Друштво, има цела низа нелогичности (кои ги нема црно на бело) во однос на важноста на сертификатот (7 или 9 месеци) со две дози или прележани (3 или 6 месеци), за слободно движење на странци низ Грција.
Апликацијата
Covid Free GR која се користи секаде во Грција за влез каде што е потребен сертификат, со апдејтот од сабајлево лимитира на 7 месеци.
Конкретно пример, мојот ЕУ сертификат со две дози од јуни месец, каде што се изминати 8 месеци од втора доза, од сабајлево не е валиден.
Се јавив во Грчка амбасада, го поставив ова прашање, ми одговорија дека нема логика штом ви е дозволен влез во Грција 9 месеци од втора доза, да ви бараат тест за да седнете на ручек или да одите во шопинг. Што и навистина нема логика, затоа и се јавив во амбасада.
Одговорот беше дека 7 месеци треба да се однесува само на Грчкото население, не и на странците кои имаат валиден сертификат, признат од ЕУ 9 месеци од примена втора доза.
Но крајниот одговор беше дека немаат прецизно дефиниран став околу ова прашање и дека не би знаеле со сигурност да ми одговорат.
Работата не е за мене, јас имам примено бустер доза и сум без временско ограничување и за граница и за низ Грција. Грчката апликација, нормално го чита активен тој сертификат од трета доза.
Но ме интересираа нелогичностиве, за што во суштина не добив конкретен цврст одговор.
Останува да видиме на дело, односно доколку некој патува со две дози а се изминати 7 месеци од втора доза, нека сподели информација како и дали се движел слободно низ Грција, која секако би била корисна.
Јас не би можел да разберам, бидејќи јас и сите во мое опкружување сме вакцинирани со три дози.