Ви се случила некоја натприродна работа?

Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
А можеби се работи за имитативен магиски ритуал во кој претпоставената комшика се ослободила од короната на тој начин што во хомеопатски стил ја фрлила во ѓубре. Можеби никогаш нема да дознаеме.

Влашката магија е супер. Прво е многу економична, не бара којзнае какви ресурси. Затоа е и наречена влашка магија. Второ нема неуспешен, сиромашен Влав, а ако има, тоа е затоа што не ја применува влашката магија.

За тоа дали има или нема предзнак и колку е тој добар или лош, најлесно може да се дознае преку проучување на утробата на детето на комшиката. Ако комшиката нема дете, или тоа по некоја случајност не е достапно, тогаш втора опција е нејзиното куче. Постапката е крајно едноставна. Просто се отвара со остар предмет стомакот и градниот кош и се анализира неговата содржина и распоред, т.е. дали сите органи се на број, дали се во правилна позиција, дали се здрави и слично. Ако е се' во ред, тогаш е О.К. и нема причина за грижа (освен ако не се заинтересираат органите на законот, но сепак ќе падне голем камен од срце, кога ќе се дознае дека комшиката не правела магии и други сатанско-демонски ритуали).
Правиш огромна грешка, колега. Хомеопатите го земаат шишето „Korona", го полнат со вода, земаат болен од COVID-19 за да се искашла во шишето, па го раствараат тоа во 1000 шишиња „Korona", наполнети со вода, а после пијат од истата (10 mL).

Впрочем, твојата метода на вршење харуспекс е застарена форма на магиска пракса. Влашката магија е попотентна и побогата (зема, а и заштедува, поголема количина на есенција од етерот).
Јас строго препорачувам произволна количина на семки (од око) од Datura, 5 g. psilocybin cubensis (сушени) и произволна количина на Amanita muscaria (превриена) да се измешаат и да се растворат во пола литар вода која ќе се испие.
Кога ќе му се јави привидението (после саат време), брзо треба да вдише запалена смеса од 0.5 g чанга измешана со 0.5 g. Salvia divionorum!

Тогаш со сигурност ќе знае дали тоа е лош предзнак или му се сочинило!
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Сум го пишал еднаш ама ај пак...тоа беше негде пред 10 год. Бев кај едно другарче на ракија, стомаклија памтам убаво. Утепавме една флаша и + уште по нешто додека гореа наг чампа стапчиња и рокаше tech house.
Некако влегов у кола :D ....пијан, ама не стуб. Ми се примоча на сред пат и излегов од кола и додека мочав не знам што ѓавол ме натера да гледам во ѕвезди.
Она што го видов малку ми е проблем да го опишам....замислете една светлосна топка да се движи по страни на рамностран триаголник толку брзо што остава трага како ласерски зрак во форма на триаголникот. Пола секунда и го снема.....а посакав да видам у тој момент нешто на небо :)
Иначе сум многу скептичен кон такви ствари и привиденија, и е едина ствар што сум ја видел што не можам да си ја објаснам.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Сум го пишал еднаш ама ај уште пак...тоа беше негде пред 10 год. Бев кај едно другарче на ракија, стомаклија памтам убаво. Утепавме една флаша и + уште по нешто додека гореа наг чампа стапчиња и рокаше tech house.
Некако влегов у кола :D ....пијан, ама не стуб. Ми се примоча на сред пат и излегов од кола и додека мочав не знам што ѓавол ме натера да гледам во ѕвезди.
Она што го видов малку ми е проблем да го опишам....замислете една светлосна топка да се движи по страни на рамностран триаголник толку брзо што остава трага како ласерски зрак во форма на триаголникот. Пола секунда и го снема.....а посакав да видам у тој момент нешто на небо :)
Иначе сум многу скептичен кон такви ствари и привиденија, и е едина ствар што сум ја видел што не можам да си ја објаснам.
Ракијата велат дека има психоделични особини (посебно кога е измешана со ејсид!). Во такви ситуации, метеорите добиваат некои непоимливи форми и траектории на движење!

Шала на страна, ако не те шиба јака конфабулација (а мислам дека те шиба), можда си сведочел некој неидентификуван објект.
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Правиш огромна грешка, колега. Хомеопатите го земаат шишето „Korona", го полнат со вода, земаат болен од COVID-19 за да се искашла во шишето, па го раствараат тоа во 1000 шишиња „Korona", наполнети со вода, а после пијат од истата (10 mL).

Впрочем, твојата метода на вршење харуспекс е застарена форма на магиска пракса. Влашката магија е попотентна и побогата (зема, а и заштедува, поголема количина на есенција од етерот).
Јас строго препорачувам произволна количина на семки (од око) од Datura, 5 g. psilocybin cubensis (сушени) и произволна количина на Amanita muscaria (превриена) да се измешаат и да се растворат во пола литар вода која ќе се испие.
Кога ќе му се јави привидението (после саат време), брзо треба да вдише запалена смеса од 0.5 g чанга измешана со 0.5 g. Salvia divionorum!

Тогаш со сигурност ќе знае дали тоа е лош предзнак или му се сочинило!
Ама јас токму и на тоа целев колега. Дека во шишето сигурно имало најмало можно присуство на корона вирус, кое потоа било конзумирано па фрлено во ѓубре. Инаку хомеопатијата е добра работа и кога јас би бил на власт во државава би наложил народов да добива и хомеопатско лечење и хомеопатски плати.

Датурата е добра, но зошто наместо тие сушени печурки да не се користат фунги од Југот.
Многу хирурзи можат нешто да научат од харуспиките.

Иначе, да не ги запоставуваме ни птиците и пораките кои тие секојдневно, но за жал безуспешно, се обидуваат да ни ги пренесат. Безброј гулаби и чавки на секое пуштаат разни абери, но оваа древна уметност и вештина (аугурска, чинам) е одамна заборавена. Како и да е ако те посере орел е добар знак, ама ако пушти желка одозгора тоа е лош омен (тоа прекасно го дознал Ајсхил).
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Ракијата велат дека има психоделични особини (посебно кога е измешана со ејсид!). Во такви ситуации, метеорите добиваат некои непоимливи форми и траектории на движење!

Шала на страна, ако не те шиба јака конфабулација (а мислам дека те шиба), можда си сведочел некој неидентификуван објект.
Абе пијан бев тоа е факт и нема никад да бидам сигурен дали стварно сум го видел тоа или не. Уствари нешто ми вика дека веројатноста тоа да се десило е 1:милијарда :D
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Иначе, да не ги запоставуваме ни птиците и пораките кои тие секојдневно, но за жал безуспешно, се обидуваат да ни ги пренесат. Безброј гулаби и чавки на секое пуштаат разни абери, но оваа древна уметност и вештина (аугурска, чинам) е одамна заборавена. Како и да е ако те посере орел е добар знак, ама ако пушти желка одозгора тоа е лош омен (тоа прекасно го дознал Ајсхил).
Мене пред некој ден ме нападнаа гаврани. Прво мислев дека поминувам покрај некое гнездо, ама забележав дека траекториите на нападите беа синхронизирани во комплексни геометриски форми асоцирани со фракталната геометрија. Како хајф мајнд, во нивното колективно несвесно е да се распоредуваат во конфигурација која имитира определен настан можен во алтернативните исходи на реалноста, сето тоа објаснето со квантната физика. 1 час подоцна, добив понуда за работа која вклучува обработка на медицински канабис (канабисот исто така предизвикува визии ако пукнеш појака доза од потентен хибрид)! Случајност? Не мислам така...
Луѓето се многу самоуверени во нивното спознание на стварноста и не разбираат дека тоа што го знаеме за реалноста е 0.000000001 % од сѐ што постои. Народната мудрост (тоа со орловата фецесманција) не е за потценување. Старите знаеле. Поради ароганцијата на младите, сега, на пример, сите ја игнорираат промајата. И ради тоа има нови кластери на COVID-19 во Македонија.
Абе пијан бев тоа е факт и нема никад да бидам сигурен дали стварно сум го видел тоа или не. Уствари нешто ми вика дека веројатноста тоа да се десило е 1:милијарда :D
И мене ми се дешавале слични моменти, дури и на трезно. Прво ми изгледало кул, па сум раскажуел по луѓе (сум додавал, одземал малку, свесно или несвесно, со цел да биде покул), но кога ќе сум подразмислел, не било ништо посебно.
Али многу НЛО не се само муабет, стварно се неидентификувани. Тоа е нормално и океј. Проблематичен е скокот на многумина кои тоа го интерпретираат како „вонземјани“ бидејќи тој наратив им е интересен. Само затоа што не знаеме нешто и не сме го идентификувале, не значи дека се вонземјани, може да постојат други алтернативни објаснувања. Секако, не значи ни дека не се, само немаме никакви докази за тоа. Според мене, вонземјани веројатно постојат (има математики за ова), но нажалост (или за среќа!) не сме имале контакт со истите. Според некои пресметки, тоа можеби ќе биде реалност за неколку декади.
 
Тоа не биле гаврани, можда биле врани. Од она што ми кажувале, мада не сум проверил, гавраните да ти биле баеги интелигентни птици и сигурно би ти се обратиле, односно би се впуштиле во вербална комуникација со тебе и фино би ти образложиле во што е проблемот.
Го заприметив линкот, нешто е точно, нешто не е (не разбирам баш француски) но пишав и пак ќе пишам (на македонски) дека кога орел те гаѓа со желка не е на арно работата.
 
