JeCILaDy
Move Away
- Член од
- 18 април 2006
- Мислења
- 2.350
- Поени од реакции
- 22
Ова се случи пред некоја вечер, ко беше хуманитарниот концерт во Битола, со ѕвездите од македонската естрада...Се договаравме со другарка ми да одиме и ние на концертот, ама та заспа, се разбуди во 21, а тогаш почнуваше концертот. Излеговме дури во 22, па ни беше глупо да одиме ко веќе е почнат концертот и се шеткавме на Широк Сокак. Ојдовме, јадевме сладолед, и после си купивме по една порција од мини крофните. Немаше смисла да ги јадиме по корзо и ојдовме во паркот. Е сеа, ( за тие шо не знат ), паркот во Битола се наоѓа после Широк Сокак, како шеталиште е, и има клупи по крајот. Прво се сендвичарите, после натаму само клупи, па се до Олимписки Базен и ресторанот „Император”. После сендвичарите, се врти лево, се слегва долу по неколку скалички. Одма после скаличките, се наоѓа дискотеката Колонија, кај шо се одржваше концертот. Направо, се наоѓа дискотеката Зодијак и детскиот парк. После детскиот парк се наоѓаат патеките за трчање. Патеките за трчање се во паралела со клупите шо се наоѓат на шеталиштето до Императот. ( Мислам дека отприлика добивте некаква слика за то како изгледа местото. ) Во детскиот парк има крлешки, клацкалки и клупи. Има една фонтана и чешма, од која секогаш пиеме вода. Беше негде после 00, со другарка ми пиевме вода од та чешма. Во детскиот парк немаше ама баш никој, а обично седат луѓе на клупите. Се напивме вода, се мајтапевме, се прскавме и тргнавме кон Широк Сокак. Од фонтаната до Колонија ( кај шо имаше гужва ) нема ни цели две минути бавно одење. И како шо си праевме муабет, слушаме звук, како шо крцкат крлешките ко ќе се крла некој. Се вртиме назад, нема никој. Ама баш никој. Темница беше. Нема ниедна светилка. Се погледнавме и тргнавме да си одиме. Пак истиот звук. Пак се вртиме, нема никој.( Инаку, во паркот има многу високи дрва, некој немат лисја, гранките му се сечени до негде и изгледат ептен морничаво) Таман почнавме да одиме, другарка ми ме трга за рака, ми вика:
- Чоек, онде на дрвото има некој. Застанавме.
- На кое дрво бе?
- На она бе. И ми покажва со прст. Ја удрив по рака.
- Научи се да не покажваш со прст, кажи ми на кое дрво.
Ми го покажа дрвото, не видов ништо. Му свикав:
- Ајде да бегаме. Продолживме со одење и пак ме трга за рака.
- Види сенка се преметна околу дрвото. Ме облеа ладна пот, ме полазија морници и се наежив цела. Не можев да издржам од страв, иако не видов ништо, ја тргнав за рака и набрзинка заминавме. Се вмешавме меѓу гужвата. Ја видов другарка ми, беше цела пребледена. ме зачуди, пошто та не се плаши толку. Си помислив едно време, да не ме ремети нешто, да си игра со мене, оти знај дека јас сум страшливка. Ја препрашав милион пати:
- Чупе, да не си играш со мене, да ме плашиш ?
- Не бе чоек, ако беше мајтап ќе ти кажев. Освен то, не знам како би го објаснале звукот од крлешките, ко никој не се крлаше. Немаше никој. Прошетавме уште малку, и си ојдовме дома.
Вчера вечерта, со друга другарка бевме излезени, и ојдовме да пиеме вода на чешма во детскиот парк. Овојпат, имаше многу луѓе. Сите клупи беа зафатени, се слушаја полно гласој...Како некоја блесава се вртев на сите страни да не видам нешто...Другарка ми ме препраша милион пати шо ми е...Не знаев како да му објаснам. Се напивме вода, се беше океј. Исто и на враќање, се вртев на сите страни...Ми беше страв...
Не знам да објаснам шо беше то...Ама шо и да беше, добро ме исплаши.