Влегува в море да се капи една германка, авион. Плива, плива и едно време почнува да се дави.
-Хелфе, хелфе...-почнала да се дери на цел глас.
Се исправува еден американец, грамада, две на две во плеќите, билдериште невидено. Скокнува во морето плива, плива и на 10 метри пред германката се дави.
-Хелфе, хелфе...-продолжила да вика германката.
Се исправува еден русин огромен, прав хермелин, просто може да го изеди американецот за ручек. Скока в море, плива, плива и на 5 м пред германката се дави.
-Хелфе, хелфе...
Се исправува Климе наш, едно слабо, подгрбавено, кожа и коски, абе сенката не му се познава. Скока в море и... и одма се дави.