Владо Таневски - осомничениот за убиствата од Кичево

P

Princ

Гостин
Би требало истрагата да оди до крај и да се излезе со непобитни докази за убиецот.
Без разлика што се самоубил. За да нема дамки на случајот.
Искрено...чим МВР излегува со ДНК...изгледа дека тој бил.
Ова ми се допаѓа, непобитни докази, макар што се удавил во чаша вода. Кофа де, сеедно.
Овој случај има сомнителен почеток (инспектор криел/уништил докази за првото(?) убиство) па се до неговото сомнително самоубиство, значи до самиот крај.
Потребно е да се изврши истрага, и непобитни докази дека човеков, како и да се викаше, бил виновен. Јас не тврдам дека е невин, но пред да бидам раат со почетокот/течението/крајот на случајов, да се синхронизираат сите три делови, сакам "опиплив" доказ за неговата (не)вина.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498

Како на пример иста ДНК најдена на жртвите и сега веќе “удавениот“?
 
P

Princ

Гостин
Ако тоа е единствениот доказ, слободно Гордана Јанкуловска нека се удави во неговата чаша со ДНК.
Ваљда знаеш дека ваков случај не се брани со еден единствен доказ - најдена е иста ДНК кај жртвите и убиецот.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
A како се брани Принц? Видео материјал?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ако тоа е единствениот доказ, слободно Гордана Јанкуловска нека се удави во неговата чаша со ДНК.
Ваљда знаеш дека ваков случај не се брани со еден единствен доказ - најдена е иста ДНК кај жртвите и убиецот.
Ај поинаку формулирано, најдена е ДНК од убиецот на жртвите. Поточно ДНК на осомничениот.

Вуду магија? Не баш.

И сигурно дека сите наоди како на пример дека осомничениот бил виден во близина на местата каде што се пронајдени телата, како и фактот дека известувал за сите убиства директно им дало причина на МВР да го стават под 30 дневен притвор додека се евидентираат целосно сите докази.

Да додам уште нешто, ЗАШТО се самоубил?
Поради срамот ли, поради неподносливите 30 дена во притвор? Тоа нормален стабилен човек не ќе да е.

Ај малце логика.
 
P

Princ

Гостин
Серпико, нема суд што врз основа САМО и ИСКЛУЧИВО на поврзувањето на ДНК-то на жртвите со убиецот ќе донесе пресуда да се затвори убиецот.
Посебно не во случај кадешто уште и кога почнале убиствата, инспектор заташкал документи. Реков, случајов е почнат заебан, и заврши заебан. Јас на пример сега мислам дека и единствениов доказ (ДНК-то) е наместено. Им требало на МВР да го затворат случајот, бла бла бла... ја знаеш приказната.

Инаку, за пример ќе го земам сајтот на А1 кадешто е објавена веста и има коментари.
Во моментов има 12 коментари. Од нив 7 (седум) бараат одговорност и се запрашуваат (ако не и тврдат) дека "самоубиствово" е наместено.
Бујрум.

осомничениот бил виден во близина на местата каде што се пронајдени телата
Осомничениот по некоја случајност е и новинар. Јебем ти случајност, професија му била тоа. Ако новинар не оди по такви места, Принц од Кондово ли ќе оди? Тоа е веќе сомнително. Новинар, да оди на местото на извршен криминал, не е.

како и фактот дека известувал за сите убиства директно им дало причина на МВР да го стават под 30 дневен притвор додека се евидентираат целосно сите докази.
Реков, новинар бил. Мора некој да известува. И ова ако е единствен доказ, што не ја затвориле Сијка Пиштолова или Дарко Штаргоски? И тие се новинари, известувале за убиствава :)

„Не ги сторив убиствата“. Ова го пишува во своето проштално писмо кичевскиот новинар Владо Таневски, обвинет за сериски убиства, кој ноќеска си го одзеде животот во притворското одделение на тетовскиот затвор.
Вообичаено луѓето не лажат во прошталните писма, што ги пишуваат пред да се самоубијат.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Се надевам не си адвокат по професија Принц.:smir: Тешко лебот би го вадел.

Со овие конспирацииве за некој што се самоубил од нелогични причини не држи вода.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Хмммм.... Самоубиство во кофа со вода... Само ако ја испил целата вода на екс и после се удирал со кофата по глава...

