Внимавајте: Крадење на каса

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Насловов 3 пати го прочитав Крадење на коса.И си викам WTF???

:pos:
Не сум била само јас значи. :pos:

Бог да чува сте значи. Се нешто вас ве крадат. Најак момент е „кога ќе им се вратев за четирите денари“. Родени за правење драми и малтретирање луѓе. А да ги изброиш парите на каса ти требаат две секунди.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.027
Поени од реакции
36.812
Пошо секојдневно работам со пари и можам да кажам дека многу пати ми се случило да не вратам кусур како што треба ама ништо намерно и потоа ја исправаме грешката.
Не сите намерно го праат тоа ама тие што го праат се за ќотек и тоа со палка,ептен е покварено така.

А сеа има доста покварени и од другата страна па баш пред некоја недела на шалтер се избаци еден и по фаца му се познаваше дека е наркоманче и ми дае 1000рче а имаше уплатено за 100тче и сеа му враќам кусур една 500ка и четири 100тки и у меѓувреме ги средував другите пари ама фрлив поглед накај него и дечкото многу вешто со едната рака го бута 500тчето у џеб и ми вели : Абе другар ти не си ми вратил кусур ко што треба...

И ја земав ги преброив касите 3 пати и глеам точно и му викам дека е грешка а башка и баш за таа ситуација бев сигурен дека вратив кусур пошо неколку пати ги броев парите.
И почна да галами педерчето и колешкава понуди да ги вратиме камерите ама педерчево ваљда мислеше дека не работат и се согласи онака најнормално.
Па зиаме ја враќаме камерата и убаво се глеа дека си ги пика парите у џеб и се праи на три ипол и на крај коа виде дека нема шанси да му успее планот ми вика:
- Дечко ај нема везе ама да знаеш грешка си.

Пази сеа,кој у денешно време така ќе ти опрости 500тче ако не си му вратил?

Поентата ми беше дека не секогаш е намерно кога нема да ни вратат кусур бидејќи и мене ми се случувале такви ненамерни грешки а исто така да потенцирам дека и од другата страна има покварени педерчиња.
 
M

Muranyi

Гостин
Не,они не крадат,они грешат во пресметката.Само што никогаш не згрешиле да ти вратат повеќе пари,мамето нивно лоповско.
Ми се случува често да се обидат да ми украдат од кусурот,последен пат ми се случи во T-mobile кога плаќав сметка,пред две недели.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не,они не крадат,они грешат во пресметката.Само што никогаш не згрешиле да ти вратат повеќе пари,мамето нивно лоповско.
Ми се случува често да се обидат да ми украдат од кусурот,последен пат ми се случи во T-mobile кога плаќав сметка,пред две недели.
Има,,, има,,,
Мене повеќе пати ми се случило да ми вратат повеќе или да не ми откуцаат нешто.
Секогаш им ги враќам парите. Грев ми е да некого оштетам, посебно што продавачите се сиромашни
 
M

Muranyi

Гостин
Има,,, има,,,
Мене повеќе пати ми се случило да ми вратат повеќе или да не ми откуцаат нешто.
Секогаш им ги враќам парите. Грев ми е да некого оштетам, посебно што продавачите се сиромашни
Во ред,се случуваат ненамерни грешки,не велам дека не,но мене лично сепак никогаш не ми се случило да ми вратат поголем износ од тоа што ми следува.Затоа е впечатокот дека во најголем дел се работи за "намерна" грешка.
Поздрав за чесноста,бидејќи навистина е реткост во денешно време.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Ова работниците на каса го прават кога претходно влегле во минус. За да надокнади за тоа што на некого пред тебе вратил повеќе кусур, тебе ќе те оштети.

Пред една недела, во Мек Доналдс во Србија, Биг Мек оброк кој чини 5 евра, јас и давам точно 5 евра, он ми враќа 5 евра... o_O

