
Ја коа работам на каса 1000-та што ми ја даваат да наплатат ја оставам на видно место, па еднаш пребројувам, ја вадам фискалната и пред муштеријата уште еднаш на глас му ги бројам парите.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Нема шанси за ова да ме излажат, пошто уште пред да дојдам на каса удирам математика колку пари треба да им дадам, и колку е кусурот.

Инаку, се обиделе многупати, почнувајќи од тезгаџии на пазар, па се до маркетиве. За разлика од Анчо, кој не сакаше да пише имиња, јас ќе пишам: Тедико и Тинекс. Првиве еднаш чоколадо украдоа, го водеа како наплатено, а касиерката си го скри под каса. Вториве се шампиони за лажни цени, една на рафт, а на каса друга, многу повисока. Исто, Тинекс ми има прокнижено една иста роба двапати!

Не ги жалам ич, бидејќи ако пресметаме од колку многу луѓе крадат во текот на месецот, слободно вадат уште една плата плус.

П.С. И се забележува кога е навистина ненамерно, а кога на најдрзок начин се обидува да те прави будала в лице, камоли да ти се извини. Ако ви се деси тоа, барајте го менаџерот и да видите како веднаш ќе ја "исправат грешката".
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Мене исто ми се деси во еден маркет еднаш, но пошо имаше камери, а јас инсистирав дека и дадов 1000ка проверија и се уверија. Сепак мислам дека беше ненамерно. :)
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
885
Поени од реакции
408
Зависи од каде купувате.

И јас мислев ненамерно првиот пат,вториот пат ми стана сумљиво али трети пут ми стана јасно.

Имам зборувано со една постара жена што работи во еден маркет на каса и самата си призна дека од тоа си вадат заработка "бакшиш".

Еден поинаков пример:

Баш пред некој ден доаѓам на бензиска и си чекам на ред,човеков пред мене му рече за 2 илјадарчиња и работников си пуни потоа завршува и одеднаш човеков почна да го пцуе и му вели на работников "Добро бе точно знам колку ќе се напуни резерваров до толку ли ви дојде да крадете ако кажам 2 илјадарки толку да ставите ни 5 денари помалку" дури отиде на каса и се караше таму. Потоа си доаѓам јас на ред си чекам и работников ми стави гориво што крадел од човеков за 300 денари гратис си добив.

Така да деца кај и да купувате бројте си го кусурот.

И ќе завршам со цитат на владината реклама:

"Ах оваа прекрасна Македонија"
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Во Тинекс имаа други трикови порано, од типот на една цена на рафт а друга на каса. На пример гледаш дека на рафт е 56 денари а ти наплаќа после 60 денари.

Татко ми во земја ќе ги набиеше неколку пати пробаа на ваква финта да го украдат на купени голем број пијалоци :pos: ама изгледа опаметени се зошто одамна немам начекано вакво нешто да се случи повторно.
Сега изгледа во други Тинекси ја работат таа ‘процедура‘ :sneaky:
 
Член од
6 март 2013
Мислења
59
Поени од реакции
41
Еееее сум крадел и јас од каса....ама Робин Худ стил, не од муштериите туку од газдите, мме капиталистичко!!! :)


Заш бе да не го крадиш газдата? Некое копиле преку ноќ ми станал "газда" и сега ај мене душата ќе ми ја вади за 400 денари,(демек тој е нешто повеќе од мене) а остај то што тој во една вечер прави по 200 илјади минимум. Па уште тој ќе ти кажува ова вака било не така било а кутриот појма си нема, незнае ајнцирон како се држи ќе ми кажвел како да го носам. А да е некој фер газда, што нема на секое да ми нагласува дека тој е газдата и дека е напаметен и бла бла бла, може да се поштеди од такви инциденти :D.
 

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
така е! Power to the people! :)
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Во маркет не ми е чудно да ме крадат, ама мајка ми двапати имаат пробано во Комерцијална банка. Таа оди подава 100 евра и вели да и ги сменат во денари, да пуштат 1500 ден кај мене на сметка и другите да и ги исплатат, паметниот на шалтер ги пушта парите кај мене на сметка(1500) и на мајка ми и дава 4000(+нешто ситно 100и нешто денари) сите во банкноти по 500 ден, притоа мајка ми видела дека оставил од парите 500 на масата пред него, таа ги брои без да се тргне од шалтер и му вели недостигаат уште 500 и тој ладнокрвно ги зема парите од маса и и ги дава. Не добила никакво извинување за ''грешката''. Ова и се случува и друг пат само не знам со колку пари беше, исто така и други луѓе се имаат пожалено од истиот на шалтер(бидејќи е мала банка со два шалтера - мал град). Има среќа што не одам често таму па да проба и со мене, ќе го обере бостанот. Замислете што може да прави со пензионери, постари лица со пензија од 25000 денари и повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom