Влез во Грција со новите услови од мај 2021

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Нови мерки за Божиќ и Нова Година (важат и за вакцинирани и невакцинирани)
Стапуваат на сила во петок 24.12.2021 важат до 3.1.2022

- задолжително носење на маска во затворен и отворен простор (секаде), додека во јавен превоз или во супермаркет/мол задолжително носење исклучиво на KN95 (FFP2) маска.

- сите јавни собирања/прослави кои општините требеше да ги организираат се откажани, со цел да се избегне гужва.

- ЗАДОЛЖИТЕЛНО дополнително двојно тестирање (рапид или ПЦР) по остварениот влез во Грција, вториот и четвртиот ден од датумот на влез (Со вас го носите ПЛФ-от за да се регистрира тестот во систем).

Доколку планирате за Нова Година да бидете во Грција, рапид тестовите можете да ги направите во било која аптека по цена од 5-10€. Доколку сте во Солун, најефтино е во лабараторија Biodiagnosi во центар, по цена од 5€.

 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
Може и две обични маски наместо KN95
со новиве мерки ги жалам тие што ке одат


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Официјално околу новите мерки од Владата на Република Грција (грчките медиуми често не пренесуваат се како што треба), кои стапуваат на сила денеска во 06,00 часот и важат до 03.01.2022 до 06,00 часот, по локално време.

- Задолжително носење на маска на отворен и затворен простор

- Во јавен превоз и супермаркети, задолжително носење на две маски или маска со висока заштита KN-95

- Сите јавни забави се откажани. Божиќните пазари ќе работат нормално.

- Сепак официјално НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО двојното тестирање по остварен влез во Грција, останува САМО КАКО СТРОГА ПРЕПОРАКА да се тестираат туристите дополнително вториот и четвртиот ден од датумот на влез.

ПС Се очекува нов сет на мерки, по 03.01. Има разно, разни шпекулации, но ќе видиме официјално што ќе биде.
 
Последно уредено:

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Поради експлозија на Омикрон сојот во Грција, со вчера новозаразени 21.657 се очекува мерките кои беа планирани да стапат на сила од 03.01-16.01.2022 да стапат на сила од утре (30.12.2021).

Доколку сте планирале дочек на Нова Година во Грција и доколку стапат овие мерки на сила, можеби ќе ги промените плановите.
Практично сите угостителски објекти ќе бидат затворени во 12 на полноќ (се шпекулира дека можно е и до 22 часот да работат), ноќните клубови нема да работат воопшто.

Исто така една од новите мерки е што во угостителски објект е дозволен влез само за лица кои седат (поради дистанца), до 6 лица на една маса, стоењето е забрането.
Наместо само во јавен превоз и супер маркети, сега задолжително е носење на две маски или КН95 маска секаде каде што има поголема концентрација на луѓе. Казните за прекршување на овие мерки се прилично солени.

Денеска после 15 часот, се очекува официјалната изјава од Влада на Р. Грција со што ќе се знаат крајните одлуки.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Официјално донесена е нова министерска одлука, поврзана со горниот пост.

Од утре 30.12.2021 во 06,00 стапуваат на сила следните мерки:
- целосна забрана за работа на ноќни клубови (дискотеки)
- работно време на угостителски објекти до 12 на полноќ
(искучок ќе биде само за дочекот на Нова Година -31.12, кога угостителските објекти ќе работат до 02 часот после полноќ, но без музика и без играње, односно забрането стоење -исклучиво само на маса по 6 лица)
- забрането пуштање на музика во угостителските објекти
- забрана за организирање на приватни забави на јавен и приватен (дома) простор (казните се огромни!)
- ограничено до 6 лица на маса во угостителски објект, стоењето е забрането
- носењето маска на отворен простор останува задолжително (300€ казна за прекршок)
- задолжително дупла маска или KN95 (FFP2) во јавен превоз, супермаркети и секаде каде што има голема концентрација на луѓе. (300€ казна за прекршок)

Останатите донесени мерки, не се однесуваат на туристи, во однос на национализација на приватните клиники, измени во работното време, работа од дома и сл.
 
Последно уредено:

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Официјално донесена е нова министерска одлука, поврзана со горниот пост.

Од утре 30.12.2021 во 06,00 стапуваат на сила следните мерки:
- целосна забрана за работа на ноќни клубови (дискотеки)
- работно време на угостителски објекти до 12 на полноќ
(искучок ќе биде само за дочекот на Нова Година -31.12, кога угостителските објекти ќе работат до 02 часот после полноќ, но без музика и без играње, односно забрането стоење -исклучиво само на маса по 6 лица)
- забрането пуштање на музика во угостителските објекти
- забрана за организирање на приватни забави на јавен и приватен (дома) простор (казните се огромни!)
- ограничено до 6 лица на маса во угостителски објект, стоењето е забрането
- носењето маска на отворен простор останува задолжително (300€ казна за прекршок)
- задолжително дупла маска или KN95 (FFP2) во јавен превоз, супермаркети и секаде каде што има голема концентрација на луѓе. (300€ казна за прекршок)

Останатите донесени мерки, не се однесуваат на туристи, во однос на национализација на приватните клиники, измени во работното време, работа од дома и сл.
Има официјална најава до кога ќе важат новите мерки?
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Има официјална најава до кога ќе важат новите мерки?
Официјално до 17.01.2022 06,00 часот, но ќе видиме. Ситуацијата секој ден е се полоша, така да се очекува дека во меѓувреме ќе бидат предложени и дополнителни нови мерки.
Се зависи од како ќе се одвива бројот на новозаразени.
Излезе сабајлево во службен весник бр. Δ1α/ΓΠ.οικ. 81558 последната министерска одлука, која веќе е на сила.
 
