Чудно ми е оти толку ми се спие, порано не ми текнуваше за спиење преку ден, а сега заспивам, порано си легнував во 2, 3 сабајле, сега 22:00 во кревет сум
а друго шо ми е чудно, ми се случува секое утро, точно во 04:30 се будам, онака исплашен, 5 минути се мачам да заспијам, а слично е и тоа дека една минута пред да ми се активира алармот јас се будам, го земам телфонот за да го исклучам алармот, оти како шо се вели, секунда пред да ѕвони јас се будам.
Ова погоре не е ништо посебно, ама од оваа сега стварно ќе се наежите, вистина е приказната:
Татко ми пред 5 години беше многу болен и го правеа операција, лежеше во болница околу еден месец, па првиот пат кога отидов да го посетам ми се случи нешто многу чудно ... дедо ми, он почина пред десет години, во тој период многу го сонував оти како мал бев многу приврзан со него, и онака стално мислев на него во тој период ... па влегувам во дворот на болницата, слушам чекори зад мене, видов старец, ама не го забележив убаво ... и како јас забрзувам, така и он по мене, се исплашив ... и кога во еден момент ме фаќа за рамо, јас се завртувам и се збунив, ќе паднев во несвест ... старецот ко да му е брат близнак на починатиот ми дедо ... иста лика, исти глас ... и ме прашува: Чие дете си ти и што бараш во болницата?
Лелееее ... му одговорив дека татко ми е во болница, па идам да го посетам, па овој ми рече да не се секирам, оти се ќе биде во ред и дали оти бев исплашен истрчав нагоре и не се завртев назад ... бев уплашен како никогаш досега, ко дедо ми да го видов пред мене како ми зборува.