Зборуваат Трпе и неговиот директор:
- Шефе јас сум многу позната личност. Сите ме знаат, дури и Обама.
- Абе ај бегај не ме заебавај.
-Ајде ќе одиме во Америка ќе видиш.
Одат во Америка, и Трпе си влегува во белата куќа оде се поздравува со Обама ова -она, а шефот изненаден.
- Шефе ти реков јас... се знам и со Медведев!
- Епа не ти верувам ајде ќе одиме во Русија!
Одат у Русија и истото се случуво... овој шефот се изнервирал веќе...
- Шефе, ако сакаш да одиме кај папата да те запознаам со него?
- Е баш тоа да видам!
И одат таму, ама папата проповедал горе на терасата.
- Еј шефе, остани ти тука јас ќе се качам горе ќе се поздравам со папата.
Оди Трпе горе се поздравува со папата, заедно маваат раце на народот, ова она, и после Трпе се враќа доле и го гледа шефот целиот збунет.
- Шефе што ти е? Ти реков дека се знам со папата..
- Абе арно Трпе.. се уверив, ама еден кинез сега дојде и ме праша кој е тој човек до Трпе.