И ги вратив пошто имав уште пари у мене, да немав ќе си ја заебев.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Све зависи од тој/таа што куца на каса, зашто иако знае дека е во право дека му вратил точно кусур он одма ќе признае дека е грешка негова и ќе му врати кусур повеќе.
Зашто со такви паметни муштерии никој не може и секогаш муштеријата е во право:rolleyes:
Иначе мене ми се има неколку пати случено да ми вратат помалку кусур ама не било некоја поголема сума(50ден) она што е најважното дека тоа беше во T-home,тоа е кога мора да се вработуваат луѓе според рамковен договор,што не знае ниту името да ти го прочита како што треба.
Е добро сите викате дека ви враќале помалку кусур а да ве прашам дали ви е убаво кога пример сметката вие 451 а давате 500 и ви враќа 50ден кусур а???Тогаш е убаво а ако ви ја раситни цела 50-ка за еден денар тогаш одма викате леле таму се лопови никогаш више не пазарувам таму итн??
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
уф мене веќе трети пат ме крадат во Тинекс на првомајска.И тоа замислете се една иста госпоѓа.Секогаш кога доаѓам од работа одам да купувам во Тинекс.Инаку мене не ми беа згрешиле со кусур туку ми беа наплатени двапати дупло производи,а едниот пат ако добро се сеќавам ми беше допишала нешто сосема трето.Гледам некако многу ми испадна а само 5 работи купив.Кога доаѓам дома гледам плус шпагети во сметката :)т.е 127 денари и дупла работа уште нешто.Буквално ме олесни женичкава за околу 180 денари.Првиот пат инаку ме беше помалку средила.за некои си 50-60 денари.Али нели арамија си е арамија и третиот пат отидов и купив една работа која чинеше 19 денари.И дадов 20 денари и денар не добив.Се направив наудрен и и викам сметката ако може,а она ми вика цитирам "eх ја фрлив веќе" без нималку доза на срам.Ех си викам и јас најдов со арамии да си имам работа.Одтогаш кога ќе ја видам на каса бегам и си чекам на друга каса иако има уште тројца луѓе пред мене.:)Си реков ако веќе има четврти пат,барем да не биде од истата касиерка:D
 

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Насловов 3 пати го прочитав Крадење на коса.И си викам WTF???
:pos:
Jaс си помислив дека нешто има со крадење на каса, дека може касата да ни ја украдат или нешто со сефови по банкиве си поврзав. :pos:

Инаку до сега не ми се десило, најчесто јас кога сум во брзање или расеан, заборавам да си земам кусур и скоро секогаш ме викаат, дури и испаѓаат од дуканот ако брзам.
...Сега па бед ми е си мислам во колку дуќани не го направиле тоа и си го зеле мојот кусур... :tapp:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
ако купувам повеќе работи секогаш си одам во еден ист маркет и таму ако дадам 1000че, кусур секогаш на глас ми враќаат. ги става парите на видно место и после на глас брои.
а и плус јас сум си од дома подготвен од прилика колку би ме коштало.
а инаку во трафичиња или дуќанчиња мали, можеби по 5 или 10 денари максимум да ми зеле, за повеќе фала богу сум немал проблем.
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Идам у Аптека и викам дај ми лента парацетамол,лента Ц витамин и една кутија медицински јаглен.Девојчево ги пика у кеса и ми вика 475 денари.Викам зашто толку,колку пари е јагленот? А оваа мислејки дека иам температура или незнам шо си мислеше па ај ке ме коља,вика јагленот е 180 денари,викам без него и куца таму нешто штрака вика 89денари.Викам абе не ти е срам што пробуеш да ме украдеш? Ама ја не,грешка нешто овде...
У тинекс на каса пуна количка оваа само куца ја пикам по кеси и на крај откако платив стално глеам сметка и шо ке видам,5 пати куцана газоза од 1,5л и тоа не едно по друго него помеѓу 5-6 артикли да не се примети а ја земав 2.
У Веро кај фрижидерите,викам од оваа салама толку,сече ја пакува и на налепницата глеам цена 120 денара место 90,а стално зимам од истата салама иста грамажа и знам колку е цената. Искуцала друга салама поскапа.Или највеќе ме нервира,викам 200 грама,сече до кај 170г става на вага и досечуе уште и ги праи 230 грама и вика може? демек и отишло несакајки.Е сеа коа сум расположен ги враќам а коа ме мрзи викам ај ок.Мрзам шо се праат мутави.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.457
Поени од реакции
5.873
Не знам дали е обид за кражба или ненамерна грешка: Куцање на еден производ два пати или пак сосем друг производ кој ти го немаш у кеса.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.
Член од
9 мај 2011
Мислења
278
Поени од реакции
65
Во една продавница кај мене у маало ми светеа со тоа плавата сијаличка на илјадарката да видат дали е вистинска. CMON! people.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom