Овен - Во третата недела од овој месец немојте да пружате алишта на балкон...
На женските личности од овој знак им се препорачува да не излегуваат од дома цела втора и трета недела поради опасност од силување. Здравјето без некои поголеми операции. Пазете се од запек. Доколку често поминувате на црвено светло, имате големи шанси да остварите блиска средба со еден униформисан овен. Поволни денови за промена на полот се 15ти и 25ти.
Бик
Како најтврдоглави од сите знаци, овој период не им се препорачува удирање со глава во многу тврди површини. На работа следи унапредување доколку сте доволно паметни и рефлексивни на „брз“ начин да го задоволите шефот. Машките бикови овој период имаат големи шанси да запознаат една Девица доколку отидат во некое забавиште. Поради силните ветрови редовно носете жолта капа со врвки. Поволни денови за бањање во градските фонтани се 10ти и 19ти.
Близнаци
Периодов сте многу импулсивни и сакате на брз начин да ги средите вашите проблеми. Е па не иде така. Месечината ви е во 29тата куќа каде има многу луѓе и гужва и тешко се излегува од неа. Причекајте да излезе па се ќе оди полесно. На љубовен план ќе имате мали недоразбирања со вашите домашни миленичиња. Девојки, во третата недела избегнувајте машки со бели чорапи . Поволни денови за калемење на дрвата пред зграда се 5ти и 17ти во месецот.
Рак
Добро проверете дали ви се сигурни сите осигурачи во вашата куќа. Може да се изненадите во некој момент кога најмалку ќе очекувате да прегорат. На љубовен план ова се вашите најсреќни моменти од вашиот живот. Доколку сте во брак се мисли на моментите со вашата љубовница/љубовник.Пазете се од диви свињи и црвени слонови. Машките треба да избегнуваат јавни куќи со стара градба постои опасност од земјотрес. Поволни денови за одење по голема нужда се 8ми и 11ти.
Лав
На женските припаднички на овој знак не им препорачуваме да се фарбаат плави периодов. Се пушти трач дека „Фитофарм“ го зезнале 12% хидроген оваа серија. Избегнувајте улици со калдрма во првата недела. Машките нека се пазат од гасеници и бубашваби. Играјте лото во втората недела имате големи шанси за добивка доколку ги извлечат вашите броеви. Поволни денови за фрлање на ѓубре од дома се 13 и 24ти во месецов, меѓутоа избегнувајте контејнери родени во знак на Риби.
Девица
Дојде крај на вашата невиност. Вашиот партнер е премногу возбуден од вашето разголено тело на овие жешки температури.Поволни денови за бањање на вашето милениче се среда и ноќта помеѓу сабота и недела. Сторете го тоа, во спротивно постои опасност од буви во голем број. Исечете ги ноктите на нозете. Пазете се од зелени кучиња скитници. Поволни денови за кршење јајца се 2, 4, 22 и 30ти.
Вага
На ваш оригинален начин добро измерете колку шеќер ќе ставите во кафето на вашиот партнер. На работа ве чека возбудлив период полн со бурни настани и патувања. Понесете си стик против муви бидејќи добро знаете дека сте многу осетливи на нив. Намалете ги малку цигарите. Свртете се на алкохолот. Ѕвездите ви се наклонети да запознаете некој рак, затоа гњурете подлабоко кога ќе отидете на море. Поволни денови за добивање мензис за женските и пролив за машките се 7, 13 и 24ти.
Шкорпија
Многу интересен и примамлив период за вас. Ќе дадете отказ од работа, ќе раскинете со партнерот или ќе се разведете доколку сте во брак и ќе избегате далеку каде ќе се вработите не можам да кажам што точно ама главна преокупација ќе ви биде да задоволувате луѓе. Вашите кондури овој период се под влијание на Сатурн, така да постои опасност од жуљање. Избегнувајте да кликате на маусот во првата недела работете со тастатура. Поволен ден доколку сте наумиле да извршите самоубиство е 8ми.
Стрелец
Овој месец сте расположени спасувачки. Ќе спасите три риби од давење и едно врапче како сака да скокне од прозорот од вашата кујна на третиот спрат. Дојде време да почнете да ја пишувате книгата „Зошто си ме мајко родила“ која одамна планирате да ја напишете. Појдете некаде, близу некое мочуриште да се инспирирате. Пазете се од метеори и комети. Поволни денови за проаѓање на црвено без опасност се 12ти и 23ти.
Јарец
Добро време да го зачистите тенкот што ви стои во гаража. Никогаш не се знае какви времиња ќе надојдат. Автобусот со кој се возите овој период е под влијание на Уран, така да ви препорачувам секогаш да се симнувате една станица порано. Женските доколку ги нападне некој манијак ноќно време, немојте да бегате ако манијакот е Водолија може да се претвори во трајна врска. Поволни денови за садење лубеници се 5ти и 21ви .
Водолија
Овој месец постои голема веројатност вашиот саат да откаже проверете ја батеријата. Избегнувајте читање вицови од
www.anhoch.com во втората недела постои опасност да ви прсне желудникот од смеење. Машките нека ги вртат почесто броевите на 0500 постои шанса да го најдат својот животен сопатник. За женските овој период е створен за јадење трули вишни. Поволни денови за фаќање вирус на компјутерот се 17ти и 18ти.
Риби
Веќе 5-та неплатена сметка за вода.Немојте никако да се изложувате на сонце.Проверете дали се е во ред со вашата психа. Машките претставници нека избегнуваат мочање со лева рака, а женските да не какаат напорно. Поволен период за средба со својата "ајкула" на 12-ти а женските нека внимаваат,ова е поволен период да влезат в тавчле. Како и да е, гответе со брилијант.