Последно уредено:

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Од 02.01.2022 додадена е една нова мерка во Грција, која се однесува на туристи, можеби на некого ќе му биде од корист и оваа информација.

За влез во хотели и апартмани задолжително е да имате вакцинален сертификат, сертификат за прележан Ковид или негативен рапид/ПЦР тест (што секако би го имале за влез во Грција)

И понатаму е на сила мерката за невакцинирани да мора да поседуваат негативен рапид/ПЦР тест, доколку се возат во меѓуградски превоз.
Доколку патувате со сопствено возило, а патниците не се од иста фамилија задолжително е сите патници во возилото да носат маски. Доколку се работи за членови на една фамилија, не треба маски во кола.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
Последнава мерка никако не утиче на туристите и не е вредна за спомнување зашто секако за влез во Грција мораш да имаш вакцина/тест
на 10јан треба да се укине забраната за задолжителен пср или антигенски тест за вакцинираните


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Последнава мерка никако не утиче на туристите и не е вредна за спомнување зашто секако за влез во Грција мораш да имаш вакцина/тест
на 10јан треба да се укине забраната за задолжителен пср или антигенски тест за вакцинираните


Sent from my iPhone using Tapatalk
Не ја разбираш поентата зошто е сепак важна меркава за оние кои НЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ а?

Невакцинирано лице.
Стигнуваш во Солун седиш 2 дена, после да речеме одиш во Атина и сакаш да се пријавиш во хотел. И?
Или едноставно остануваш некаде на X место (хотел/апартман) во Грција во период од 10 дена, колку ќе ти важи антигенот од МКД со кој си влегол во ГР?
Треба антиген во аптека да направиш за 5-10€ кој ќе има важност од 48 часа за да влезеш во хотелот?
Општо невакцинираниот мора редовно да се тестира за да престојува во хотелот. Тоа е тоа. Затоа и те како "утиче" меркава за невакцинирани. Затоа и ја споменав, бидејќи не сите се вакцинирани, па не е благодарно да споменеш дека НЕ БИЛО ВРЕДНО ЗА СПОМНУВАЊЕ.

За во кола, знаеш колку е казна ако не сте од една фамилија а не носите маски?
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
@TrendS - Се сакам да те прашам, а никако да напишам.
Живееш во Грција или онака пушташ апдејти на темава? :)
Автоматски споено мислење:

@TrendS - Се сакам да те прашам, а никако да напишам.
Живееш во Грција или онака пушташ апдејти на темава? :)
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Продолжени мерките до 24 Јануари, без тест нема влез (Важи и за вакцинирани).
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Така е @^^GoRiLLaZ^^ и оваа уредба (во однос на задолжителен негативен ПЦР/антиген за влез во ГР) ќе продолжи да се обновува се додека не спласне овој голем бран. Инаку воопшто не се ни очекуваше да се укине, напротив се очекува дека и понатаму ќе се продолжува.
Исто како и уредбата за задолжително носење маска на отворен простор и двојна маска односно КН95 во супер маркети и јавен превоз, која требаше да важи до 03.01.2022, ниту за оваа мерка, не се размислуваше за нејзино укинување и сеуште е на сила, и ќе остане на сила се додека не се нормализира ситуацијата во Грција.

Инаку веќе и официјално во однос на важноста на вакциналниот сертификат во Грција
Од 01.02.2022 на сила стапува одлуката, која важи за сите полнолетни лица, односно лицето се смета за вакцинирано 7 месеци од примена втора доза.
По изминати 7 месеци лицето се смета за невакцинирано, доколку не прими трета (бустер) доза со што вакциналниот статус се продолжува засега на неограничен период.
(со последната обнова извршена вчера на сл. весник бр. Δ1α/
ΓΠ.οικ.81558/29.12.2021
страна 273)

Останатите мерки кои се донесоа изминативе денови се однесуваат на дополнителните слеф-тестирања на учениците (од утре започнува второ полугодие), на измени во даноците итн. (апсолутно небитни за туристи)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
Продолжени мерките до 24 Јануари, без тест нема влез (Важи и за вакцинирани).
А од фебруари ке можат само вакцинирани со трета доза или пцр/антиген


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
А од фебруари ке можат само вакцинирани со трета доза или пцр/антиген


Sent from my iPhone using Tapatalk
Не е баш така.
Се додека не се изминати 7 месеци од примена втора доза, сеуште ќе се води лицето како вакцинирано. По изминати седум месеци, мора трета доза за да се водиш како вакциниран.
Screenshot from 2022-01-09 15-49-36.png
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom