Владо Таневски - осомничениот за убиствата од Кичево

  • Креатор на темата Креатор на темата Betka
  • Време на започнување Време на започнување
јас ко би знаела дека не сум крива нема шанси да се самоубијам
Ни јас, освен во случај кога веќе јавноста би ме обвинила дека сум убиецот и некој во органите на власта сака да ме прикаже како таков и гледам дека немам друг излез.
Он веќе беше убиецот, виновниот, да речеме и осудениот.
Гледај ги насловите од вестите
Кичевскиот убиец се самоуби
Кичевскиот убиец од денес во затвор во Тетово
Кичевчани згрозени од серискиот убиец
На него веќе му пресудија медиумите, јавноста...
 
Убаво објаснил психијатарот,само заборавил да напомене дека постои уште еден нагон кој е многу посилен од овие два споменати и се вика нагон за преживување.Реков погоре дека кофата со вода само го мати умот кога е поедноставно да се престане да се дише итоа во кревет.:toe:
Можеби ова е знак дека Господ гледа,само некој треба малку да му потпомогне,како во случајот со казната врз оџата кога некои му помогнале на Алах.:)

Научната статистика покажува дека јуни е секогаш месец во кој расте бројот на самоубиствата. На депресивните, оние со нервно растројство, уште повеќе им се намалува нагонот за живот. Воедно се зголемува и агресивноста на луѓето, кај лицата што дигаат рака на себе таа е насочена кон самодеструкција. Кај другите луѓе се зголемува агресивноста кон околината. Статистичко гледано, јуни е и месец кога најмногу избиваат војни - објаснува познатиот психијатар д-р Александар Марцикиќ од „Еуромедика“.

Јас поубаво од Марцикиќ не можам да објаснам за варијациите на нагоните за живот и смрт што си ги носиме секогаш и секаде со нас.
 
Не знам колку сте запознаени ама за првите 2 убиства, имаат осудено други луѓе.Така да се тоа е прикриено од полицијата....мислев на некој ќе му текнит ама...ете ве просветлив:smir:
 
ако гостивар е село за тебе алал да ти е...

инаку тоа со пресумпацијата на невиноста...
уставно да... држи вода... али па нема да се убива за џабе...
јас ко би знаела дека не сум крива нема шанси да се самоубијам

Али би се убила кога би знаела кои мачења те чекаат, се и свашта и кога би знаела дека фактот што само ти знаеш дека си невина нема да ти помогне многу во нашава земја, судство и незнам што каде што правдата многу ретко се спроведува... За жал...
 
Научната статистика покажува дека јуни е секогаш месец во кој расте бројот на самоубиствата. На депресивните, оние со нервно растројство, уште повеќе им се намалува нагонот за живот. Воедно се зголемува и агресивноста на луѓето, кај лицата што дигаат рака на себе таа е насочена кон самодеструкција. Кај другите луѓе се зголемува агресивноста кон околината. Статистичко гледано, јуни е и месец кога најмногу избиваат војни - објаснува познатиот психијатар д-р Александар Марцикиќ од „Еуромедика“.

Јас поубаво од Марцикиќ не можам да објаснам за варијациите на нагоните за живот и смрт што си ги носиме секогаш и секаде со нас.

Во некое место X се разбрало дека оџата “му ја работи“ младата невеста на некој млад зет.Синот се пожалил кај својот татко а овој спокојно и мирно му одговорил дека Алах гледа се и ќе му наплати за таквиот грев доколку навистина го правел.Синот си заминал по малку незадоволен од одговорот на таткаси и продолжил да размислува за освета.По неколку дена оџата паднал од минаре и умрел,а синот задишен повторно дошол кај таткаси да му каже дека Алах навистина му платил на оџата.Таткото онака спокоен како и првиот пат само му одговорил дека и на Алах понекогаш некој треба малку да му помогне.:toe:
 
Ни јас, освен во случај кога веќе јавноста би ме обвинила дека сум убиецот и некој во органите на власта сака да ме прикаже како таков и гледам дека немам друг излез.
Он веќе беше убиецот, виновниот, да речеме и осудениот.
Гледај ги насловите од вестите
Кичевскиот убиец се самоуби
Кичевскиот убиец од денес во затвор во Тетово
Кичевчани згрозени од серискиот убиец
На него веќе му пресудија медиумите, јавноста...

Принц не мешај етикетирање од медиуми со официјални изјави на полиција односно на правосудните органи. Кај нив сигурно е 100% запазена пресумпацијата на невиност.

А за тоа ако сака некој да те намести за убиство и да ти го намести сопственото „самоубиство“ е повеќе од јасно дека е повеќе од возможно и озводливо, инаку има само еден начин каква таква одбрана од тоа да те наместата за убиство, а тоа е да не се вклопуваш во профилот на убиец и психолошки растроен човек, каок и да имаш што е можно повеќе контакти со што е можно повеќе различни луѓе дневно односно многу повеќе да те знаат добро.

Инаку за случајов помири се со фактот дека најверојатно никогаш нема за сигурно да дознаеш дали бил психопат или бил наместен од друг психопат.
 
Целта на муабетот ми беше дека веќе јавноста оформи став и мислење дека тој навистина е убиецот. Јавноста не побара докази, јавноста не сакаше да си ги искористи своите 2 грама ум... јавноста сосема невино и без никакви задни намери отвори тема на форум со наслов "Се самоуби убиецот од Кичевско". Замисли кој притисок е тоа. Затворен си за убиство, и веќе сите тврдат дека си убиецот. Никој не те прашува дали си или не, никој не се ни запрашува себеси логично дали си навистина или не убиецот. Јавноста чита вести - вестите викаат дека си убиецот - ти си убиецот. И планираш на суд да излезеш за да се браниш? Ма не троши пари џабе.
Во сиот овој муабет додај уште малку намерачување од некој од полиција да те прикаже како убиец. Е тек сега можеме да си ги мериме дали навистина човеков се самоубил, и ако е одговорот да, зошто побогу го направил тоа.
Има дупки во случајов и нема никогаш да го прифатам здраво за готово. Со основа нормално. Некој уште на почеток забошотил докази, зошто не би мислел дека и си го продолжил тоа дело, до крај?

Инаку помирен сум со фактот дека најверојатно нема никогаш да дознаам за сигурно дали беше наместен или не, само не сакам лесно да се предадам :)

Патем, не заборавај дека во кофа со вода се удавил.

3df10m_bucket.jpg


Не го украл пиштолот од ноќниот чувар да се упука у мозок, не се обесил со чаршафот, не си брцнал прст у око за да го откорне па да моча во шуплината... се удавил во слична кофа како онаа погоре. Апсурд.
 
Шизофреници се имаат самоубивано со пикање на главата во печка. Зашто не би можело со кофа?:)
 
Затоашто прво кога би ја пикнала главата во печка, димот ќе те зашемети, па веќе натаму не ни знаеш што правиш. Башка што таа смрт е многу пати побрза од оваа. Не заебавај, па под присила можеш да ја испиеш ти сета оваа вода.
Убаво пиша еден пред мене... Изгледа ја испил водата, па се трескал по глава со кофата додека не умрел :tapp:
 
Шизофреници се имаат самоубивано со пикање на главата во печка. Зашто не би можело со кофа?:)

Зошто нагонот за преживување не дозволува да ја задржиш главата во кофа со вода повеќе одколку што е потребно,а во печка тој нагон го дозволува тоа.Зошто на пример не престанал едноставно да дише во кревет.?:toe:
 
Ако веќе е намерно убиен нели ќе беше полесно да измислеа некаков друг вид самоубиство? Кој може да докаже дали е кофа или жилет, шприц и сл. ствари кои лесно се наоѓаат по затворите??? Тогаш немаше да ги мериме тежината на кофата и нивото на водата. :toe: Ќе беше многу поверодостојно за јавноста и полесно за тие кои имале намера да се сокријат позади ова самоубиство.
 
за греота човекот немал кого да убие од навика па сам се убилили го удавиле:drk:
 
Princ...нормално е весниците и телевизиите толку агресивно да известуваат и пишуваат за еден ваков случај...поготово кога имаме вакви сензационалистички весници и ТВ куќи како шо се кај нас...и не е само кај нас случај на овој начин да се пишува и известува за сериски убиства...во цел свет е така...туку друго кажи ми ти мене...зошто обвинетиов новинар откако го уапсија одби да биде застапуван од адвокат и се бранеше со молчење? ... ако навистина не бил крив како шо велиш ти , тогаш немало така да се однесува додека беше во притвор...а јас колку шо се сеќавам тој ништо не кажа...дури не кажа ни дека не е крив...иначе шо се однесува таканареченото самоубиство , премногу е идиотско за да биде навистина самоубиство...не е физички возможно да се изврши самоубиство на таков начин ( ако човекот кој го прави тоа е свесен )...да не се повторувам бидејќи предходно е напишано на неколку постови...не е можно човек во свесна состојба да се удави а поготово не во кофа со вода ( идиотизам пар екселанс )...човечкиот инстинкт за преживување ќе го натера во последен момент да ја извади главата од кофата...е сега...кој и зошто го убил а сака ова да го прикажи како самоубиство е друга работа...шо се однесува до мене мислам дека тој е навистина убиецот на трите жени без разлика дека тоа не се докажа на суд
 
ако навистина не бил крив како шо велиш ти , тогаш немало така да се однесува додека беше во притвор...а јас колку шо се сеќавам тој ништо не кажа...дури не кажа ни дека не е крив...
„Не ги сторив убиствата“. Ова го пишува во своето проштално писмо кичевскиот новинар Владо Таневски, обвинет за сериски убиства, кој ноќеска си го одзеде животот во притворското одделение на тетовскиот затвор.
:smir:
 
принц ако тргнам по стапките на лазе радески овде во охридов ќе те барам да ме браниш на суд...:vozbud::vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom