Биле: Муслиман, Христијанин и Евреин. Разговарале чиј бог е поголем и помоќен.
Муслиманот: Одев низ пустина кон Мека, фати песочна бура за малце ќе погинев, затворив очи и се молам на Алах да ми помогне. Отварам очи кога гледам на 100 метри околу мене мирно време а после тие 100 метри бурата продолжува, и така се движам и стигнав до Мека. Ете тоа е големината на Алах!
Христијанинот му одговара: Не е тоа ништо! Пловиме по море, од еднаш страшна морска бура, ќе се удавиме, затварам очи, се молам на Исус, отварам очи што да видам околу мене на 100 метри мирно море, и така јас пополека си стигнав до пристаништето. Ете тоа е големината на Исус.
Евреинот им се смее: Незнаете што е големина, одам јас во Њујорк, ден Сабота, кога здогледувам една црна вреќа, ја отварам што да видам, 2 милиони долари, но неможам да ја земам, Сабота е, празник! Пикам главата во вреќата затварам очи и се молам нa Јахве. Ваѓам главата, отварам очи што да видам, на 100 метри околу мене ЧЕТВРТОК!