Јас да ви кажам што се случи, вие најдете ми логично објаснување. Имено, добивам итен повик од жена која штотуку се всели во старечки дом, не ѝ било добро. Отварам врата кај неа дома и гледам човек истрча во дневната соба. Изигнорирав, си викам роднина ѝ е на посета на жената и влегов кај неа во спална. Жената лежеше на кревет и имаше паничен напад. Небитно. Ја прашувам кој ѝ е на гости, вика никој. Како никој? Со кого си дома? Со мачорот. Не ѝ верувам. Ја смирувам и викам ајде да го најдеме мачето(видела крв на него и се исплашила), излегуваме од спалната соба и се наоѓаме во претсобјето, тука имам целосен увид на кујната, нема никој. Се упатуваме во дневна, нема жива душа во станот освен мачорот. Мачорот беше во ред и немаше никаква крв на него.
Пукајте! Што видов?