Ова е типична расна дискриминација кон враните. За помалку од ова се случуваат цивилни војни!
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Ова е типична расна дискриминација кон враните. За помалку од ова се случуваат цивилни војни!
Добро, некогаш сакаме нештата да се подобри отколку што навистина се. Еден мој, инаку доста близок и доста бистар пријател, долго ме убедуваше дека неговото куче разбира што тој му зборува (од збор до збор). И сите аргумент од моја страна, можеби недоволно издржани, којзнае, не беа прифатени. Демек, кучето разбира, ама не може да ти одговори, пошто, нели, нема соодветна анатомија потребна за човечки, артикулиран говор. Колку и да е преценета птицава, сепак е побистра од тигрица или скраја да е од гугутка.

Враните се океј, али гавраните се цареви. Си стојам на зборот. Немаше Один да се заебава со два гаврана, и По да пее песни за гавранот, ако враните беа толку ненадјебиви. Али едно им признавам, ако се појави гавран одма му се сипаат десет врани, како да се вози у 60-ка попладне.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Според мене, вонземјани веројатно постојат (има математики за ова), но нажалост (или за среќа!) не сме имале контакт со истите. Според некои пресметки, тоа можеби ќе биде реалност за неколку декади.
Не би бил сигурен дека сме немале контакт во минатото, сега дека немаме и уствари не сме ние некој резултат на истите.
Едноставно постојат едно чудо информации кои се можеби поединечно објасниви, ама вака групно што знам. Потребно е некој со многу разбирање од статистика да ги обработи и да искочи со веројатности. Верувам дека сплетот на околности и резултатот од истите е скоро неверојатен....ова околу појавата на човекот на планетаава.
Ако го спојам тоа со моето лично искуство и разбирањето на животот од моја субјективна перспектива тогаш не се ни сомневам у заклучоците, кои во основа се некоја комбинација на верување и знаење(посредно и непосредно). Нешто што до сега не сум видел некој да го обработи од филозофска или било каква друга страна.....ама тоа е крајно субјективно, и нема простор за дебата, или и да има многу е тешко да се разбереме.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Језива ствар ми се деси пред неколку дена, имам веќе пишано дека ми се дешаваат слипинг парализис, али ова беше ептен надреално :D Муфљузов мал (син ми кој има годинка и 3 месеца) стана негде накај 2 по полноќ и нормално ја станав да го глеам пошто не спие и сеа шета низ станов.. И све е тоа ок али на мене ми се спие ми се плаче, и сеа идеме у дневна, он си игра со магнетите за на фрижидер ко по обичај а ја тука на 2-3 метра од него на троседот седнат и со лактот потпрен на нога а главата потпрена на раката, и де ми се затвараат очите де ќе се освестам, ко едно време ме фати кризава со парализава, не можев да мрднам ама буквално све го гледав малиов што прави, абе се нервирам си викам дај пушти ме беља да не направи детево, можда добри 30-40 секунди парализиран бев ама го глеав детево, оно сирото си играше со магнетите... Многу ми беше језив доживљај..
1. Сенка
2. Banshee
Кога купиле нова куќа во Скопје, баба ми и дедо ми немале деца... Дедото беше трговец и постојано на пат, бабата секое утро се будела со лузни. Прабаба ми влаинка и рекла да почади со 9 работи во платно.
Три дена почадувала и ги мачкала вратите, прозорците и околу оџак со сол и лук.. на трагата вечер слушала викање, а на сон и излегува маж каде ја колни.
Се будела кај 3 наутро и во дворот гледала сенка на маж. Кога се вратил дедото, нормално не верувал. Но кога ископале кај што стоела сенката пронашле плочи и коски...
Мислам дека ги дадоа коските за да ги закопаат а куќата е продадена... Сега има зграда. Ова беше 1954/5
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Moжда не треба вака да се пишува, како што праите вие двајца, пошто ова е тема за тие кои веруваат во такви ствари и неќу некој да не напише искуство, само заради тоа што може да биде исмеван. Мене ме интересираат такви ствари и сакам да прочитам такви искуства.
 
Не треба во ниту една тема да се подјебаваме за луѓето да може опуштено да си пишат... Ко таа за криминалците у Македонија, политичките збиднувања поради вмешувањето на Дип Стејт, опасностите од ГМО, 5G и сл.
Ама ја мислам дека некои од тие што ќе се срамат, ќе помислат да истражат на интернет (од срам и желба да дознаат), па евентуално ќе стигнат до
http://skepdic.com/ и ќе се едуцираат.

Плус, и покрај заебанциите, ние ко скептици сме овде да ја понудиме и другата алтернатива која е спротивна на верувањата дека флаша Корона е лош предзнак, па да балансираме... Со мала нота на хумор... :D
 
Ја сум скептик да ти кажам право кон овие заклучоци на скептициве.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom