Вицеви без наслов 2 дел

Член од
18 мај 2008
Мислења
945
Поени од реакции
1.196
Трајче му се жали на Трпета:
- Знаеш ли ти дека жена ми ме изневеруе с'с петла,најде пердуви у кревет!
-Ееее,тој не е ништо,мене жена ми ме изневеруе с'с камион.најде га шофера у мој кревет

:pos:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Еден ден Никола му се пожали на својот прител дека лактот го боли веќе некое време и дека ќе оди да се прегледа на доктор...
Неговиот пријател му понуди алтернативен начин и му рече: "Немој да го правиш тоа. Во моето мало има нова аптека во која има компјутер кој дијагностицира се побрзо и поевтино од доктор. Само треба да ставиш примерок од твојата урина и компјутерот ќе ти направи дијагноза за твојот проблем и ќе ти каже што да направиш во врска со него. И ќе те кошта само 100 денари."
Никола размислил и заклучил дека нема што да изгуби и отишол во аптеката. Го нашол компјутерот, ставил примерок од урината и 100-те денари. Компјутерот започнал да испушта некои чудни звуци и различни светилки почнале да трепкаат. По кратка пауза излегла мало парче хартија на кое имало испечатено: "Имате 'тениски' лакт. Ставете го во топла вода. Избегнете да кревате тешки работи. Ќе ви биде подобро за две недели.".
Покасно таа вечер додека размислувал колку е напредна оваа нова технологија и како ќе ја смени медицината засекогаш, почнал да размислува за тоа дали оваа машина може да биде измамена.
Се одлучил да се проба. Измешал малку вода од домашната чешма, мал примерок од изметот на своето куче и примерок од урината на својата жена и ќерка. За крај како шлаг на сето и мастурбирал на "примерокот".
Се вратил назад во аптеката каде што бил компјутерот, го ставил примерокот и ги ставил 100-те денари за правење на дијагноза. Компјутерот започнал пак да ги прави истите звуци и после некое време излегла следнава порака:
"Водата од чешмата во куќата ти е премногу тврда. Земи омекнувач за вода. Кучето има црви. Набави му витамини. Ќерка ти користи кокаин. Стави ја во клиника за рехабилитација. Сопругата ти е бремена со две женски близнаци. Не се твои. Најди си адвокат. И ако не престаниш да мастурбираш, твојот 'тениски' лакт никогаш нема да ти оздраве".
 

Koko Roko

Oh Mr. Topper!!!!!!
Член од
21 јуни 2010
Мислења
623
Поени од реакции
563
Турист во Охрид нарачал виски. Кога келнерот му ја донел пијачката овој рекол:
- Ве молам, донесете и малку мраз.
А келнерот:
- Аиии, да не сакаш можеби и скии!

 
I

Ivanovska

Гостин
Од дневникот на една плавуша !

14 март
УРАААААА. ЈЕССС.ЈЕСССС.ЈЕССССС
Конечно можам да си ја возам колата, а инструкторот цело време да не ми повторува:

"ПАЗИ!, Возиш контра, пази ПЕШАААК! И слични глупости. Јас стварно не разбирам како можев да го трпам цели две години да ми збори?

16 април
Конечно. Ете јааа. Мојата кола е дома. Толку и се израдував што решив да се провозам одма чим ми ја донесоа. Изгледа и други имаа иста таква идеа, да се провозат за мојата нова кола. Се создаде одма цела колона зад мене. Свиреа на сирените ко улави, бе.... Изгледа беше свадба, па за да им се придружам намалив од 20 на 15 кмч. Знаев дека ќе им се допадне мојата идеа. После тоа не престанаа да свират.
23 април
Комшииве ми се топ. Екстра луѓе. Ставиле огромен натпис ПАЗИ, КОМШИКАТА ВОЗИ!!! И ми дадоа дупло место на паркинг, а на децата им забраниле да играат надвор додека се паркирам. Знам дека не сакаат да ми сметаат додека се паркирам. Стварно се срциња.
30 април
Возачиве позади мене секој ден само ми трубат и ми даваат некакви знаци. Мислам дека е тоа многу љубезно од нивна страна, ама и опасно. Еден тип нешто му збореше, ама ја не можев да го разберам пошто не можев да го најдам тастерот за отворање на стаклото и за малку ќе повредев еден пешак. Среќа негова што возев 15 кмч.
19 мај
Ноќе градов е катастрофа со осветлување. Денес прв пат бев ноќе со кола. Абе цело време морав да ги држам упалени долги светла иначе ништо не се гледа. Изгледа дека и на другиве возачи ништо не им се гледа. Гледам ја одма што упалам дугачки и оние од спротива ги палеа. Само не ми е јасно зошто ми свиреа? Дали така плашат и бркаат мачки и кучиња да не им претрча некое, кој да ги знае. Ма остај ги чудаци.
3 јуни
Несреќава ме држи и денес. Отидов да си ја земам колата од сервис и на искачање место да стиснам на кочница ја стиснав на гаста. Удрив у една кола и и ја искршив цела десна страна. И пази која коинциденција бе. Испадан дека тоа беше мојот инструктор.
Колку е добар човекот, немате појма. Јас цело време му викам дека сум јас виновна, а он срце, се кубеше по главата и викаше: "Прости ми Господе, прости ми Господе".
хахахахахахахахха најјакитеее :pos:
--- надополнето: Jul 22, 2011 2:43 PM ---
Плавуша оди на доктор:
- Докторе помогнете ми, ме касна пчела!
- Ништо страшно, сега ќе намачкам…
- Но како ќе ја фатите. Пчелата сигурно отиде некаде далеку!
- Неее, ќе намачкам на местото каде ве касна.
- Аааа. Во паркот на една клупа.
Докторот налутено:
- Ќе го намачкам тој дел од телото каде ве касна и ќе ви помине!
- Така кажете докторе. Пчелата ме касна на лактот на раката. Уф колку ме боли!
- Која точно?
- Од каде да знам, за мене сите пчели се исти…
:pos:
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.919
Поени од реакции
23.039
Разговараат двајца кувари:
- Откако ке ги испечиш кокошките мораш да и ги иисечиш крилјата!
- А зошто?
- Па, како зошто, може да им избега на гостите, па потоа ти ке бидеш крив.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Убаво: Жена ти е бремена.
Лошо: Во утробата има цели три бебиња.
Многу лошо: Си направил операција за стерилизација. Пред три години.

Убаво: Жена ти не разговара со тебе.
Лошо: Бара развод.
Многу лошо: Таа е адвокат.

Убаво: Ти расте синот.
Лошо: Се мува со соседка ви .
Многу лошо: Ти исто.

Убаво: Син ти поминува много време во неговата соба .
Лошо: Во собата му откриваш скриени порнофилмови.
Многу лошо: Те има на некој од нив .

Убаво: Маж ви најпосле се согласува-доста се толку деца !
Лошо: Не можеш да си ги пронајдеш анти-беби пилулите .
Многу лошо: Ги земала ќерка ти .

Убаво: Твојот маж добро се ориентира во модата.
Лошо: Ти разбираш, дека тајно ти ги пробувал алиштата .
Многу лошо: На него му стојат подобро.

Убаво: Го проведуваш фамозниот разговор за секс со ќерка ти.
Лошо: Таа постојано те прекинува...
Многу лошо: ...и поправа.

Убаво: Син ти излегува на прва средба.
Лошо: Со маж.
Многу лошо:А тоа е твојот дечко .

Убаво: Ќерка ти си наога работа веднаш по завршувањето ,на институтот.
Лошо: Како проститутка.
Многу лошо: Некој од колегите твои и се клиенти.
Ужасно: Таа заработува повеќе од тебе.

Убаво: Читајки го сето ова , ти се смееш.
Лошо: Познаваш луѓе со слични ситуации.
Многу лошо: Ти си еден од нив.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Се оженил некој принц со најубавата девојка во кралството и дошла првата брачна вечер,арно ама принцезата ни дај ни придај...Нејќе да чуе за онаа работа...Принцот уште што не пробал ама џабе брате нема шанси...Си рекол ајде може прва вечер и срамежлива е...Поминала цела година ама истата приказна...Се шутка принцов што да прави и му текнало ќе оди кај вештерката во замокот можа таа ќе најде некое чаре...Оди принцов и кажува што мака си има,го гледа вештеркава се мисли се шутка,брка по книгите,бара нешто и му вика:
- Има лек принче...
- Фала ти господе...
- Ама тешко дека ќе можам да го напрам тој напиток,ми треба еден многу редок реагент...
- Кажувај што треба се ќе направам...(сиромавиот бил напален до коска)...
- Вака види...Преку 7 мориња и 7 океани,на 7 планина има една огромна пештера и во неа има 7 змеја,ама само е еден црвен по боја...Тој змеј ми треба да го убиеш...Ама откако ќе го убиеш од него ќе излезе една злобна мечка...Е сега откако ќе ја убиеш мечката,од неа ќе излезе еден крволочен волк...Кога и волкот ќе биде мртов,треба да ја убиеш и лисицата што ќе излезе...А откако ќе ја убиеш и лисицата е од неа ќе излезе гулаб кој мора бргу да го убиеш оти ќе ти летне и затоа мора бргу да го убиеш...
- Добро...
- Чекај малку...Од гулабот ќе ти излезе еден врабец е во тој врабец има едно јајце,тоа е тоа што ми треба..Јајцето...
И принцот си спрема бродот си тргнува на пат и по едно 3-4 години стасува до пештерата,целиот таков напален вади мечот и се' прави масакар во пештерата,се узнаваат и змееви и се',го зема јајцето и право назад...Се враќа дома по едно 3-4 години и и го носи јајцето на вештерката...
- Еве ти го јајцето,сега направи ми го напитокот...
- Веднаш принче само мора да отстои една година,таков е рецептот...(може да му ја замислите фацата на принцот)...
- Епа добро спреми го,ако не биде ништо во период од една година ќе дојдам по него...
Си заминува принцот и пак ништо цела година...По една година оди кај вештерката и оваа му го дава напитокот со една напомена...
- Слушни ме добро...Вечер ќе припремиш еден бал...Ама на него ќе бидете само ти и принцезата,никој друг...На готвачите ќе им наредиш солените јадења да бидат така по солени,а поблагите да бидат по благи...На трпезата никако вода,во никој случај...Само еден бокал со вино и позади тој бокал ќе го ставиш ова шишенце,ама да е троа подалеку да не може да го докачи од столчето...Откако ќе вечерате од соленото и благото ќе и се припие вода...Бидејќи ќе нема ништо друго освен бокалот,таа ќе се пружи по него...Е тогаш кога ќе го види малото шишенце со напитокот жена како жена,љубопитна ќе се пружи да види што е тоа...Е ти тука мора бргу да реагираш,кога таа ќе се наведне ти право рипаш и ја креваш робата и и го плескаш одзади...
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Во селска црква свештеникот држи проповед и прашува:
- Што се случува со вас, луѓе мои? Пред некој ден одам по патот и во грмушките ги забележав неа и него, малку понатаму ги здогледав неа и неа, а уште понатаму ги видов него и него! Па што е ова, луѓе мои?
Цветко му шепнал на соседот:
- Да идеше уште малу потаму ќе ме сретнеше мене и мене!
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Македонски пратеник го удира камион и трагично загинува. Неговата душа пристигнува во рајот кадешто е пречекана од Св.Петар.

"Добредојде во рајот", му вика Св.Петар. "Пред да се сместеш, изгледа дека имаме проблем. Ние тука имаме процедура кога ни доаѓа некој "големец" како тебе, така да мора да бидеме многу официјални со вас политичарите, и затоа сега не сме сигурни што да правиме со тебе."
"Нема проблем, само пушти ме внатре", му вика политичаров.
"Па, јас би сакал, но имам наредби од "горе". Она што сега ќе го направиме е следново: ќе те пратиме да поминеш еден ден во пеколот и еден ден во рајот, па после тоа можеш да се одлучеш каде сакаш да ја поминеш вечноста."
"Но, навистина. Јас веќе се одлучив сакам да одам во рајот.", вели парламентарецот.
"Жал ми е, но ние тука си имаме наши правила."
И после ова Св.Петар го испраќа до лифт и парламентарецот оди доле, доле, доле во пеколот. Се отвараат вратите од лифтот и тој се наоѓа на средина од зелен голф терен. Во далечината се гледа клубот за голф играчите и пред неа се застанати сите негови стари пријатели и други политичари кои работеле за него.
Сите се многу среќни и во нивната најдобра облека. Се затрчуваат на кај него за да се поздрават, и се потсетуваат на старите добри времиња кога се богателе на сметка на другите луѓе.
Играат една пријателска игра во голф, и вечераат во ресторанот, со кавијар и шампањ.
Истотака, присутен тука е и ѓаволот, кој е многу пријателски тип, и се забавува играјќи со нив и кажувајќи шеги цело време. Сите заедно поминуваат толку добро време, што пред да осети, веќе е време да оди.
Сите го испраќаат со жално срце, и му мавтаат додека лифтот се искачува нагоре.
Лифтот оди нагоре, нагоре, нагоре до рајот каде Св.Петар го очекува и му вели: "Сега е време да се посети рајот".
И така 24 часа поминуваат со парламентарецот кој е во друштво на други добри души, скокајќи од облак на облак, свирејќи на харфа и пеејќи. И овде има супер дружба и пред да свати веќе 24 часа поминале и Св:Петар се враќа и му вели: "Ете така. Помина по еден ден и во рајот и во пеколот. Сега одбери каде сакаш да ја поминеш вечноста."
Парламентарецот се замислува една минута и вели: "Па, порано не би ни помислил на ова, мислам, рајот беше супер немојте да ме разберете грешно, но сепак мислам дека пеколот ќе биде подобар за мене."
И така Св.Петар го испраќа до лифтот и тој оде надоле, надоле до пеколот.
Сега вратите се отвараат и тој се наоѓа на сред јалова земја прекриена со измет и ѓубре.
Ги гледа сите свои пријатели, облечени во наметки, како го собираат ѓубрето додека уште ѓубре паѓа одозгора.
Ѓаволот доаѓа над него и ја става раката над неговото рамо. "Не разбирам", - извикува парламентарецот. "Вчера бев овде и се беше прекрасно, со голф терен, шампањ, кавијар, играње и си поминавме прекрасно време. Сега има само земја - отпад, полна ѓубре и сите мои пријатели изгледаат мизаерно. Што се случи?"
Ѓаволот го погледнува, се насмевнува и му вели : "Вчера имавме кампања... А денес? Ти гласаше!"
 

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Била си некоја чавка, и летнала од поле со марихуана ..
- Мууу! не ..Мее,не бе ..а да да гра,гра,гра ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom