Перо решил да се прошета во еден убав летен ден со синот во парк. Ама таму што ќе види девојки еден куп разголени убавици.
Перо си вика кај го земав синов со мене. Се шета така и неможејќи да издржи му се испушта :
Тууууууу, види пи.ка даааа. Синов го случнал и му вика : Тато што рече. Ништо сине, реков птичка.
А каде има птичка тато?
На гранката сине.
А каква птичка е тато?
Канаринец сине.
А каква птичка е канаринецот тато?
Жолта со црвени крила.
А зошто и се црвени крилата?
Затоа што јаде стоногалки.
А стварно стоногалките имаат сто нозе?
Не сине отприлика 100 немаат точно 100.
А тато, колку е тоа отприлика?
И во тој момент Перо се изнервирал и му одговорил:
ПИ.КА РЕКОВ СИНЕ ПИ.КАAAAAAA !!!!
Од дневникот на една плавуша !
14 март
УРАААААА. ЈЕССС.ЈЕСССС.ЈЕССССС
Конечно можам да си ја возам колата, а инструкторот цело време да не ми повторува:
"ПАЗИ!, Возиш контра, пази ПЕШАААК! И слични глупости. Јас стварно не разбирам како можев да го трпам цели две години да ми збори?
8 април
У ауто школата денес правеа журка, за мојата возачка.
Инструкторите беа навистина возбудени. Еден од нив дури ни призна дека бил во црква и оставил прилог за мене. На другиот му засолзија очите иако не сакаше да го приметиме, а колегата до него ми се довери дека планира да се начука од среќа. Страшно се љубезни. Срциња се и ги сакам, ама мора да си признаам дека по малку ми е и чудно. Па не е возачката дозвола толку голема ствар за таква радост, а?
14 април
Си купив кола. Црвена. Ама морав одма да им ја оставам у сервисот да го сменат задниот браник. Мислам јбг, па ш`о да праам убацив у рикверц место у прва. Па немам толкаво искуство. Возам само недела дена, хелоооуууу.
16 април
Конечно. Ете јааа. Мојата кола е дома. Толку и се израдував што решив да се провозам одма чим ми ја донесоа. Изгледа и други имаа иста таква идеа, да се провозат за мојата нова кола. Се создаде одма цела колона зад мене. Свиреа на сирените ко улави, бе.... Изгледа беше свадба, па за да им се придружам намалив од 20 на 15 кмч. Знаев дека ќе им се допадне мојата идеа. После тоа не престанаа да свират.
23 април
Комшииве ми се топ. Екстра луѓе. Ставиле огромен натпис ПАЗИ, КОМШИКАТА ВОЗИ!!! И ми дадоа дупло место на паркинг, а на децата им забраниле да играат надвор додека се паркирам. Знам дека не сакаат да ми сметаат додека се паркирам. Стварно се срциња.
30 април
Возачиве позади мене секој ден само ми трубат и ми даваат некакви знаци. Мислам дека е тоа многу љубезно од нивна страна, ама и опасно. Еден тип нешто му збореше, ама ја не можев да го разберам пошто не можев да го најдам тастерот за отворање на стаклото и за малку ќе повредев еден пешак. Среќа негова што возев 15 кмч.
10 мај
Овие возачиве секој ден ми се се почудни луѓе. Не само што ми мафтаат него и ми викаат за време вожња. Ја стварно не разбирам што сакаат, пошто уште не можам бе да го најдам тастерот за отворање на стаклата. Изгледа сакаат да ми дадат некоја информација, пошто еден денес како да го слушнав дека ми викаше: "Иди дома ма, ИДИ ДОМА....!!!" Мислам од кај па он знае дека идам дома. Чудно, нели? Кога ќе го најдам отворачот за прозори ќе ми биде дефинитивно полесно, ќе можам да ги слушнам што ми викаат.
19 мај
Ноќе градов е катастрофа со осветлување. Денес прв пат бев ноќе со кола. Абе цело време морав да ги држам упалени долги светла иначе ништо не се гледа. Изгледа дека и на другиве возачи ништо не им се гледа. Гледам ја одма што упалам дугачки и оние од спротива ги палеа. Само не ми е јасно зошто ми свиреа? Дали така плашат и бркаат мачки и кучиња да не им претрча некое, кој да ги знае. Ма остај ги чудаци.
26 мај
Денес имав сообраќајка. Влегов во кружен тек, ама влегов у шпиц ептен имаше коли. Не сакам да претерувам ама сигурно имаше едно 4 коли. И никако не можев да излезам. Кружев сигурно едно саат време. Мислам, почна да ми се врти од цело тоа кружење и на крај удрив во споменикот во средина на кружниот тек. Мислам дека мора да се ограничи возењето во кружен тек на мах. еден автомобил.
3 јуни
Несреќава ме држи и денес. Отидов да си ја земам колата од сервис и на искачање место да стиснам на кочница ја стиснав на гаста. Удрив у една кола и и ја искршив цела десна страна. И пази која коинциденција бе. Испадан дека тоа беше мојот инструктор.
Колку е добар човекот, немате појма. Јас цело време му викам дека сум јас виновна, а он срце, се кубеше по главата и викаше: "Прости ми Господе, прости ми Господе".