Што ти прави карантинот... во 5 дена ја прочитав ЦЕЛА тема и во глобала на повеќето што им се десило нешто “надприродно“ е парализата во сон.... но, тоа е нешто веќе научно докажано и конкретно мене ми се има случено многу пати... најчесто кога наредниот ден ме чека некој важна работа (испит на факултет, потоа некој важен состанок на работа или некое службено патување со многу рано будење), сум под голем стрес и спијам под штрек и тогаш најчесто имам парализа во сон... првиот пат ми беше многу страв, ама со тек на време се навикнав и кога ќе ми се деси (а ми се дешава доста често)...
Првиот пат ми се деси како студент... цел семестар имав предавања попладне и пред 10 не бев станат никогаш... моите од 7 почнуваат да се спремаат за на работа, а и брат ми кога беше 1ва смена на школо излегуваше и тој со нив... имам доста лесен сон и буквално секое сабајле се будев и јас, па презаспивав откако ќе излзат, уште 2 саати сон... и едно утро, ми се деси парализа во сон... ги слушнав и се разбудив прво додека моите и брат ми се спремаа, цело време бев свесен, ги слушав што зборат и кога ја заклучија влезната врата и конечно реков ќе до спијам... и едно време буквално исто како во сите наведени случки, лежев на стомак и осетив некоја тежина над мене, не можам воопшто да помрдам ниту еден дел од телото, пробувам да викам, но не можам глас да испуштам... а тоа што најмногу ме уплаши е дека слушам чекори и некои гласови, а свесен сум дека немам никој дома, зашто слушнав кога вратата се заклучи... не траеше долго, веднаш се разбудив и бев многу уплашен, прогуглав на интеренет и прочитав доста и научно докажаната теорија и таа дека ме давеле демони, со оглед на чекорите кои ги слушнав, почнав да верувам во второто... и вечерта кога се вратив до факс, им јас расакажувам случката на моите и ја открив “мистеријата“ на чекорите и гласовите... татко ми си го заборавил телефонот дома, му требаат 15тина минути да го однесе брат ми до школо и да се врати дома да го земе од спална телефонот, а мојата соба е пред спалната и се слуша крцкањето на паркетот, а потоа имал пропуштен повик и веднаш се јавил од каде беа и гласовите... Потоа ми се деси уште многу пати и веќе не обрнувам внимание, оставам самата да помине, па или веднаш презаспивам или се будам....
И уште една интересна случка, поврзана или со астрална проекција или полу сон... исто на факс, предавања после 2, а утрото горе-долу иста дешавка како претходно... заминуваат сите по своите обврски, јас имам уште некој час да поспијам... едно време станувам од кревет и одам према прозорот да отворам на кип и да ја дигнам ролетната, арно ама станувам и не сум свесен дали е сон или јаве... тука “губам свест“ по некое време се наоѓам легнат на кревет и сеуште се прашувам за претходната случка, но не обрнав многу внимание, тргнав према кујна да пијам вода (прва работа кога се будам 2 чаши вода), стигам до фрижидерот, пијам вода, седнувам во дневна, уклучувам ТВ (тогаш Александар Блажевски почна на Сител да води дневен ред и ми беа интересни дебатите на пензионерите, а посебно Александар како се нервираше со нив, па гледав ако се разбудев порано) и седам така на гарнитура, ама цело време го имам истото чувство како претходно, дали е сон или јаве? дали сум разбуден? По некоја секудна откако помислив на ова “губам свест“ и наредно се најдов во мојот кревет, со отворен прозор на кип, дигната ролетна, не сум воопшто жеден, одам во дневна, на ТВ дневен ред, телефонот со батерија 100% ми е на маса (а секогаш го имам со мене и навечер го полнам на наткасната до кревет)... само пак ќе кажам, не ми е јасно дали се работи за астрална проекција или како кога ќе се разбудиме во полу сон и правиме некои работи, па утрото или не се сеќаваме на нив или како низ магла... па можеби и јас сум станал еднаш да отворам прозор и ролетна, па втор пат да се напијам вода, да пуштам ТВ и да поседам во дневна...