Колку и да сакаш да се самоубиеш, рефлексот не ти дозволува да се само-задавиш. "Нешто е труло во државата Данска."
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
За мене е мртов :baeh:

100% е тој :kesa: Го има обесено татко му на 20 години и има лежено 5 години во затвор. Добар пријател беше со дедо ми. Него овој човек требаше да биде осуден за на електрична столица, ама шит што имаме закон за забрана на осуда на смрт. Ебати монструмот!
За ова ништо не кажаа на ТВ.

Ама не кажаа ни за охридскиот серијалец кој лежел две години во затвор за кражба на пари, а на ТВ беше претставен како мирен и семеен човек.
 
Член од
17 август 2006
Мислења
1.531
Поени од реакции
123
Moze kako novinar otkril nesto so ne treba da se otkrie za pokrupnite "zverki" pa da go zamolcat go namestile so ova.Zas mislim glupo e cuek da se udae u kofa so voda OMG mozele nekako popametno da go ubijat a ne u kofa so voda
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192

Толку им сечел “бољерот“,што знаат тие што е нагон за преживување кој секогаш надоаѓа несопирливо пред смртта,инаку сите самоубиства немало да се случуваат толку несопирливо,ќе биде едноставно,жртвите само ќе си престануваат да дишат,а ние ќе читаме извештаи од типот:
-Тој и тој,или таа и таа,престана да дише синоќа во толку и толку часот сам/а,во сопствениот дом на толку и толку годишна возраст.:toe:
 
Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Ти бе од кое село си што мислиш дека Кичево има само две улици ?
ако гостивар е село за тебе алал да ти е...

инаку тоа со пресумпацијата на невиноста...
уставно да... држи вода... али па нема да се убива за џабе...
јас ко би знаела дека не сум крива нема шанси да се самоубијам
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Хмммм.... Самоубиство во кофа со вода... Само ако ја испил целата вода на екс и после се удирал со кофата по глава...

Колку и да сакаш да се самоубиеш, рефлексот не ти дозволува да се само-задавиш. "Нешто е труло во државата Данска."
Овој момент го објасни прееска на вестите на канал 5 психијатарот/ психологот Новотни мислам се викаше. Кажа дека самоубиство, иако не е својствено за убијци, сепак е можно во моментите кога ќе се освестат за она што го направиле и за штетата која ја нанеле. Некревањето на главата од кофата го објасни со моментот на самоагресија (самоуништување) или нагон на танатос, кој постои во секој човек покрај нагонот на ерос. Секој од нас си го носи овој нагон, само кај некои се активира под различни околности и е одлучувачки за самоуништување.
Мене, лаички, ако е ова вистина ми личи дека се работи за подвоена личност.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
he....stanuva zanimlivo...zosto e premnogu bizarno i bez nikakva fantazija...
...vo sekoj slucaj ne smeelo da se dopusti moznost za samoutepanstvo ili neznam sto...
...uste eden "neobjasniv slucaj".... mnogu gi ima veke.....
...najnormalno e da se pomisli na dubara.....i deka nekoj POKRUPEN se pokriva ????
Da ne izleze kako so Jack the Ripper...."lordovskata" vistina na videlo po vek i kusur...??? :)
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Овој момент го објасни прееска на вестите на канал 5 психијатарот/ психологот Новотни мислам се викаше. Кажа дека самоубиство, иако не е својствено за убијци, сепак е можно во моментите кога ќе се освестат за она што го направиле и за штетата која ја нанеле. Некревањето на главата од кофата го објасни со моментот на самоагресија (самоуништување) или нагон на танатос, кој постои во секој човек покрај нагонот на ерос. Секој од нас си го носи овој нагон, само кај некои се активира под различни околности и е одлучувачки за самоуништување.
Мене, лаички, ако е ова вистина ми личи дека се работи за подвоена личност.
Убаво објаснил психијатарот,само заборавил да напомене дека постои уште еден нагон кој е многу посилен од овие два споменати и се вика нагон за преживување.Реков погоре дека кофата со вода само го мати умот кога е поедноставно да се престане да се дише итоа во кревет.:toe:
Можеби ова е знак дека Господ гледа,само некој треба малку да му потпомогне,како во случајот со казната врз оџата кога некои му помогнале на Алах.:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom