И добро што има тука лошо?Во една продавница кај мене у маало ми светеа со тоа плавата сијаличка на илјадарката да видат дали е вистинска. CMON! people.
Ама ако влезе инспектор, не смее во каса да има минус/плус од ниту еден денар. За денар може да казнат. Затоа вака чудно ми е, па според муабетиве на темава, у Тинекс да дојде инспекција, ќе го јадат наголемо.Бог да чува сте значи. Се нешто вас ве крадат. Најак момент е „кога ќе им се вратев за четирите денари“. Родени за правење драми и малтретирање луѓе. А да ги изброиш парите на каса ти требаат две секунди.
Сакаш да кажеш дека смее да го казни некој Тодоровиќ? )))Леле во темава најмногу од Тинекс се жалите, страв да те фати. Јас до сега сум немала проблем во Тинекс. Додуша и во Скопје не пазарам, а вие ваљда од тој се жалите.
Немам некое негативно искуство со вакви ствари. Еднаш во Ања (или во Картел), келнерот ми врати 100 ден. помалку, и му реков, ама веќе ги имав ставено парите во новчаник и ко за беља во новчаник сум имала стоденарка уште пред да платам, и испадна дека во новчаник имам точен кусур. Ама мислам дека стварно беше несакајчи, се збуни кутриот.
Следнава случка не е крадење, ама тоа е кога ставаат неписмени на каса. На Автобуска, во една од тие продавничките, и давам на едно девојче 200 денари, да ми стави кредит. Става на погрешен број и не знае да врати назад. И викам изволте сметката, вратете ми ги парите. Ма какви. Ептен ми беше криво за ова. Па добро мајкуму стара ако не знаеш да ракуваш со тоа апаратчето, ич немој.
И уште нешто. Баш пред некој ден на свекрвава и се деси. Купува доле цигари и леб. И и нагласила на продавачката лебот да е денешен. И оваа таква "Да, да, денешен е, проверив". И отварам јас дома, лебов никаков. Го гледам рокот, произведен пред 4/5 дена, рокот му завршил вчера. Значи не само што не и дала денешен леб, туку и дала леб со поминат рок. И и слезе свекрвава, и девојчево такво, "Сигурно погрешен леб сте виделе, ама ај утре ќе ви дадам еден леб плус." Е ова било намерно, глава сечам.
--- надополнето: 20 март 2013 во 08:57 ---
И добро што има тука лошо?
--- надополнето: 20 март 2013 во 08:58 ---
Ама ако влезе инспектор, не смее во каса да има минус/плус од ниту еден денар. За денар може да казнат. Затоа вака чудно ми е, па според муабетиве на темава, у Тинекс да дојде инспекција, ќе го јадат наголемо.
Oва ме вознемирува... А забележав многу постови во кој се опишуваат токму случувања во Тинекс.Сакаш да кажеш дека смее да го казни некој Тодоровиќ? )))
Дај бе викај ме кога ќе пазаруваш секогаш да одам позади тебе,да собирам кусур,Инаку до сега не ми се десило, најчесто јас кога сум во брзање или расеан, заборавам да си земам кусур и скоро секогаш ме викаат, дури и испаѓаат од дуканот ако брзам.
...Сега па бед ми е си мислам во колку дуќани не го направиле тоа и си го зеле мојот кусур...
e тој Тинекс таму е најшалабајзерски...од кога ме обвинија неправедно за кражба не им идам никад и секого ќе терам да не купува од таму!Дај бе викај ме кога ќе пазаруваш секогаш да одам позади тебе,да собирам кусур,
ЗА МЕНЕ ( за чоколадце за внуците)
---------
Веќе кога спомнавте имиња т.с.Тинекс, големи арамии се без срам...
Земам само два артикла,лепче нивно и тегла краставички,ми го чука лепчето два пати,
дури дома приметив,но сега пак ќе пазарам неколку пати таму да го потврдам овој лоповлук оорганизиран од нивна страна (Тинекс позади трг.центар Бисер)
Е не ми е јасно тука сега нешто како таа тебе те крадела а не ти го ни наплатила производот,она не те украла тебе туку фактички ради нејзина грешка и расеаност нанела штета на фирмата.ЈАс една намерна случка да ви раскажам...
Купувам дезодоранс Нивеа 155 денари, пења за коса 100 денари и леб 29 денари..Касиерката му прави на лебот бип на дезодорансот бип бип, а пената за коса ја става директно во ќесе.Јас гледам демек во новчаникот а под око ја пратам што прави и неможе јас сметката сум ја направил од дома она да ме прави матув неписмен да неможам да пресметам оти неможе да е повеќе од 300 денари...Тука жалање на шефот и ја избркаа од работа.......
И пазете се многу крадат и да имало камери и да нема, посебно ако сте газда на некоја продавница дуќан никако оставање сами, не ти помагаат ни камери ни снимки ништо
Насловов 3 пати го прочитав Крадење на коса.И си викам WTF???
што не си го викнал шефот, не смее да не ти даде сметка, и си требал да реагираш за денарот. Ако треба ќе ја викнеш со тебе до рафт и ќе покажеш дека има цена од 19 денари.уф мене веќе трети пат ме крадат во Тинекс на првомајска.И тоа замислете се една иста госпоѓа.Секогаш кога доаѓам од работа одам да купувам во Тинекс.Инаку мене не ми беа згрешиле со кусур туку ми беа наплатени двапати дупло производи,а едниот пат ако добро се сеќавам ми беше допишала нешто сосема трето.Гледам некако многу ми испадна а само 5 работи купив.Кога доаѓам дома гледам плус шпагети во сметката т.е 127 денари и дупла работа уште нешто.Буквално ме олесни женичкава за околу 180 денари.Првиот пат инаку ме беше помалку средила.за некои си 50-60 денари.Али нели арамија си е арамија и третиот пат отидов и купив една работа која чинеше 19 денари.И дадов 20 денари и денар не добив.Се направив наудрен и и викам сметката ако може,а она ми вика цитирам "eх ја фрлив веќе" без нималку доза на срам.Ех си викам и јас најдов со арамии да си имам работа.Одтогаш кога ќе ја видам на каса бегам и си чекам на друга каса иако има уште тројца луѓе пред мене.Си реков ако веќе има четврти пат,барем да не биде од истата касиерка
Неможе да не немаат време за да ги сменат цените затоа што промените на цени најчесто се од 07.30 до 08.00часот и плус тоа не работа на тие што куцаат на каса.Тоа е работа на шефот на маркетот или неговиот заменикСе регистрирав на форумов само ради темава. Имам работено во Тинекс и тоа на каса. Што се однесува до цените имате целосно право да се лутите и дури и да ја тужите фирмата. Но не се виновни вработените туку самиот менаџмент зашто не знае да работи. Како прво им фалат луѓе за работа, тие што се на каса брзаат цените да ги сменат па затоа ако имате приметено на касите секогаш има само по една до две касиерки. Прво компијутерски се сменети цените па после вработените трчаат ко луди без глава да ги сменат цените и тука настануваат грешки и затоа после неточни цени. Од што има недостиг на вработени затоа и такви грешки кои муштериите ги плаќаат. Што се однесува до намерното крадење не можам да кажам со сигурност дека нема зашто на крај секој човек за себе одговара, но тој што е на каса не смее ни во минус ни во плус да биде, а грешки се случуваат. Инаку на касиерките им кратат и од така малата плата ако се во минус. Пребројте си ги парите секогаш одма откако ќе ги примите. А ако се во плус може и работно место да изгубат. Инаку тие луѓе таму се толку преоптоварени со работа и смачено им е од третманот на газдите што секако резултира со ниска услужливост кон муштериите. А и да е во плус касиерката нема начин како да ги земе парите зашто точно над неа има камери, зборам за Тинекс и големите маркети како Веро, СП итн, иако имам заприметено дека и малите продавнички сега ова го практикуваат. Значи крадењето не е намерно туку се работи во повеќето случаи за грешка бидејќи да работиш осум саати со пари и да броиш и рачунаш епа мозокот и на најјакиот математичар има да се замори. Следен пат одма на каса бројте ги парите. И ако треба ќе реагирате до шеф ама смирено.
.
Ахахахах ме изнасмеа со тоа дека на шефот била работата да се сменат цените, инаку дирекција на Тинекс започнува со работа во 08.00 часот и кога ќе им текне во текот на денот менуваат цени, а и да сменат цени на едно 400 артикли не е мала работа. нека трчаат после две три и ќе менуваат цени цел саат а муштеријата може да го купи производот во 08.02 минути и ако касиерката не стигнала да ја смени цената ете ти проблем. Капиши што ти зборам? А никад не се случило 20 муштерии да остават по 2 денари, тоа земање просеци и слични други глупости се одвиваат само во вашите глави, се има случено еден,двајца денот да остават 2 денари или 4 денари еве нека бидат, не е тоа страшно, а сега 40 денари , 20 муштерии тоа се глупости, ај мене сега од сите форумџии нека ми дадат по 5 денари да соберам, белким ќе стигнам до илјадаче, тоа никаде го нема. А за правилата се знае кој ги носи, па минусот што јас на пример го правам сигурно нема да оди од џеб на газдата, пошто ако не го платам јас оди помалку промет за него, тој ќе има загуба го купил производот а нема ќар туку зијан, малку логички мисли и се ќе ти биде јасноНеможе да не немаат време за да ги сменат цените затоа што промените на цени најчесто се од 07.30 до 08.00часот и плус тоа не работа на тие што куцаат на каса.Тоа е работа на шефот на маркетот или неговиот заменик
Друга работа велиш дека не смееш да си минус или плус е како еве на пример јас секогаш ситните пари ако се помалку од 5ден ги оставам не ги земам и рачунај 20муштерии да имаш денеска по просек од 2ден што оставале тоа се 40ден и на крај од смена ти иде инспекција и кое е твоето оправдување???
А за ова ако си плус ги даваш парите да се покрие робата што фали а ако си минус да си го платиш од свој џеб стварно не ми е јасно.
Па еве на пример ти од 30дена во месецот излагаш 28дена во плус по просек 50ден тоа се 1400денари а само еднаш да си излезен минус од 500денари ти го плаќаш од свој џеб кј го има тоа?Кој го донесе тој правилник??
ахахаха а бре што те коштале 2 минути да застанеш на страна и да ја провериш сметката? Е друг пат за памет.Ova tediko kaj vlegov ednas u zivot kaj se zapustiv, kupiv nekolku zelencuka ovosje i otkako si otidov vidov deka edna kitka rotkvici (sto e valjda 15/20 denari) mi ja naplatila 77??? a vidov ja deka me fati povekje od sto racunav ama tedikovo bese u aerodrom a jas bev trgnat nakaj gjorche vekje, znaci ubavo si vikaat lugjeto, najdi si bre edno mesto od kaj ke kupuvas a ke bides zadovolen i ne eksperimentiraj.