Серпико, нема суд што врз основа САМО и ИСКЛУЧИВО на поврзувањето на ДНК-то на жртвите со убиецот ќе донесе пресуда да се затвори убиецот.
Посебно не во случај кадешто уште и кога почнале убиствата, инспектор заташкал документи. Реков, случајов е почнат заебан, и заврши заебан. Јас на пример сега мислам дека и единствениов доказ (ДНК-то) е наместено. Им требало на МВР да го затворат случајот, бла бла бла... ја знаеш приказната.
Инаку, за пример ќе го земам сајтот на А1 кадешто е објавена веста и има коментари.
Во моментов има 12 коментари. Од нив 7 (седум) бараат одговорност и се запрашуваат (ако не и тврдат) дека "самоубиствово" е наместено.
Бујрум.
осомничениот бил виден во близина на местата каде што се пронајдени телата
Осомничениот по некоја случајност е и новинар. Јебем ти случајност, професија му била тоа. Ако новинар не оди по такви места, Принц од Кондово ли ќе оди? Тоа е веќе сомнително. Новинар, да оди на местото на извршен криминал, не е.
како и фактот дека известувал за сите убиства директно им дало причина на МВР да го стават под 30 дневен притвор додека се евидентираат целосно сите докази.
Реков, новинар бил. Мора некој да известува. И ова ако е единствен доказ, што не ја затвориле Сијка Пиштолова или Дарко Штаргоски? И тие се новинари, известувале за убиствава
„Не ги сторив убиствата“. Ова го пишува во своето проштално писмо кичевскиот новинар Владо Таневски, обвинет за сериски убиства, кој ноќеска си го одзеде животот во притворското одделение на тетовскиот затвор.
Вообичаено луѓето не лажат во прошталните писма, што ги пишуваат пред да се самоубијат.